Голем пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија, превентивно евакуирани две села - Канал 5

Голем пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија, превентивно евакуирани две села

Голем пожар избувна во близина на градот Каристос во јужниот дел на грчкиот остров Евија, превентивно беа евакуирани жителите на две села, а силниот ветер го отежнува гаснењето, јави дописничката на МИА од Атина. 

Голем пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија, превентивно евакуирани две села

Според локалните медиуми од островот, огнената стихија е вон контрола, а ветерот со јачина од над осум Бофори (над 62 километри на час) постојано ја менува насоката на пожарот, но и не дозволува да интервенираат воздушните средства.

Претседателот на заедницата на едно од евакуираните села за грчката новинска агенција АНА-МПА истакнал дека пожарот е многу голем и вон контрола, а во опасност се домови, штали и животни.

Идентични се и сведоштвата за информативниот портал „Евима“ од Евија, на жителите на областа, кои рекле дека се загрозени куќи и сточарски објекти.

Фото: metajaunnews.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

„Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона и го попречуваше нормалното движење во строгиот центар на градот.

Општина Центар продолжува со инспекциски контроли и активности за отстранување на бесправно поставени конструкции и објекти, со цел заштита на јавниот простор и непречено движење на граѓаните.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Ноќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници.

Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Се уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило.

На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување.

Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер