Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
1Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
3Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
НБАГолден Стејт и Њу Орлеанс поведоа со 3:0 во НБА плејофотКошаркарите на Голден Стејт и Њу Орлеанс се на победа од пласман во вториот круг од НБА плејофот, откако поведоа со 3:0 во своите серии. „Воините“ го освоија своето прво гостување во Сан Антонио со 110:97, по 26 поени на Кевин Дурант и 19 на Клеј Томпсон. Тимот од Тексас играше ден по смртта на сопругата на Грег Поповиќ - Ерин и беа без својот тренер, откако се почувствува дека се потресени од она што се случило. Тие играа добро во првото полувреме, во кое имаа предност од неколку поени, но во последните минути, шампионите завршија со серија од 20:9, за да претворат заостанување од 5 поени во водство од 52:46. Тогаш разликата продолжи да се зголемува. Дурант и Ливингстон на крајот заработија повреди, но се чини дека тие не се сериозни. Во исто време, Никола Миротиќ нанижа 30 поени, а Њу Орлеанс го порази Портланд со 119:102 и серијата може да се заврши во натпреварот бр.4. „Пеликаните“ повторно играа силна одбрана и не оставија сомнеж во нивната супериорност откако поведоа со 18 поени уште во првата четвртина, а потоа не погледнаа назад. На Исток, Џоел Ембид се врати за Филаделфија и ги инспирира Сиксерс со 23 поени, а неговиот тим го порази Мајами со 128:108 како гостин и поведе со 2:1 во серијата. Центарот не играше 10 натпревари, но вчеравечер му помогна на тимот да ја освои последната четвртина со 32:14 и со тоа да стигне до убедливиот триумф. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Ирина Шајк скоро гола на забава Руската манекенка Ирина Шајк се појави на забавата по модна ревија скоро гола. Манекенката во блуза и проѕирни хеланки ја шокираше јавноста.Во интервју за „Вог“, руската убавица Ирина Шајк го опиша своето искуство на модната ревија како спој на сексапил, лудило и убавина. https://www.instagram.com/reel/DeqIp-PSXka/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading Сексапилната Ирина го покажа своето затегнато тело по ревијата на „ангелите“ на „Викторијас сикрет“, кога се појави во Лос Анџелес во провокативна комбинација што привлече внимание. 40-годишната Ирина одлучила да ја продолжи забавата по модната ревија, па за излегувањето избрала црн градник и проѕирни црвени хеланки, под кои ѝ се гледале гаќичките. Изгледот го заокружила со сребрено ланче со крст и високи потпетици, додека долгата, темна коса ја оставила слободно да паѓа. Насмеаната Ирина пристигна сама во еден клуб во Лос Анџелес, а подоцна беше видена како го напушта приватниот клуб и влегува во црно такси. Истиот ден, манекенката прошета на пистата на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), каде што претстави неколку впечатливи комбинации. Во една од нив, таа носеше бел корсет, црни чорапи и соодветни гаќички, додека во друга носеше розов чипкаст градник, преку кој имаше облечено краток топ во истата нијанса. Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФудбалска Англија „трепери“: Манчестер Сити ќе биде исфрлен во четвртата лига?Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал.Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал, а според информациите што ги пренесува „Дејли мејл“, последиците би можеле да бидат толку сериозни што клубот би можел да го загуби своето место во Премиер лигата уште оваа сезона. Оливер Холт, уредник на фудбалската рубрика во весникот, тврди дека на „Граѓаните“ им се заканува одземање на голем број бодови. Ваквото сценарио практично би значело испаѓање од елитниот ранг, а дополнителна казна би можела да ги очекува и во следната сезона. Според истите наводи, Сити нема автоматски да биде префрлен во Лига 2, односно во четвртото ниво на англискиот фудбал. Сепак, постои можност клубот да биде санкциониран во натпреварувањата што се под покровителство на Англиската фудбалска лига (EFL), иако таа организација не е обврзана да прифати таква одлука. Покрај одземањето бодови, се очекува и изрекување на значителна парична казна. Манчестер Сити инаку покрена постапка за жалба откако независна комисија утврди дека клубот прекршил 114 од вкупно 115 финансиски правила за кои беше обвинет. Конечната одлука за санкциите сè уште не е донесена, но, според информациите, Премиер лигата сака казната да биде позната пред да се донесе одлука по жалбата на клубот. Одлуката по жалбата се очекува во средината на јануари 2027 година, а целта е целиот случај да се затвори во текот на тековната сезона. Сепак, неизвесноста веќе предизвикува незадоволство кај другите клубови од Премиер лигата. Како што пренесуваат англиските медиуми, од одредени страни доаѓаат сè погласни приговори, бидејќи сè уште не е јасно какви последици ќе има постапката против „Сити“ врз исходот на првенството. – Никој не знае за што се игра оваа сезона и како ќе се одвиваат работите до мај – е пораката што може да се слушне меѓу незадоволните клубови. Доколку најавеното сценарио се оствари, последиците би можеле да бидат далекусежни – не само за Манчестер Сити, туку и за борбата за титулата, местата што водат во европските натпреварувања и опстанокот во Премиер лигата. Засега, сепак, сè останува на ниво на медиумски шпекулации, додека се чека официјалната одлука на надлежните органи.Тагови: Манчестер сити Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравствотоИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter