Голем пожар во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина - Канал 5

Голем пожар во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина

Пожарот, околу два часа по избувнувањето е во контрола, огнените јазици достигнуваат и до неколку метри, а неофицијално зафатени се и куќи во ретко населениот дел во областа Варнава.

Голем пожар во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина

Во тек е голем пожар во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, што поради силниот ветер брзо се прошири, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени неколку пораки за евакуација на жителите на населените места што се во близина, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот, околу два часа по избувнувањето е во контрола, огнените јазици достигнуваат и до неколку метри, а неофицијално зафатени се и куќи во ретко населениот дел во областа Варнава.

Интервенираат над 150 пожарникари со 30 возила, седум авиони и пет хеликоптери и волонтери.

Од бројот 112 беа испратени неколку пораки за евакуација на најмалку пет населени места што се во близина.

Чадот од пожарот што е на околу 40 километри од центарот на Атина веќе покри многу атински населби, вклучително и центарот на градот.

Паралелно со пожарот во областа Атика, избувна пожар и на островот Евија, во централниот дел, каде што интервенираат 40 пожарникари со два пешадиски тима, 11 возила и еден хеликоптер, а од бројот 112 беше побаран евакуација на три населени места во непосредна близина.

Вчера министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас свика вонреден состанок поради најавите за екстремни временски услови од денеска во следните денови и поради силниот ветер, многу високите температури и долготрајната суша, што според надлежното Министерство, „ќе создадат експлозивен коктел за појава на опасни пожари, па дури и мегапожари (mega fires)“. /МИА

Армијата активно е вклучена во гаснењето на пожарите на територијата на државата

Ангажирани се над 150  припадници на Армијата.

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и одлуката за постоење на кризна состојба донесена од Владата заради зголемена појава на пожари, како и побарувањата на Центарот за управување со кризи активно се вклучи во гаснење на пожарите на целата територија на нашата држава. Во согласност со побарувањата, ангажирани се над 150 припадници на Армијата во следните општини:

Ѓорче Петров – ангажирани над 60 лица;

Крива Паланка – ангажирани околу 30 лица;

Село Николиќ, Дојран – ангажирани над 50 лица.

Дополнително во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, ангажиран е еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана за собирање на податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во овој реон.

Армијата останува подготвена за натамошна поддршка и интервенција каде што е потребно, во координација со надлежните институции.

Скај њуз: Трамп би можел во следните недели да ја посети Шкотска

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја посети Шкотска во наредните недели, објави денес Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори.

Скај њуз: Трамп би можел во следните недели да ја посети Шкотска

Шкотската полиција денеска објави дека се подготвува за можна посета на американскиот претседател.

-Во тек е планирање за потенцијална посета на претседателот на САД на Шкотска подоцна овој месец, изјави Ема Бонд, помошничка началничка на полицијата во Шкотска.

„Иако сè уште нема официјална потврда, важно е однапред да се подготвиме за значајна полициска операција“, рече таа.

Трамп треба да оствари и државна посета на Обединетото Кралство оваа година, веројатно во септември, иако точниот датум сè уште не е објавен.

Датумот на посетата на Шкотска сè уште не е познат.

Тој поседува два терени за голф во Шкотска, еден на североисточниот брег, а другиот јужно од Глазгов на западниот брег.

Трамп во 2018 година посети терени за голф во Шкотска, а потоа имаше протести на тие локации и во некои од најголемите градови во земјата.

Шкотската полиција објави дека тридневната посета на Трамп на земјата во јули 2018 година чинела повеќе од три милиони фунти (3,48 милиони евра).

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

 За воспоставување мир во Украина потребна е средба меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и американскиот претседател, Доналд Трамп, смета унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

- Сигурен сум, ова го кажувам како стар лисец кој многу видел во дипломатијата и, всушност, повеќе од кој било од сегашните Европјани на власт, дека прекин на огнот и мир во Украина ќе се постигнат ако се одржи средба на рускиот и американскиот претседател. Значи, телефон нема да помогне, рече Орбан во интервју за Јутјуб каналот „Патриота“.

Според него, ако почнат директни преговори, тогаш прекин на огнот „може да се постигне многу брзо“, но ако „нема лична средба, тогаш ситуацијата ќе биде жестока како што е сега уште многу месеци“, пренесува Спутник.

Тој во истото интервју го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „комичар“, велејќи дека тој претставува нов вид „политичар-инфлуенсер, актер или комичар“.

Орбан рече дека претходното искуство на Зеленски во комедијата и глумата „не му помогнало во она што сега мора да го прави, особено не среде војна“.

Унгарскиот лидер изјави дека Зеленски „глуми претседател“, додавајќи дека тие двајца „не успеале да разговараат во подлабок контекст“.

Орбан додаде дека неговите посети на Украина, Русија, Кина и САД пред една година имале за цел склучување мировна иницијатива, но дека бил „одбиен“ во Киев.

притисни ентер