Голем интересот на пациентките од североистокот за преглед на мамограф - Канал 5

Голем интересот на пациентките од североистокот за преглед на мамограф

Одличен е интересот на пациентките од североисточниот регион за рана детекција и скрининг на малигни заболувања, информираа денеска од оддел за радиодијагностика од општа болница Куманово.

Голем интересот на пациентките од североистокот за преглед на мамограф

Мамографот е прилично нов апарат, на одделението се спроведува и ехо на дојка што е клучно за рана детекција и за какви било промени, велат лекарите.

- Одличен е одзивот, редовно си доаѓаат, си закажуваат. Покриваме шест општини и се јавуваат патологии, на што се посклони повозрасните пациентки. Имаме пациентки од сите возрасти. Раното откривање е клучно и за понатамошен третман. Новиот апарат прилично ја олеснува работата, изјави началникот на одделот д-р Изаир Биљали.

За лекарите, исклучително важно е да се подигне свеста кај граѓаните за превентивно делување и подобрување на квалитетот на животот на пациентите со малигни заболувања. Редовните мамографски прегледи овозможуваат откривање на ракот на дојка во рана фаза, а раната детекција, односно скринингот, е клучна за успешно лекување.

-Многу е важно и пациентот и матичниот лекар да ја следат состојбата. Матичните лекари треба редовно да ги праќаат пациентите над 40 години за преглед и редовни контроли, првин ехо, па потоа мамографија. Дневно имаме до 15-тина пациентки, изјави Биљали.

Претходно од болницата повикаа пациентките да ги ажурираат телефонските броеви кај матичните лекари за да не пропаѓаат термините за прегледи во болницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер