Голем интерес за учество на Биеналето на Остен за 2014 - Канал 5

Голем интерес за учество на Биеналето на Остен за 2014

Добитници на главните награди на Остен Арт „Биенале на цртеж 2014“ се Марина Абрамовиќ од Црна Гора, која живее и работи во САД и Joан Миро од Шпанија (1893-1983) еден од најеминентните творци на суреализмот, така одлучи Бордот на Остен во соработка со амбасадорите на Остен-уметници од светски формат кои се носители на награди на оваа манифестација.

Голем интерес за учество на Биеналето на Остен за 2014
Како што соопшти на денешната прес-конференција извршниот директор на Остен Корнелија Конеска, Абрамовиќ ќе го понесе Гран прито за животно остварување, а наградата Светско културно наследство за шпанскиот уметник Миро ќе ја прими Фондацијата Јоан Миро, која располага со најголемата колекција на дела од овој мајстор на суреализмот.

Директорот на Остен Арт Мице Јанкуловски истакна дека овие две награди ја обврзуваат галеријата Остен да подготви изложби со дела на лауреатите, кои ќе бидат отворени на Биеналето.

Со уметницата Абрамовиќ, која важи за пионер на примената на перформансот како визуелна уметничка форма, контактирале и таа изразила големо задоволство за наградата. - Сакам преку Остен да се заблагодарам на Македонија, изјавила Абрамовиќ, а најавила и можност лично да ја прими. Како што информира Јанкуловски, во периодот јуни-септември Абрамовиќ ќе има свои перформанси низ Европа и зависи од календарот на настапи дали ќе дојде и во Скопје. Во секој случај, велат, таа секако ќе биде присутна барем и со видео-порака.

Инаку, наградата Светско културно наследство вторпат се доделува на шпански уметник. Покрај Миро, ја има добиено и Пабло Пикасо. Шпанскиот амбасадор во Република Македонија Фернандо де Галаинена, ја поздрави наградата и го пренесе своето големо изненадување што Остен во својата приватна галерија поседува импресивна збирка од 250 дела од 50 шпански автори. Според него, би било добро и македонската ликовна уметност да и се претстави на шпанската публика.

Во меѓувреме, во тек се подготовките за Биеналето на цртеж 2014. Според Конеска, постои голем интерес од уметници од целиот свет за учество на манифестацијата која е со светско реноме, за што говори бројот на пристигнати дела. Рокот за аплицирање за учество е во тек и завршува на 31 мај, а потоа во јуни интернационално Жири од меѓународни уметници ќе ја изврши селекцијата на дела за Биеналето. Во состав на жирито се директорот на Националниот музеј на Црна Гора Павле Пејовиќ, Николас Тау, доверител и програмски менаџер на Интернационалната фондација за музика и уметност (САД) и Анита Халдеман, куратор на одделот за цртеж и графика на Музејот во Базел (Швајцарија).

Пејовиќ, кој е скулптор и професор на Факултетот за ликовни уметности во Цетиње, истакна дека големата и значајна збирка на Остен е плод на извонредна енергија и изрази задоволство што соработката со црногорскиот национален музеј продолжува. Најави дека во септември во Цетиње ќе гостува постановката од 30 дела од Салвадор Дали од колекцијата на Остен, која претходно во Скопје ќе биде поставена во мај по повод Денот на Европа.

„Биеналето на цртеж за 2014“ на Остен Арт ќе се одржи на 18 септември во Галеријата на Остен.

Остен е формиран на 1 јануари 1945 година. Збирката на Остен денес брои над 5.150 дела од 1.400 автори од целиот свет. Наградата Светско културно наследство е востановена со цел поблиска соработка со угледни светски интитуции, фондации и организации кои поседуваат дела од глобално значење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен.

Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира.

Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба.

Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер