3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
МакедонијаГодишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51 седница на СобраниетoПред пратениците во рамки на 51. седница на Собранието е Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2024 година.Во Извештајот објавен на собраниската веб-страна се посочува дека во текот на 2024 година, Советот во рамки на 39-те одржани седници извршила избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврди нестручно и несовесно вршење на судиската функција со изрекување на дисциплински мерки, ги разгледал и оценил тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите, донел одлуки за времено упатување на судии од еден во друг суд, извршил работни посети во судовите со цел констатирање на одредени состојби и вршел и други работи во рамки на својата надлежност утврдени со закон. -Оценската мисија на ЕУ во текот на 2024 година изготви извештај за функционирање на Судскиот совет на РМ во кој извештај се дадени долгорочни, среднорочни и краткорочни препораки, а имплементацијата на краткорочните препораки за кои надлежен е Советот започна во 2024 година преку активностите кои ги спроведува Советот. А кои се нотирани во усвоениот Акциски план. Во текот на 2024 година приоритетни се активностите нотирани во Акцискиот план за имплементација и спроведување на препораките не ЕУ упатени до Судскиот совет на РСМ. Воедно, имајќи го предвид Извештајот на Оценската мисија и насоките и укажувањата во истиот, Судскиот совет во наредниот период ќе продолжи да се залага за заштита на интегритетот, независноста и професионалноста на судиите и на институциите и ќе се спротивставува на било какво внатрешно или надворешно влијание во работењето, се наведува во Извештајот. Приоритет за Судскиот совет во текот на 2025 година, како што се нагласува во Извештајот, ќе биде натамошната реализација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската мисија кои се дадени со цел за подобрување на постапката за избор, унапредувањето и одговорноста на судиите/претседателите на судовите и членовите на Советот, како и подобрувањето на транспарентноста, комуникацијата и управувањето со ресурси во Советот. Во таа насока, Советот посочува дека ќе продолжи со максимални заложби за доследна примена и постапување согласно законските одредби, следење на состојбите во судството и давање на нови предлози за подобрување на состојбите, следење на работата на судиите и претседателите на судовите, како и на самите судови, преземање дејствија во рамки на своите надлежности при детектирање на коруптивни дејствија во судството, а во таа насока и залагање за имплементација на донесената Програма и Акционен план за превенција и следење на корупцијата во судството 2022-2025 година. Во Ивештајот се посочува дека една од основните заложби на Советот е финансиското одвојување на судската власт од другите власти, односно залагање за зголемување на процентот на Судскиот буџет во однос на Бруто домашниот производ од сегашните 0,3 проценти на годишно ниво на законските определени 0,8 проценти од Буџетот за судска власт. На ова седница се и Предлог на законот за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии (ЦЕЕПУС IV), Предлог на законот за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување во прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавно здравје во прво читање. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банкиГраѓански обврзници од 4-тата Емисија граѓаните можат да запишат до 1 декември во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјата.Граѓаните можат да запишат минимум една Граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари. Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6% и рок на доспевање 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2027 и за втората година на 11 декември 2028 година. Проспектот е објавен на 100 милиони денари. Аукцијата за 4-тата емисија Граѓанска обврзница ќе се реализира на 3 декември. Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКатастрофа за Баерн М: Хари Кејн поради повреда надвор од теренот неколку месециГолем шок за германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен. Најдобриот фудбалер во светот според „Франс фудбал“, Хари Кејн , , се здоби со сериозна повреда на глуждот поради која ќе отсуствува најмалку три месеци.Англискиот напаѓач се повреди за време на натпреварот против Келн, кој заврши со резултат 1:1, а по натпреварот спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, ја потврди лошата вест. Кејн претрпе кинење на лигаментите на синдезмозата и нема повторно да игра годинава. „Хари Кејн има скинати лигаменти на синдезмозата“, изјави Еберл по натпреварот, а тренерот Венсан Компани потврди дека неговиот напаѓач ќе отсуствува неколку месеци. Според информациите на германски „Билд“, се очекува Кејн да биде надвор од терените три до четири месеци. Тоа значи дека тој нема да може да се врати сè до февруари или март 2027 година, пропуштајќи голем дел од сезоната, вклучително и голем број важни натпревари во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. Англискиот напаѓач се повреди во 15-тата минута од натпреварот против Келн. По центаршутот на Мајкл Олисе, тој се обиде да стигне до топката во шеснаесетникот, но одбранбениот играч на гостите, Жоел Шмид, се лизна и го закачи за левиот глужд. Шмид прво ја допре топката, поради што судијата не досуди прекршок. Кејн остана да лежи на теренот со болна гримаса на лицето, а потоа се обиде да продолжи со играта. Сепак, набрзо стана јасно дека тој не може да продолжи. Во 20-тата минута, со помош на медицинскиот тим, тој го напушти теренот, а на негово место влезе Том Бишоф. По натпреварот беше потврдена сериозноста на повредата. Баерн остана и без Олисе. Французинот го напушти стадионот на патерици. Повредата на Кејн не беше единствената лоша вест за Баерн. Поради повреда, на полувремето беше заменет Мајкл Олисе, еден од најважните играчи во тимот на Компани. Французинот доби удар во левата нога кон крајот на првото полувреме, а според извештаите на германските медиуми, тој ја напуштил „Алијанц Арена“ на патерици. „Што се однесува до Мајкл, сè уште не знаеме ништо“, изјави Еберл за неговата здравствена состојба.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаБез струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и КатлановоСпоред најавените прекини, во недела (22 ноември), од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците во делот од трафостаницата „Скопје 4 – МЕПСО“ до новиот кружен тек на патот Драчево – Батинци, во општина Кисела Вода.Во понеделник (23 ноември) се планирани прекини на две локации. Во Катланово, од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица „1“. Причина за прекинот е планираната замена на три електрични столбови. Во Аеродром, прекинот ќе трае од 8:30 до 11 часот и ќе ги опфати куќите помеѓу „Порта Супериум“ и „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“, зад гимназијата „Димитар Влахов“, како и куќите зад Тутунска банка, кон паркиралиштето на Македонски железници и делот зад „Алкалоид“. Прекините се најавени поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter