Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
ЖивотГолем ѕиден мурал и музејски експонати од Дојранското Езеро го краселе старото дојранско училиштеСтариот објект на основното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран се уште стои во сеќавањата на најстарите жители на ова населено место, иако по пожарот кој го зафатил пред повеќе од дваесеттина години, останале само рушевините.Учениците кои тука го завршиле основното образование паметат дека училиштето било на два ката, во влезниот дел го красел голем насликан ѕиден мурал, како и музејски примероци од живиот свет во Дојранското Езеро. На долниот кат настава држеле одделенските паралелки од прво до четврто одделение, додека на вториот кат учеле класовите од петто до осмо одделение. - Доле се наоѓаше и кабинет по предметот ОТП, а зад школото имавме спортска сала, во која во едниот крај имаше и бина каде се држеа училишни претстави. Одевме во смени, така што прва смена секогаш беа класовите, кои обично ги имаше по два од истата генерација, додека одделенија имавме само по едно од секоја година и броеја по десеттина ученици, бидејќи тоа беа само децата што живеат во Нов Дојран. Се сеќавам дека за да влеземе во училиштето, сите класови мораше да се наредиме во редици на предниот влез, а исто така наредени чекавме да влеземе и во училишната менза, вели 83-годишниот дојранец, Панде Шулев. Родените во 80-тите години веројатно биле последните генерации кои учеле во оваа училиштна зграда, бидејќи во меѓувреме почнало да се гради и нов објект на истото училиште на нова локација. Жителите раскажуваат дека наставата веќе почнала во новата зграда, а стариот објект бил исселен, кога во првите години од овој век, за време на летниот распуст, училиштето е запалено. Огнените пламени брзо го совладале покривот, кој, според сеќавањата на дојранските жители, во минатиот век се правел од плетена трска, врз која се ределе ќерамиди, па и покрај пожарникарската интервенција, од училиштето останале само ѕидовите на некогашната градба. Сегашните урнатини на старото училиште се граничат со новата детска градинка „Кокиче“, отворена пред десет години, па со цел да се уреди просторот, локацијата на старото основно училиште влезе во предизборната програма на новиот градоначалник на Дојран, Илија Тентов. Во инфраструктурните проекти во програмата се планира реновирање на старото училиште и негово трансформирање во нов мултифункионален комплекс за учење и забава, кој е предвидено да се реализира со средства од општинскиот буџет, централната власт и од меѓународни фондови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“[❤️] „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Георгина знае како да го утеши Роналдо по елиминацијата од Светското првенство Бујната Георгина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо.Атрактивната бринета повторно привлече големо внимание со својата нова објава и порака. Бујната Георгина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо. Атрактивната бринета ужива во летниот одмор со португалската фудбалска ѕвезда, а со новата објава и порака повторно привлече големо внимание. На фотографијата, Георгина го прегрнува Роналдо, додека во преден план е нивното провокативно летно издание, кое предизвика бројни реакции кај фановите. За кратко време, објавата собра дури 3,6 милиони лајкови, а на социјалната мрежа Георгина ја следат повеќе од 75,5 милиони луѓе, што уште еднаш ја потврди нејзината огромна популарност. Георгина и Кристијано важат за еден од најпознатите парови во светот на спортот и шоу-бизнисот. Нивната љубовна приказна трае уште од 2016 година, кога се запознале во продавница на „Гучи“ во Мадрид, каде што Џорџина во тоа време работела како продавачка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Шоу бизМаж со автомобил се забил во оградата на луксузниот дом на Бијонсе и Џеј-ЗиДезориентиран возач е уапсен откако со автомобилот удрил во портите на луксузниот имот на музичките ѕвезди Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон.Шеесет и тригодишен маж, чиј идентитет не е откриен, со автомобил удрил во влезната врата на имот во сопственост на Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон. Според информациите од полицијата, возачот изгледал дезориентирано и не застанал пред затворената капија, туку продолжил да вози со голема брзина по пристапниот пат. Тој бил уапсен и пренесен во болница, а полицијата поднела пријава против него за неовластен упад на имот и предизвикување штета. Детективот Џенифер Дан за „Page Six“ потврди дека 63-годишникот од Бронкс нема криминално досие. Таа објасни дека тој изгледал збунето на самото место, како и по неговото апсење. „Тој не упати никакви закани ниту ги спомна имињата на станарите. Можно е случајно да ја избрал таа куќа, доколку во тој момент имал здравствени проблеми“, рече Дан. Истрагата откри дека пред инцидентот мажот застанал пред друга куќа на истата улица. Таму разговарал со сопственикот и се распрашувал за жена со одредено име. Откако му кажале дека таа не живее таму, тој продолжил понатаму. Сопственикот на таа куќа исто така ѝ потврдил на полицијата дека мажот изгледал збунето.Тагови: Бијонсе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09