Голем интерес за Македонско село, почетната цена е 4000 евра, тендерот следната недела

На почетокот од наредната недела Владата ќе распише тендер за сите заинтересирани концесионери за „Македонско село“, најавува за Канал 5 директорот на СОЗР – Ивица Томовски.

Целата постапка е предвидено да заврши кон средината на февруари, а оние кои ќе го добијат тендерот ќе потпишат договори на 15 години. Ќе бидат обврзани да имаат од 10 до 20 вработени поради големината на комплексот, како и зависно од закупнината да обезбедат банкарска гаранција од 5% до 10% од вредноста. До јуни државата има предвидено и грејс период. Почетната цена за закупнина ќе изнесува 4.000 евра, цифра која согласно интересот може да скокне на наддавањето..

-Предвидено е да се објави огласот во четири делови, односно да бидат, три куќарки, три куќарки, три куќарки, три ресторани за да ја зголемиме конкуренцијата, па можеби да ја покачиме и онаа првична цена која што беше од страна на овластен проценител, проценета од околу 4 илјади евра. Тоа е ќе напоменам, почетна цена, што ако има повеќе заинтересирани економски оператори, преку системот на МФ ќе има електронско наддавање, па ќе видиме до каде ќе стигне цената.

Комплексот се затвори во 2019 година откако тогашниот концесионер се повлече со образложение дека „Македонско село“ било нерентабилно. Според Томовски пак проблемот бил во менаџирањето, а високиот интерес вели покажува дека „Македонско село“ ќе биде успешна приказна...

-Од фактот што толку јавување и толку заинтересирани економски оператори, не знам која е причината за таквите изјави на минатиот концесионер кој кажувал дека е нерентабилно. Со оглед на овие повеќе јавувања, мислам дека е интересен проект, интересна идеја и мислам дека ќе има доста заинтересирани.

Денеска „Македонското село“ изгледа токму како никој да не зачекорил внатре половина деценија, а на една од куќите е поставен и кош, веројатно од мигрантите, кои неофицијлано биле сместени таму одреден период. Повторното отворање, по реновирањето е предвидено во мај, па тогаш посетителите повторно ќе можат да отпатуваат во минатото гледајќи ги автентичните куќи и старите занаети, но и да вкусат традиционална храна на чист воздух...

Сенатот го потврди Роберт Кенеди Помладиот за министер за здравство

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

Роберт Ф. Кенеди Помладиот, критичарот на вакцини, кој го поддржа претседателот Доналд Трамп, откако се откажа од сопствената претседателска кандидатура, беше потврден од американскиот Сенат за министер за здравство и човечки услуги и покрај противењето на медицинскиот естаблишмент и членовите на Конгресот.

Роберт Ф. Кенеди (71) беше потврден со 52 наспроти 48 гласови, а Мич Меконел беше единствениот републикански сенатор кој им се придружи на 47-те демократи кои гласаа против Кенеди, кој сепак вети дека ќе ги заштити постоечките програми за вакцинација во обид да ги обезбеди гласовите на неопределените пратеници.

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

-Откако Кенеди ќе положи заклетва подоцна денеска, Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за формирање на комисијата МАХА, именувана по движењето „Направи ја Америка повторно здрава“ на Кенеди, и ќе го упати новиот министер да ја „истражи оваа хронична криза што ја зафати нашата земја“, рече портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит.

Кенеди, адвокат специјализиран за заштита на животната средина, долго време покренува сомнеж за безбедноста и ефективноста на вакцините кои помагаат во контролата на болестите со децении и спречуваат смрт на милиони луѓе.

Тој сега ќе раководи со Министерство кое управува со повеќе од три трилиони долари наменети за здравствена заштита.

Одделот, исто така, ги надгледува програмите Medicare и Medicaid, кои обезбедуваат здравствено осигурување на над 140 милиони Американци, и Националниот институт за здравство (НИХ).

Кенеди рече дека сака да работи на ставање крај на хроничните болести, да ги прекине врските меѓу вработените во американскиот регулатор за лекови и фармацевтската индустрија и да го отстрани флуорот од американските резерви на вода.

Противниците тврдат дека тој не е погоден за министер за здравство поради неговата истакната улога во движењето против вакцините.

Кенеди рече дека сака да се ослободи од многу вработени во ФДА и НИХ. /МИА

Украина вели дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск

Украина денеска соопшти дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск, територија што Киев има намера да ја користи како договор за пазарење со Москва.

-Имаме своја безбедносна зона на територијата на Руската Федерација ..., која зафаќа околу 500 квадратни километри“, изјави на Фејсбук врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Ова тврдење не е независно потврдено./МИА

Трамп: Украина нема да биде исклучена од можните мировни преговори со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина ќе добие место на маса во какви било преговори со Русија за ставање крај на војната.

Во изјавата за новинарите во Белата куќа, американскиот лидер повтори дека воениот конфликт во источноевропската земја мора да заврши. /МИА

притисни ентер