3Јанчев: Со претставничка на ОН се разговараше за можноста за отварање на младински иновативни хабови
БалканГолем пожар во Албанија: Изгореа 11 куќи, црква и голема површина шуми во близина на Делвина (ВИДЕО)Пожарот кој првично изгледаше лесен за справување во областа Кале во Делвина, на југот на Албанија, доби алармантни размери, предизвикувајќи значителна материјална штета во селото Сеница. -Пламените јазици, разгорени од силниот ветер, зафатија 11 куќи и црквата „Свети Димитрија“ изградена пред два века, споменик на културата од прва класа. Пожарникарите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола, но нивната работа е отежната од стрмниот планински терен, дополнително високите температури и ветерот, објави Топ Ченел. Покрај пожарникари, припадници на армијата, граѓани во гаснењето се вклучени и два хеликоптери, бидејќи пожарот е опасност и за други соседни села. Според жител на селото Сеница, ситуацијата останува тешка. До сега се опожарени и големи површини шума, додека неколку други домови се во опасност. Во последното деноноќие на територијата на Албанија регистрирани се 45 пожари. Тагови: Албанија пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Од „нула денари“ до „5,5 милиони евра“ – Митева го демантираше арамијата МицкоскиПортпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес конференција ја демантираше лагата на арамијата Христијан Мицкоски за „нула денари“.Митева го потврди претседателот на СДСМ, Венко Филипче во целот. Прославата за независноста чинела 5.5 милиони евра. Триста милиони денари биле од дивидендата на „Лотарија“, која е во државна сопственост. Од „нула денари“ до „5,5 милиони евра“! Да не беше прес конференицјата на претседателот Филипче и документот што го објави, немаше ниту Митева да признае. Но, после прес конференцијата на Филипче немаа каде да бегаат. Каде е сега Мицкоски да каже што стана со „нула денари“? Дали уште некој во Македонија му верува на Арамијата? Требаат ли уште докази дека штом зине – лаже?, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌе има ли предвремени избори и има ли договор мегу власта и ДУИ?Можни ли се предвремени избори догодина и има ли ли договор мегу власта и ДУИ за нивното одржување.Има ли договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за предвремени парламентарни избори напролет? Ова прашање повторно го актуелизираше потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, кој во гостување на ТВ 21, синоќа изјави дека комуницирале со претставници на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори, а неговата проценка е дека кај владејачката партија нема голем отпор за изборно соочување напролет. Сепак, Османи не откри со кого конкретно се воделе разговорите, ниту дали биле одржани официјални состаноци меѓу претставници на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. - Нормално, во различни форми се комуницирало со нив. Нема некој голем отпор во таа насока и очекуваме дека некаде следната пролет ќе има предвремени избори. И, ние се подготвуваме за тоа. Сте одржале официјални средби? Не сакам да навлегувам премногу во детали, но тоа е зборувано и нема голем отпор, изјави Османи. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, негираат дека воопшто имало некаква комуникација со ДУИ за предвремени избори. -Немало комуникација со ДУИ за предвремени избори. А најмалку ни паѓа на памет да комуницираме со Бујар Османи за вака сериозни теми. Бујар очигледно помеѓу две националистички и измислени теми, смислува повторно начин како да биде актуелен, велат од владејачката партија за Канал 5. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој го соопшти премиерот Мицкоски неодамна е дека предвремени избори во моментов не се потребни, но доколку опозицијата тоа го побара Мицкоски кажа дека тие ќе одговорат позитивно за изборно соочување. Ставот на СДСМ дека нема да биде алиби на власта за предвремени избори останува непроменет, кажа и денеска партискиот лидер Венко Филипче. Според него избори ќе има кога власта, како што рече, ќе снема пари за партиски тендери, а за евентуален договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ вели дека тој и претходно укажал. - За соработката со ДУИ ние одамна кажавме, како што гледате многу од работите кои ги најавивме се случија. Што се однесува до изборите ние сме спремни кога и да се, ние нема да даваме причина за тоа бидејќи избори не се желба на премиерот, којшто има сега огромно мнозинство, две третини во Парламентот, кој требаше и можеше да заврши крупни прашања за граѓаните и за државата, тој реши да не прави ништо, изјави Филипче. Она што е извесно е дека кога и да се одржат избори, дали ќе бидат предвремени напролет или во редовниот термин за две години, тие ќе бидат последните за кои што ќе важи техничка Влада 100 дена пред избори, откако Собранието претходно одлучи т.н Пржинска влада да замине во историјата, за што СДСМ беа против.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Со претставничка на ОН се разговараше за можноста за отварање на младински иновативни хабовиДенеска, по иницијатива на Координаторот на Канцеларијата на ОН во Скопје ,г-ѓа Рита Колумбија се разговараше за можноста за отварање на младински иновативни хабови. Денеска, по иницијатива на Координаторот на Канцеларијата на ОН во Скопје ,г-ѓа Рита Колумбија заедно со членовите од нејзиниот тим во соработка со Секторот за локален економски развој и Секторот за образование се разговараше за можноста за отварање на младински иновативни хабови. Ова е со цел да се поттикне претприемаштвото, креативноста и иновативноста кај помладите генерации. Сето ова би се реализиралo со поддршка од Општина Кавадарци, бизнис секторот, средношколците како и незаменлива поддршка од страна на Канцеларијата на ОН. Како град со најмлада популација во државата, според официјалните демографски податоци Кавадарци е вистинското место за отпочнување на ваков проект, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter