Голди Хоун е убедена дека вонземјани ѝ го допирале лицето: Тоа беше како божји прст - Канал 5

Голди Хоун е убедена дека вонземјани ѝ го допирале лицето: Тоа беше како божји прст

Ако денеска пропуштивте некоја бизарна вест, еве една - актерката Голди Хоун верува дека имала блиска средба со трет вид.

Голди Хоун е убедена дека вонземјани ѝ го допирале лицето: Тоа беше како божји прст

Добитничката на Оскар и Златен глобус најсериозно зборувала за својот „живот со вонземјани“ во интервју за Apple+ Time to Walk. Таа вели дека сѐ започнало кога имала 20 години.

"Излегов пред куќата и погледнав во ноќното небо. И ги видов сите тие ѕвезди. Се прашував дали сме сами, колку сме мали и дали има други планети каде што има живот. Тогаш реков - знам дека постоиш, знам дека не сме сами и знам дека ќе те сретнам еден ден“, објаснила Голди.

„Неколку месеци подоцна танцував во Калифорнија и бев многу уморна. Ја прашав пријателката дали можам да дремнам во нејзиниот автомобил. Не знам ни зошто ја прашав, можев да заспијам во ходникот, но ете... Заспав во колата и наеднаш слушнав необичен звук, многу висока фреквенција. Потоа погледнав низ прозорецот и видов две или три глави, триаголни во форма. Тие беа во сребрена боја, имаа само шлиц со уста, мал нос и без уши. Ме набљудуваа во автомобилот како да зборуваат за мене, како да сум јас темата. И зујат“, уверува Голди.

„Бев парализирана, сакав да станам, но не можев“, тврди таа. „Успеав да започнам, како да добив сила од себе. Не можев да поверувам дека имам средба со вселенскиот живот“, рече таа. Подоцна, тврди таа, се сетила и дека ја допирале.

"Тие го допираа моето лице и тоа беше како прст Божји. Тоа беше најдобронамерното и најљубовното чувство. Беше моќно. Бев исполнета со светлина", додаде таа.

Тврди и дека не ѝ била последна ваква „средба“. Таа вели дека истото ѝ се случило во Велика Британија, кога се зборувало за кругови во земјоделските култури. „Во мојот сон видов шест светла како излегуваат од планината. После тоа ми рекоа дека таа вечер се појавил друг круг на култури. Знаев дека се таму“, тврди Голди.

Сепак, таа признава дека и самата не е сигурна дали ова е доказ за нешто, но тврди дека е среќна што „продолжува да верува“. „Тоа е суштината на авантурата“, заклучила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца и бремена жена, се убиени синоќа во пукање во семеен дом во Пенсилванија. 

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“.

„Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките и најстрашните сцени со кои нашите полицајци и истражители се соочиле во своите кариери“, изјави началникот на полицијата во Ири, Рик Лора.

„Секоја загуба на живот е ужасна, а околностите што ги истражуваме се крајно вознемирувачки.“

Според извештајот на локалниот медиум „Erie News Now“, полицијата интервенирала околу 17 часот по пријава за пукање на улицата Пери. По пристигнувањето, полицајците ги пронашле телата на две жени пред куќата.

Осомничениот, вооружен со пиштол, се забарикадирал во куќата, што довело до ситуација на опсада во која биле вклучени специјални полициски единици. За време на операцијата се слушнале уште неколку истрели од куќата, што е потврдено и со снимки објавени од „Erie News Now“.

Напаѓачот, чиј идентитет сè уште не е објавен, бил пронајден мртов; се верува дека си го одзел животот. Девет загинати, вклучително и бремена жена Началник Лора ја потврди смртта на напаѓачот, но одби официјално да го соопшти вкупниот број на жртви. Медиумските извештаи наведуваат дека загинале девет лица.

Полицијата ги пронашла останатите жртви при претресот на куќата, а било потврдено дека една од убиените жени била бремена. Лора изјави дека, од почит кон жртвите, нема да открива детали во врска со самото место на злосторството. Мотивот за нападот останува непознат, како и врската помеѓу напаѓачот и жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“

Ламин Јамал не ја крие својата самодоверба, но смета дека сè уште не го покажал сето она што го може.

Јамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“

Младата ѕвезда на светскиот фудбал, Јамал верува дека најдоброто допрва претстои.

Во интервју за „Movistar Plus“, фудбалерот на Барселона зборуваше за својот развој, советите од Серхио Бускетс и критериумите за доделување на „Златната топка“.

„Ќе биде тешко да се најде некој што е на моето ниво“, изјави Јамал, осврнувајќи се на моментот кога на натпреварите ќе може да го покаже сето она што веќе го прави на тренинзите.

Шпанскиот репрезентативец оцени дека брзо созреал, но и дека на одредени натпревари можел да настапи со поголема самодоверба. Во тоа гледа простор за напредок и причина да верува дека за четири години ќе биде значително подобар. Важна пресвртница бил разговорот со Бускетс по неговата суспензија во младинските категории.

Искусниот Бускетс го потсетил на одговорноста што ја носи играњето за Барселона, по што Јамал одлучи целосно да му се посвети на фудбалот. Тренинзите, натпреварите, семејството и одморот станаа негови приоритети.

Зборувајќи за „Златната топка“, Јамал ​​оценил дека бројот на постигнати голови и освоени трофеи не треба да биде пресуден.

Според него, признанието треба да му припадне на најдобриот фудбалер во светот, чии натпревари ѝ причинуваат најголемо задоволство на публиката.

„Златната топка мора да заврши кај најдобриот“, истакнал Јамал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи

.

Фото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи

По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот.

За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата.

Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи.

Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот.

Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер