3ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
НБАГолден Стејт продолжува со победитеШампионот во НБА лигата Голден Стејт постигна нова победа откако ноќеска пред своите навивачи го совлада тимот на Хјустон. Ова за Голден Стејт беше 47.ма победа сезонава и имаат процент на успешност од 92,2 отсто. Притоа, оваа екипа има и серија од 42 победи во серија во регуларниот дел на домашен терен од кои 24 сезонава.Најефикасен на дуелот беше Џејмс Харден од Хјустон со 37 поени, додека Стеф Кари кај Голден Стејт постигна 35. Резултати на петте натпревари одиграни ноќеска: Голден Стејт – Хјустон 123:110, Мајами – Сан Антонио 101:119, Њујорк – Вашингтон 108:111, Милвоки – Бостон 112:111 и Далас – Јута 119:121 (продолжение). Пласман Источна конференција: Кливленд 37-14 (победи-порази), Торонто 35-16, Бостон 31-23, Атланта 30-24, Мајами 29-24, Индијана 28-24, Чикаго 27-24, Детроит 27-26,... Пласман Западна конференција: Голден Стејт 47-4 (победи-порази), Сан Антонио 44-8, Оклахома Сити 39-14, ЛА Клиперс 35-17, Мемфис 30-22, Далас 29-26, Јута 26-25, Хјустон 27-27,.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)Најмалку осум лица се повредени откако силни турбуленции го погодија авионот што леташе за Њујорк, принудувајќи го да направи итно слетување.Авионот на „Авијанка“ полета од Меделин, Колумбија, во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но беше принуден да го промени курсот и да слета во Мајами само три часа по почетокот на летот, објави Ен-Би-Си. Авионот „Ербас А320“ се искачи на околу 35.000 стапки додека леташе над Јамајка и Куба, упатувајќи се кон север, пред нагло да се спушти околу 2,5 часа по почетокот на летот. Видео од пилотската кабина објавено од американските медиуми по слетувањето на авионот ги покажа луѓето во состојба на шок. Авионот се спушти 25.000 стапки (7.500 метри) за само неколку минути, според податоците на FlightRadar24, пред да слета во Мајами. „Повеќе пациенти се повредени“, изјавија претставници на противпожарната и спасувачка служба во Мајами-Дејд откако авионот слета околу 3:30 часот наутро, а најмалку едно лице е во сериозна состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЃоковиќ по поразот во Шангај: Беше речиси невозможноНовак Ѓоковиќ не успеа доволно да се опорави од заморот и освојувањето на Пекинг, па загуби од Хуберт Хуркач на првиот тест на Мастерсот во Шангај, но немаше причина за очај.- Пекинг беше одличен, а потоа рана елиминација овде... Но, добро. Имав одлична недела во Пекинг, сега сакам малку да одморам и да се подготвам за затворениот дел од сезоната - изјави Новак, а потоа подетално објасни: - Површината е исклучително брза, сосема поинаква од онаа во Пекинг. Ако изгубите сервис еднаш по сет, може да биде доволно да го изгубите мечот. Токму тоа се случи. Многу е тешко да се врати неговиот сервис, речиси невозможно - сервираше навистина добро. Не се адаптирав, а соочувањето со него веќе на првиот меч овде беше многу тешка ждрепка за мене - изјави Новак, пренесе Телеграф. Потоа го коментираше мечот со Хуркач кој го загуби во два сета каде Полјакот сервираше навистина неверојатно. - Ако претрпите пауза, доволно е да го загубите натпреварот. Еден брејк по сет и тоа се случува. Многу е тешко да се врати на негов сервис, беше речиси невозможно. Не се адаптирав, имав многу тешка ждрепка, особено што морав да играм со него веќе на првиот меч - потенцира Ѓоковиќ. Сега го чека турнирот „Шест кралеви“ во Ријад, но најголема желба му е да обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино, за кој моментално ја држи позицијата, но ќе биде многу тешко да остане таму. - Би сакал да го одиграме завршниот Мастерс во Торино. Се уште планирам да играм во Париз, па да видиме... Се надевам дека таму ќе имам добар резултат - заврши Ѓоковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКрадци украле 30.000 шишиња вино во вредност од 5 милиони евра во ИталијаНевообичаена кражба во Италија.. Крадци украле 30.000 шишиња вино во вкупна вредност од околу 5 милиони евра од позната италијанска винарија, објави Би-Би-Си.„Марчези Антинори“, една од најголемите семејни винарии во Италија, соопшти дека кражбата во нивниот магацин во Тоскана се случила во саботата, додека компанијата се подготвувала да испрати пратка до клиенти во странство. Се претпоставува дека најмалку седум маскирани мажи ги деактивирале алармите и ги исклучиле камерите пред да натоварат два големи камиони со тоскански црвени Вина Тињанело, Солаја и Гвадо Ал Тасо на компанијата. Извршниот директор котарела изјавил дека ова е најголемата кражба од ваков вид во Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook