Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата
2Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
3 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
БалканГолем хакерски напад врз профили на студентите во блокада во СрбијаСтудентите на Техничкиот факултет во Нови Сад во блокада, објавија доцна синоќа на својот Инстаграм профил дека успеале да го вратат својот профил, откако бил хакиран. Студентите во блокада објавија дека се вратени и студентски профили на социјалната мрежа TикToк што беа под забрана (banned). Oколу 03:00 часот утрото во понеделникот беше организирана кампања за масовно пријавување на нашиот профил и профилот беше затворен неколку часа. Успешно го вративме!, се вели во објавата на Факултетот за технички науки на Инстаграм профилот ftn_se_ budi. Студентите во блокада од факултетите во Ниш синоќа објавија дека во изминатите неколку дена се соочуваат со интензивни кибер напади врз студентски профили на социјалните мрежи со цел да се исклучат нивните главни канали за комуникација и да се задуши слободната мисла. Тие напади, како што изјавија студентите, јасно покажуваат дека некому му е грижа да го замолчи гласот на студентите, но во исто време рекоа дека нема да успеат во тоа. „Работиме на целосно враќање и враќање на сите прекинати и компромитирани профили“, изјавија студентите од Ниш. Најновите напади врз официјални профили на социјални мрежи на студенти во блокада во Србија почнаа за време на викендот. Нивните профили на социјалните мрежи се затворени или се под закана да бидат затворени, поради зголемен број лажни следбеници, односно бот-профили. Здружението на граѓани „ИТ Блокада“ синоќа објави дека профилите на студентите на социјалните мрежи се нападнати, нагласувајќи дека на студентите им е потребна итна помош. Како што објави здружението на Инстаграм, еден голем профил @ftn_se_budi е хакиран и избришан, додека другите добиваат огромни лажни следбеници. „Ова изгледа како координирана кампања за бришење на клучни информациски канали“. Здружението бара итна помош кои имаат контакт со тимовите на Мета/Инстаграм, Тик Ток. (Policy, Human Rights, Security). Ова е случај на „human rights defende“ и секоја помош е клучна, велат од здружението „ИТ Блокада“. Тагови: хакерски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во КочаниДенеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување од одбраната на тимот градежни вештаци, кои го изработиле градежното вештачење на обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицатаРуски дрон удрил воз во близина на украинско-полската граница, кратко откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон и поранешниот премиер на Шведска Карл Билд и високи европски безбедносни претставници поминале низ неа.Нема информации за жртви по ударот кај Јаходин, во кој беше погодена локомотивата на возот. Сите патници се евакуирани, соопштија украинските власти. Билд,Џонсон и други европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и британскиот советник Џонатан Пауел, поминале по истата линија во друг воз на враќање од конференција во Киев. Русија соопшти дека погодила „железничка инфраструктура“ во западна украина, но украинската државна железничка компанија соопшти дека „сосема е можно целта на овој дрон да бил дипломатскиот воз“. Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, кој во времето на нападот се наоѓал во друг воз на станицата Јаходин, рече дека инцидентот бил „застрашувачки“. Возот „ја напуштил станицата порано од очекуваното поради промената на возниот ред... Поради постојаните закани за руски напади“.исто така, се наведува дека наредба за евакуација на патниците во погодениот воз била дадена „само 15 минути“ пред нападот од страна на руски дрон со млазен погон.украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха рече дека „варварските напади“ на украинско-полската граница во Јаходин се еднакви на „терористичко тропање директно на вратите на ЕУ и НАТО“„Тагови: дрон русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со мала до умерена облачност и ветерВремето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени. До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook