Годишниот извештај за УГД-Штип на собраниска комисија: Научни истражувања, интернационализација и дигитализација приоритети на универзитетот - Канал 5

Годишниот извештај за УГД-Штип на собраниска комисија: Научни истражувања, интернационализација и дигитализација приоритети на универзитетот

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт денеска го разгледа Годишниот извештај за работата на ректорот на УГД-Штип за периодот 2024-2025 година. 

Годишниот извештај за УГД-Штип на собраниска комисија: Научни истражувања, интернационализација и дигитализација приоритети на универзитетот

За извештајниот период (1 октомври 2024 – 1 октомври 2025) зборуваше проректорот на УГД, проф. д-р Дарко Лазаров, кој истакна дека приоритети на универзитетот, кој постои 18 години, се јакнење на научнооистражувачките капацитети, интернационализацијата и надградување на дигиталната инфраструктура.

Лазаров соошти дека УГД има 550 редовни вработени, од кои 181 се редовни професори. Во тековната академска 2025-2026 година имаат 1720 студенти на прв, втор и на трет студиски циклус.

-На прв циклус имаме 1461 студент. Имаме и странски студенти, најмногу на Правниот факултет и на студиите по информатика. Задоволни сме од бројот со оглед на трендот на иселување што го имаме во истокот, рече Лазаров.

Соопшти дека во извештајниот период побарале 40 вработувања, од кои 30 за наставно-научен кадар и десет за административен. За жал, рече, реализирале само четири вработувања - за четири наставници и за еден асистент.

-Така што, во 2026 година приоритет ни е вработувањето, особено асистенти на факлултетите каде што има голема потреба, рече Лазаров на комисиската седница.

Нагласи дека е горд на научноистражувачката работа на Универзитетот затоа што нивни професори имаат објавено повеќе од сто труда во списанија со фактор на влијане, притоа посочувајќи дека „Гоце Делчев“ е прв меѓу македонските универзитети според бројот на објавени научни трудови по професор.

Покрај проекти што ги реализира со сопстевни средства, УГД има поддршка и од МОН – оваа година на повикот за проекти добил од Министерството околу 200.000 евра, кои ќе бидат инвестирани во нови лаборатории. Во однос на финансиите проеректорот соопшти дека УГД низ годините го зголемува вишокот приходи и за 2025 заштедиле 243 милиони денари т.е. околу 4,5 милиони евра, посочувајќи дека имаат идеи за инвесстиции во наредниот период.

УГД е посветен и на силна интернационализација. Во 2024 година Штипскиот универзитет се приклучи и кон ACE²EU - Европска универзитетска алијанса, во која се осум универзитети од ЕУ. Како што рече Лазаров, УГД во Алијанасата има силна позиција со буџет од околу 2 милиона евра, од кои најголем дел се за студентска мобилност.

- Горди сме дека активно и рамноправно учествуваме со сите партнери во Алијансата и ова е голема придобивка за нашите студенти. Првата година од членството ја почнавме со приспособување, а крајната цел е да имаме заеднички дипломи со сите други осум универзитети, истакна проректорот.

Лазаров информираше и дека имаат развиена дигитална инфратструктура во која постојано се инвестира. Како што рече, на УГД нема хартиени документи, најголем дел од процесите се дигитализирани за што од Европската комисија оваа година добиле награда „Дигитални шампиони“ во рамки на образовната програма „Еразмус+“.

Подвлече и дека УГД е општествено одговорен универзитет така што ги ослободува од партиципација студентите од социјално ранливи категории. Исто така, ослободени од партиципација на УГД се и студентите со просечна оценка над 9,5 и тие што се запишуваат на студиите за македонски јазик.

Пратениците од матичната собраниска комисија му го честитаа успехот на УГД, оценувајќи дека Универзитетот во Штип се движи во правилна насока, а за Годишниот извештај 2024-2025 посочија дека е сериозен показател за стабилноста и развојот на оваа отворена и европски ориентирана високообразовна институција. Беше истакнато дека УГД влијае на задржувањето на младите во земјата бидејќи со вложувањата создава услови тие да ја градат иднината овде.

По исцрпување на расправата пратеничката Благица Ласовска беше назначена за известувач од комисиската седница. Таа заклучи дека со сето тоа што го прави Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип го оправдал своето постоење.

-Навистина го оправдавте она што во 2007 беше само идеја, истакна Ласовска и додаде дека УГД ги поткрева научните критериуми што треба да се задоволат за државата да се качи погоре во рангирањето на Шангајската листа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“

На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер одекна силен и долг аплауз за екипата на НУ Народен театар Битола, која со својата изведба повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче.

Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“

„Секстет“ и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката.

„Од срце му благодариме на организаторот на фестивалот „Денови на комедијата“ за поканата, прекрасното добредојде и гостопримството. До следната средба – со уште многу смеа, аплаузи и театарски моменти“, истакнуваат од Битолскиот театар.

Претставата „Секстет“ секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, па така и овојпат салата беше исполнета со публика која ги награди актерите на Битолскиот театар со долготрајни аплаузи.

Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај.

Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни.

Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи.

Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски.

Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски.

29.издание на Фестивалот оваа година се одржува од 23 септември до 5 октомври. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. 

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир.

Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните.

„Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев.

Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации.

„Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски.

На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер