Голден Стејт преку мајсторка до големото НБА финале - Канал 5

Голден Стејт преку мајсторка до големото НБА финале

Екипата на Голден Стејт ќе игра во големото финале од НБА лигата откако ноќеска во мајсторката со Оклахома славеше победа од 96:88.

Голден Стејт преку мајсторка до големото НБА финале
Предводник до триумфот на домаќините беше фантастичниот Стеф Кари со 36 поени на кои додаде и осум асистенции со пет скока. Тој на седмиот дуел од финалето на Западната конференција постигна седум тројки или вкупно 32 во седум натпревари од серијата со што постави нов НБА рекорд.

Првото полувреме припадна на гостите кои на паузата имаа шест поени предност (48:42). Пресвртот се случи во третиот период кога Кари и соиграчите постигнаа 29, а примија само 12 поени и предноста рутинирано ја зачуваа до крајот.

Во поразениот тим се истакна Кевин Дјурант со 27 поени, седум скокови и три асистенции.

„Вориорс“ станаа десеттиот тим кој успеал да се врати по негатива од 1-3 во конференциско финале од НБА лигата. Тие трофејот од ланската сезона ќе го бранат против Кливленд. Првиот дуел од серијата прв до четири победи е ноќта четврток кон петок во Оукленд. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Гостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Кризниот штаб информираше дека во првата фаза нема да смее да се конзумира водата, а по прочистување на системот и потврда од лабораториските испитувања што се очекува да биде завршено идната недела, водата од чешмите во гостивар би можела да биде добра и за пиење... Од Гостивар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави и дека секој кој се огрешил пред законот во случајот со водата во Гостивар, ќе одговара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на Трамп

САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери – меѓу нив се ЕУ, Кина, Канада, Јапонија и Индија

САД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на Трамп

Соединетите Американски Држави(САД) синоќа објавија дека воведуваат царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека државите не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд.

„Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, додека трговските партнери што не усвоиле таква забрана ќе подлежат на царина од 12,5 отсто“, соопшти американската администрација.

Меѓу засегнатите производи има и одредени стоки од Европската Унија, соопшти Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR).

Дополнителните царини ќе се применуваат на поголемиот дел од увозот од засегнатите трговски партнери, почнувајќи од 00:01 часот по источноамериканско време денеска (04:01 часот по Гринич).

Од мерките ќе бидат изземени стоките што веќе се натоварени на бродови, се наоѓаат во завршна фаза од транспортот и за кои царинската документација била завршена пред 28 јули.

Веднаш на најавите реагираа ЕУ, Австралија, Нов Зеланд.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ги посочи како неосновани тврдењата за недостатоци во контролата врз принудниот труд во Унијата.

„Тоа не може да се каже за Европската Унија“, изјави Калас. Таа рече дека споредено со САД, европското трудово законодавство предвидува платени одмори и високи стандарди за условите на работа.

„Затоа ова навистина не е оправдано“, оцени Калас, најавувајќи дека ЕУ ќе бара дополнителни објаснувања од Вашингтон. Таа посочи дека ЕУ ги исполнила обврските од трансатлантскиот трговски договор постигнат минатата година и дека новите царини ги доживува како „шок“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). 

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер