ЕвропаГолем пожар на нафтен терминал во рускиот регион Краснодар (ВИДЕО)Пожар избувна на нафтен терминал во јужниот руски регион Краснодар, соопшти регионалниот штаб за вонредни ситуации, додавајќи дека нема извештаи за повредени.Според Ројтерс, нема пријавени жртви и нема индикации за тоа што би можело да го предизвикало пожарот. Екипаж за итни случаи изјави на Телеграм дека 224 пожарникари и 56 возила се борат со пожарот на терминалот во Тихорецк, североисточно од регионалниот главен град Краснодар. 🔥Tuapse: the terminal suffered damage to deep-sea tankers, pipeline infrastructure, and storage tanks. A severe fire broke out and the 50N6E radar was also destroyed in the coordinated strike by Alpha, SBS, SSO, and GUR. 3/14 pic.twitter.com/9YcLJBkgDC — 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐨𝐦𝐬𝐚 🇪🇺🇵🇱🇺🇦 (@Tweet4AnnaNAFO) April 18, 2026 Екипи од руското Министерство за вонредни ситуации, исто така, учествуваат во гаснењето на пожарот.Тагови: Краснодар пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите Атрактивната италијанска ТВ водителка Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа. Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал. Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси. Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНејмар го пропушта и 2 коло на МундијалотЅвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар го пропушта и дуелот од 2 коло против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата. Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство. Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт. Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикиниЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ... Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан . Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива. Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter