Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
1Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
КултураГолем интерес за ликовниот конкурс „Мојот дом“ на платформата „Лице в лице“ Над 200 цртежи изработени од деца од пет до 10 години, пристигнаа на ликовниот конкурсот „Мојот дом“ организиран од платформата за активизам „Лице в лице“, во пресрет на излегувањето на новиот број на истоименото улично списание.Жирито, во состав Сергеј Андреевски, ликовен уметник, Зоран Инадески, графички дизајнер на „Лице в лице“ и Венди Аџиева, програмски менаџер од организацијата „Хабитат“ Македонија, го направи изборот на најдобрите цртежи кои се издвојуваат по својата креативност и оригиналност. Ликовниот уметник Сергеј Андреевски вели дека изборот го направил прилично тешко, водејќи се според креативноста и слободата изразена во делата на младите автори. - Изборот го правев исто како кога би оценувал и возрасни професионалци – вели Андреевски. Наградените учесници ќе добијат сет подароци од „Просветно дело“, како и пофалници и комплет списанија од Платформата за активизам. Најдобрите цртежи, исто така, ќе бидат објавени и во списанијата „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“. Дел од цртежите ќе бидат објавени и во новиот број на „Лице в лице“, чија носечка тема е „Правото на домување“, а наградите ќе бидат доделени на промоцијата на 11 декември во амфитеатарот на Архитекстонскиот факултет во Скопје. Центарот за медиумски активности (ЦМА) од Скопје е издавач на „Лице в лице“ и ја спроведува истоимената Платформа за активизам во земјава, заедно со „Хабитат“ Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМосква го обвинува Сеул за лошите односи, бара обнова на соработкатаРусија би поздравила конкретни чекори од страна на Јужна Кореја кон обновување на билатералните односи, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко.https://www.index.hr/vijesti/clanak/moskva-krivi-seul-za-lose-odnose-zeli-ponovno-suradjivati/2847631.aspxЗа време на брифинг за медиумите во Москва, Руденко нагласи дека Русија не ги поврзува своите односи со другите држави со конфликтот во Украина. „Забележавме дека јужнокорејските власти, во одредени изјави, изразуваат желба за нормализирање на односите, сепак, истовремено тврдат дека тоа е можно дури откако ќе се промени геополитичката ситуација – односно, откако ќе заврши конфликтот во Украина“, рече тој. Тој додаде дека Москва не е одговорна за влошувањето на врските со Сеул, туку одговорноста ја префрли врз Јужна Кореја поради нејзината одлука да се приклучи кон санкциите против Русија. „Не бевме ние тие што ги нарушија односите со Јужна Кореја. Сеул самиот избра да се приклучи кон санкциите воведени против Руската Федерација“, изјави Руденко. Јужнокорејската политичка фигура Ли Џае-мјунг претходно истакна дека Сеул го смета односот со Москва за важен и има намера да ја одржува комуникацијата. Преговори за директни летови Руденко потврди дека воздухопловните власти и авиопревозниците од двете земји разговараат за повторно воспоставување на директни летови. Сепак, тој напомена дека е сè уште прерано да се зборува за какви било конкретни договори. На прашањето за можна средба меѓу претставници од Русија, Кина и САД во врска со Украина, Руденко одговори дека сите три страни покажале интерес, но дека досега не се воделе суштински разговори. Прашан за претстојната посета на американскиот министер Марко Рубио на Индија, Руденко рече дека Москва нема да ја коментира. Тој нагласи дека Индија е независна земја која води суверена надворешна политика. Извор: Индекс.хрТагови: москва Сеул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаЖена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/чЛишена од слобода жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/чНа 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од с.Подмочани, ресенско. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.Тагови: Ресен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаБожиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжуваМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари. Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард. Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра. Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook