Голем пожар избувна во близина на претседателската палата во Дамаск (ВИДЕО) - Канал 5

Голем пожар избувна во близина на претседателската палата во Дамаск (ВИДЕО)

Денеска во близина на претседателската палата во Дамаск избувна пожар, а се преземаат мерки за негово гаснење, објави државната новинска агенција САНА.

Голем пожар избувна во близина на претседателската палата во Дамаск (ВИДЕО)

Пожарот избувнал во областа помеѓу населбата Машру Думар и Националната палата, според Сириската цивилна заштита. Пожарникарите активно работат на контрола на пламените јазици и спречување на нивното ширење.

Снимките што ги сподели САНА покажуваат густи облаци од чад како се издигаат во близина на претседателскиот комплекс.

Вчера вечерта, палатата беше домаќин на откривањето на новиот државен грб на Сирија, на кое присуствуваа претседателот Ахмед ал-Шара и други функционери.

ФБИ започна истраги против поранешни директори на ФБИ и ЦИА

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) започна кривични истраги против поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, и поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, објави „Фокс Њуз“.

ФБИ започна истраги против поранешни директори на ФБИ и ЦИА

Според извори на телевизијата, истрагите се однесуваат на наводни прекршувања поврзани со претходни владини истраги за наводна руска интервенција во американските избори во 2016 година, на кои Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон.

ФБИ, ЦИА и Министерството за правда не дадоа коментари за објавата на Фокс Њуз.

Обемот на кривичните истраги против Бренан и Коми не е целосно јасен. Според информациите, Џон Ратклиф, номиниран од Трамп за директор на ЦИА, го посочил Бренан за потенцијално кривично гонење. Истрагите не мора да резултираат со обвиненија, посочуваат американските медиуми.

Бренан не одговорил веднаш на барањето за коментар, додека со Коми не било воспоставен контакт, наведува Фокс Њуз.

Истрагите се насочени кон двајцата поранешни високи функционери, кои долго време го предизвикуваа гневот на Трамп и неговите поддржувачи поради нивната улога во истрагата за руската вмешаност во изборите во 2016 година. Коми го предводеше ФБИ кога почна кривичната истрага за можна координација меѓу кампањата на Трамп и руската Влада. Трамп го отпушти Коми во 2017 година, по што истрагата ја презеде специјалниот обвинител Роберт Милер, кој покрена обвиненија против неколку соработници на Трамп, но не најде докази за криминален заговор меѓу кампањата на Трамп и Русија.

Неодамнешната ревизија на ЦИА утврди недостатоци во изготвувањето на разузнавачката проценка за руската интервенција во 2016 година, но не го оспори заклучокот дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да влијае на изборите во полза на Трамп.

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор. 

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и други владини претставници и меѓународни партнери.

Компанијата „Рапид Билд“ понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на фирма од Србија.

Министерката за енергетика, во мај кога се потпишуваше договорот, изјави дека очекувањата се изградбата да трае 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година.

Вкупната инвестиција е околу 60 милиони евра. Македонскиот дел од интерконекторот е во должина од 67 километри и е протега од Гевгелија до Неготино. Од грчка страна интерконекторот е со должина од 123 километри и тој е речиси готов.

Гасното поврзување со Грција ќе и овозможи на земјава да има повеќе извори на природен гас затоа што во моментот единствената врска за природен гас е преку Бугарија.

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. 

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати.

Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николич во општина Дојран, како и пожарите под Солунска глава меѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка и селото Крушевица во општина Кавадарци.

Локализирани се пожарите кај селото Рамне во општина Македонски Брод и кај Градската депонија во општина Делчево.

притисни ентер