Гол маж паѓа од дрво на покрив на такси, сите се смеат: Како ќе го објасни ова? (ВИДЕО) - Канал 5

Гол маж паѓа од дрво на покрив на такси, сите се смеат: Како ќе го објасни ова? (ВИДЕО)

Бизарна снимка од колумбискиот град Меделин прикажува луѓе кои се собираат околу жолто такси, на чиј покрив, поточно на задното ветробранско стакло, лежи потполно гол маж.

Гол маж паѓа од дрво на покрив на такси, сите се смеат: Како ќе го објасни ова? (ВИДЕО)

Сцената е луда, особено кога се знае дека човекот буквално слетал на возилото од блиското дрво.

Останува мистерија како мажот, државјанин на Еквадор, завршил на дрвото, па зошто не носи облека и зошто „слетал“ врз такси?!

Тој се здобил со полесни повреди и расекотини по телото, а на видеото се гледа како разговара со случајните минувачи, пренесува Daily Star.

Неколку моменти претходно со силен тресок „слетал“ на возилото и предизвикал паника на улицата.

Откако му била укажана прва помош, тој бил префрлен во блиската болница. Повеќе детали се очекува да бидат објавени кога полицијата ќе ја заврши истрагата.

Снимката од Меделин стана вирална на интернет, а луѓето се шокирани од сцената. Поединци ги коментираа сцените со хумористичен тон.

„Вака не се вика такси“, „Ако не сте знаеле, вака се раѓаат таксистите“, „Како таксистот ова ќе ѝ објасни на осигурителната компанија“, гласат дел од пораките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана

По повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби.

Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана

По повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби, но не и за пиење, ниту пак за подготвување на храна. Ова на прес конференција го кажа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој посочи дека ќе се продолжи со обезбедување на флаширана вода за пиење.

„Во координација сме со Општината во делот на сето она кое треба да се преземе понатаму. Сакам лично да изразам благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа и на сите експерти кои помогнаа да дојдеме до оваа фаза, техничка вода. Се надевам до сите одговорни во рамки на опшините, се надевам дека ова ќе биде за памет и дека ќе постапуваат максимално професионално и во делот на квалитетот на водата, затоа што играње со здравјето на граѓаните нема“, рече Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинците ги нападнаа руските градови Ростов и Белгород- има загинати (ВИДЕО)

Украински беспилотни летала го нападнаа рускиот пограничен регион Белгород и градовите во јужна Русија во текот на ноќта, објавија локалните власти и каналите што ги следат воените настани.

Украинците ги нападнаа руските градови Ростов и Белгород- има загинати (ВИДЕО)

Оперативниот штаб на регионот Белгород објави на Телеграм дека 12 лица се повредени во Белгород. Во нападот беа запалени станбена зграда и 15 паркирани автомобили. „Покрај тоа, една куќа беше делумно уништена, а неколку станбени згради беа оштетени“, објави штабот.

Регионот Белгород се наоѓа по должината на границата со Украина, а градот Белгород е оддалечен само околу 27 километри од североисточниот дел на Украина.

Експлозии и во градот на брегот на Азовското Море

Подоцна во текот на ноќта, експлозии одекнаа и во јужниот руски град Ростов на Дон, објави Телеграм каналот Егзиленова Плус.

Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин, го потврди украинскиот напад и рече дека една станбена зграда е оштетена. Гувернерот на регионот Ростов, Јуриј Сљусар, рече дека две лица се убиени во градот, додека уште пет се повредени. Тој додаде дека во нападите биле запалени магацини и неколку куќи.

„Две лица, брачна двојка, беа убиени во Ростов на Дон. Пет лица беа повредени, од кои двајца во тешка состојба, вклучувајќи и тинејџер. Прозорци беа скршени во неколку куќи, како и на горните катови од станбена зграда и социјален објект“, рече Шљусар.

Експлозии беа пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море, според каналот на Телеграм Супернова Плус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со шпанскиот државен секретар за ЕУ, Фернандо Мариано Сампедро Маркос

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија.

Средба на министерот Муцунски со шпанскиот државен секретар за ЕУ, Фернандо Мариано Сампедро Маркос

Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на Македонија и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и принципиелна поддршка од Шпанија за европската перспектива на земјата, како и за нејзината посветеност проширувањето да остане меѓу стратешките приоритети на Унијата.

Муцунски ја нагласи важноста од блиска соработка и координација со Шпанија во претстојните дискусии за иднината на политиката на проширување.

„Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги, со јасна крајна цел – полноправно членство во ЕУ, паралелно со унапредувањето на практичните форми на постепена интеграција“, истакна министерот.

Воедно, тој го информираше соговорникот за резултатите од спроведувањето на Реформската агенда и за посветеноста на Владата кон доследно спроведување на европските вредности и стандарди на национално ниво.

Соговорниците ја потврдија важноста од натамошно продлабочување на билатералната соработка во рамките на европските процеси, како и неопходноста од зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување и забрзување на пристапниот процес на земјата, соопшти МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер