ЖивотГолем бизнис или мало пиво? Саудиска Арабија дебатира за првата продавница за алкохолИнформацијата дека Саудиска Арабија ќе ја дозволи својата прва продавница за алкохол ги натера граѓаните и странците да размислуваат за едно прашање: дали е ова мала промена во политиката или голем пресврт?Извори запознаени со подготовките за продавницата открија детали за планот за продавницата. Продавницата ќе биде лоцирана во Дипломатскиот кварт на главниот град и ќе биде достапна само за немуслимански дипломати, што значи дека за огромното мнозинство од 32-милионскиот народ на Саудиска Арабија, ништо не е променето во моментов. Дополнително, ќе се спроведуваат квоти за купување. Пристапот до продавницата ќе биде ограничен на оние кои ќе се регистрираат преку апликација. И од клиентите ќе биде побарано да ги чуваат своите телефони во „специјална мобилна торбичка“ додека купуваат пиво, вино и алкохолни пијалаци. Сепак, некои жители на Ријад изјавија дека тоа е прв чекор кон поширока достапност до алкохол, што ќе биде драматичен прекин од националната забрана што е во сила од 1952 година. „Оваа земја продолжува да не изненадува“, рече либански бизнисмен кој синоќа во францускиот ресторан во Ријад, ЛПМ, познат по својата долга листа на безалкохолно вино и коктели зад бар од мермер долг 18 метри. „Тоа е земја која се развива, која расте и која привлекува многу таленти и многу инвестиции. Така што, се разбира, ќе има многу повеќе“. Сепак, како и другите гости во ЛПМ, бизнисменот одби да биде именуван, истакнувајќи ја чувствителноста околу сè што е поврзано со алкохолот, кој е забрането во исламот, во земјата во која се наоѓаат муслиманските свети места Мека и Медина. На друга маса двајца Саудијци на околу триесет години рекоа дека се загрижени за тоа што ќе значи продажбата на алкохол за идентитетот на Кралството. „Не е тоа што сме“, рече еден од мажите. „Не е дека имам некакви предрасуди кон луѓето кои пијат. Не, апсолутно не. Но, тоа е нешто што влијае врз културата и заедницата“. Тој додаде: „Да речеме, ако имам помлад брат или сестра, ако има алкохол таму, постои можност тој да стане алкохоличар“. Неговиот пријател истакна дека би сакал луѓето да продолжат да одат во странство да пијат, како што многумина прават во моментов. „Едноставно е страшно што дозволуваат такви работи да влезат (во земјата). Секој поединец што сака да проба алкохол, до него може да се дојде по еден час лет со авион“, рече тој. „Сите патуваат. Лесно е достапно. Но, она што сакам да го кажам е дека не сум среќен што тоа е дозволено“. Според неговата реформска агенда „Визија 2030“, де факто владетелот на Саудиска Арабија, престолонаследникот Мохамед бин Салман, се обидува да го претвори најголемиот светски извозник на сурова нафта во бизнис, спортски и туристички центар што може да напредува во евентуалната постнафтена ера. Тоа бара привлекување повеќе странци, а дозволувањето алкохол „во фази“ може да игра улога во тоа, рече Кристин Диван од Институтот за арапски заливски држави во Вашингтон. „Ова е уште еден чекор во нормализирање на владините санкции за алкохол во дефинирани услови“, рече таа. Владиниот Центар за меѓународна комуникација вчера соопшти дека целта на новата политика е „да се спротивстави на недозволената трговија со алкохолни стоки и производи добиени од дипломатските претставништва“. Тоа беше очигледна референца за просперитетниот локален црн пазар, каде шишињата виски често се продаваат за стотици долари. Објавувањето на вестите на овој начин „веројатно има намера да испрати суптилна порака дека промените можеби се на пат, но дека процесот ќе биде постепен и строго контролиран“, рече Кристијан Улрихсен, соработник за Блискиот Исток во Институтот за јавна политика. Од своја страна, упатените во ресторанската индустрија не беа сигурни дали бизнисот ќе биде погоден во блиска иднина. „За индустријата за храна и пијалаци, ова нема директно влијание“, рече еден менаџер, иако додаде дека ако се промени начинот на кој надворешниот свет ја гледа Саудиска Арабија, „ова би можело да значи пристап кон Кралството“, што значи повеќе клиенти. Ако пристапот до алкохол во Саудиска Арабија на крајот се прошири подалеку од она што го опишаа изворите, најмногу ќе загубат маркетите за безалкохолни пијалаци. „Тоа не е добра работа за мене. Ќе го изгубам мојот бизнис“, низ смеа изјави Еванс Кахинди, бренд менаџер за „Blended by Lyre’s“, компанија за безалкохолни алкохолни пијалаци. „Отсекогаш постоеле шпекулации за тоа дека има вистински алкохол овде … Но, да бидам искрен, за плановите на Владата се уште не знаеме и не можам да шпекулирам“. РФИ/АФПКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter