Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!
1Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!
ЗабаваГола шпанска ѕвезда и го честита роденденот на мајка си (ФОТО)Шпанската реалити ѕвезда , Амор Ромеира, на необичен начин и го честиташе роденденот на мајка си.Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која таа и нејзината мајка позираат целосно голи. View this post on Instagram Feliz 56 Cumpleaños Mamá!! @mensimedina 🎉❤🥰 . . Tú me enseñaste todo. Me enseñaste a luchar por lo que quiero. A levantarme si me caigo. A no rendirme y tirar siempre pa' lante. Me diste valores, fuerza y alas para volar. Eres mi referente de mujer. Mi inspiración. Te amo mamá. Disfruta de tu día, ríe, baila y brinda por la vida, porque ha sido un año duro y difícil pero lo hemos conseguido mamá. Aquí sigues sana y volviendo a ser tú, con tu eterna sonrisa y tu carisma que te define. . . Hoy, mañana y siempre a tu vera y muy orgullosa de ti mamá. ❤🥰 A post shared by Amor Romeira (@amorromeira) on Aug 12, 2020 at 5:28pm PDT "Среќен роденден, мамо. Ме научи на сè. Ме научи да се борам за она што го сакам. Да станам ако паднам. Да не се откажувам и секогаш да напредувам. Ми даде вредности, сила и крилја за летање. Денес, утре и секогаш со тебе и многу горда на тебе, мамо“, напиша 31-годишната Шпанка. Инаку, Ромеира стана позната на пошироката јавност учествувајќи во шпанската верзија на шоуто „Големиот брат“. Интересно е што таа е родена како маж и со операција го сменила полот. View this post on Instagram Me amo con la fuerza de los mares! 💦❤ . . . . . . . Bikini de @bynamestore 💙 #AmorRomeira #Fuerteventura #IslasCanarias #Verano2020 A post shared by Amor Romeira (@amorromeira) on Jul 14, 2020 at 2:17am PDT Таа го привлече вниманието кон себе тврдејќи дека спиела со фудбалерите на Реал Мадрид, а сега тврди дека била во врска со фудбалер на Примера кој е прикриен хомосексуалец, но не сакаше да го открие неговото име. View this post on Instagram . 🇬🇧 Disculpe, déjeme paso. . 🇩🇪 Disculpe, déjeme paso. . 🇨🇵 Disculpe, déjeme paso. . 🇪🇸 Aparta maldita, que llegué YO. . . . . Makeup & Hairdressing by @albertodugarte 💥💄 . Fotografía by @adasat A post shared by Amor Romeira (@amorromeira) on Jun 10, 2020 at 2:40pm PDT Таа има околу 300 000 следбеници на Инстаграм со кои редовно споделува провокативни фотографии. View this post on Instagram ¡No soy perfecta, soy AUTÉNTICA! ❤ . Y eso es mucho mejor! ✅ . . . . . . . Fotografía by @adasat para la campaña de @albertodugarte @albertodugarteinstitute 📸🥰 A post shared by Amor Romeira (@amorromeira) on May 31, 2020 at 12:23pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаЧилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност. Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба. „Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП). За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки: - Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена. - Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања. - Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите. - Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија. - Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства. „Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов. На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат. „Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава. ЛДПТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“ Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка. Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога. Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените. Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамНајчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинакуКонцептот Фиат Мултиплеј го најавува враќањето на името Мултипла во сосема нова форма.Фиат подготвува необичен концепт за Саемот за автомобили во Париз – Мултиплеј, модел кој се потпира на наследството на два различни автомобили со името Мултипла, но носи сосема поинаква каросерија. За разлика од претходните модели, новиот Мултиплеј не е миниван. Фиат го опишува како комбинација од теренец и пикап, со отворен товарен простор и флексибилен ентериер. Теренец и пикап во едно Идејата е дека конфигурацијата на возилото може да се промени само со неколку движења, благодарение на посебен механизам. Така, Мултиплеј би можел да понуди практичност на отворен товарен простор кога е потребно, но и удобност на теренец за секојдневно возење. Фиат го опишува возилото како „нов концепт за мобилност“, со фокус на пристапност, флексибилност и практичност. Иако во моментов е концепт, Фиат не го крие фактот дека Мултиплеј би можел да послужи како основа за иден производствен модел. Компанијата вели дека би можела да создаде нова категорија возила и да ја прошири својата понуда за прифатливи семејни возила. Доколку производството навистина се одвива, се очекува да се користи платформата Смарт Кар на Стелантис, која поддржува бензински, благ хибрид и целосно електрични погонски склопови. Враќање на името Мултипла Првиот Фиат 600 Мултипла беше претставен во средината на 1950-тите. Беше долг околу 3,5 метри, имаше три реда седишта и можеше да смести шест патници. Името беше повторно користено кон крајот на 1990-тите. Фиат Мултипла од 1998 година стана познат по својот многу необичен дизајн и двојни фарови, но во исто време нудеше простор за шест патници во два реда седишта. Должината на овој модел беше компактна 399,4 см. Новиот Мултиплеј сега можеше да ја комбинира практичноста на тие модели со модерен концепт на теренец/пикап. Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата во Париз. Извор: Б92Тагови: Мултипла фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05