ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
1ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
МакедонијаГодишен извештај за работата на судовите во 2025: Ажурни биле 16 судови, неажурни 18Шеснаесет судови биле ажурни во 2025 година, од нив 14 основни и два апелациски во Штип и во Гостивар. Неажурни во работењето биле 18 судови: Врховниот суд, Вишот управен суд, Управниот суд, апелациските судови во Скопје и Битола и 13 основни судови, што значи дека поголем дел од судовите во земјава лани примиле повеќе предмети, отколку што решиле и со тоа го зголемиле бројот на нерешени предмети. Ова го покажуваат статиситичките податоци содржани во Годишниот извештај за работа на судовите за 2025 година, кој беше на дневен ред на денешната седница на Судскиот совет и кој едногласно беше усвоен од неговите членови. Членката на Судскиот совет, Антоанета Димовска изнесувајќи ги податоците од Извештајот наведе дека на ниво на државата судовите во јануари 2025 година работењето го почнале со нерешени 134 729 предмети, во работа примиле нови 540 122 предмети, имале вкупно во работа 674 851 предмет. Од овој фонд на предмети решени се 540 241, а нерешени останале 134 610 предмети. Во текот на 2025 погрешно биле заведени 217 предмети. Според наведените податоци на ниво на државата, судовите во 2025 година успеале да го совладаат приливот на предмети, го намалиле застојот за 119 предмети, поради што генералната оценка е дека се ажурни. Димовска кажа дека и оние кои работеле ажурно и оние кои годината ја завршиле со зголемен прилив на предмети, бидејќи, како што вели, работат во тешки услови, со недоволен број судии, но и судска администрација, а во некои од судовите, како што наведе, судската полиција поради немање кадар ги врши сите работи кои се во надлежност на администрацијата. Членката на Судски совет Џенета Бектовиќ наведе дека Врховниот суд во јануари 2025 работењето го почнал со нерешени 648 предмети, во работа примил нови 4 273 предмети, имал вкупно во работа 4921 предмети. Од овој фонд решени се 4189 предмети, нарешени останале 732 предмети, еден предмет бил погрешно заведен. Врховен суд не го совладал приливот и го зголемил заостатокот за 84 предмети и е неажурен, за разлика од лани кога бил оценет како ажурен. Вишиот управен суд јануари 2025 го започнал со нерешени 2091 предмет, примил во работа нови 3550 предмети, во работа имал вкупно 5641 предмет, решени се 2982, а 2659 останале нерешени. Погрешно биле заведени 10 предмети. Овој Суд не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот на 568 предмети и истиот е оценет како неажурен. Управниот суд во јануари 2025 работењето го почнал со нерешени 3759 предмети, во работа примил нови 8071 предмети, имал вкупно во работа 11 830 предмети. Од овој фонд решени се 6702 предмети, нарешени останале 5128 предмети, погрешно биле заведени 23 предмети. Судот не го совладал приливот и за 1369 предмети го зголемил заостатокот и исто така, се посочува, е неажурен. Апелацискиот суд Скопје јануари 2025 работењето го почнал со нерешени 7585 предмети, во работа примил нови 13 614 предмети, имал вкупно во работа 21 199 предмети. Од овој фонд решени се 13 496 предмети, нарешени останале 7703 предмети, погрешно заведени имало 11 предмети. Судот не го совладал приливот и го зголемил заостатокот за 118 предмети и е оценет како неажурен. Шест основни суда на ова апелациско подрачје се оценуваат како ажурни - во Велес, Гевгелија, Кратово, Куманово, Неготино и Основен Кривичен суд – Скопје, додека три како неажурни - Кавадарци, Крива Паланка и Основен граѓански суд Скопје. Кривичниот суд во Скопје во јануари 2025 работењето го почнал со нерешени 20 917 предмети, во работа примил нови 104 766 предмети, имал вкупно во работа 125 683 предмети. Од овој фонд решени се 108 331 предмет, нарешени останале 17 352 предмети, погрешно заведени биле седум предмети. Го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 3565 предмети и е оценет како ажурен. Основниот граѓански суд – Скопје во јануари 2025 работењето го почнал со 21 410 нерешени предмети, во работа примил нови 31 962 предмети, имал вкупно во работа 53 372 предмети. Од овој фонд решени се 30 629 предмети, нарешени останале 22 743 предмети, 45 предмети биле погрешно заведени. Овој Суд не го совладал приливот и го зголемил заостатокот за 1333 предмети и е оценети како неажурен. Апелациониот суд Битола во јануари 2025 работењето го почнал со 2120 нерешени предмети, во работа примил нови 5385 предмети, имал вкупно во работа 7505 предмети. Од овој фонд решени се 4820 предмети, нарешени останале 2685 предмети, погрешно биле заведени два предмета. Овој Суд не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 565 предмети и е неажурен. На ова апелациско подрачје како ажурен е оценет Основниот суд во Ресен, а како неажурни основните судови во Битола, Крушево, Охрид, Прилеп и Струга. Апелацискиот суд во Штип во јануари 2025 работењето го почнал со нерешени 2009 предмети, во работа примил нови 4009 предмети, имал вкупно во работа 6018 предмети. Од овој фонд решени се 4124 предмети, нарешени останале 1894 предмети и нема погрешно заведени предмети. Го совладал приливот и го намалил заостатокот за 115 предмети и е ажурен. Од ова апелациско подрачје како ажурни во работењето минатата година се оценети основните судови во Виница, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип, а како неажурни во Берово и Делчево. Апелацискиот суд Гостивар во јануари 2025 работењето го почнал со нерешени 1087 предмети, во работа примил нови 4570 предмети, имал вкупно во работа 5657 предмети. Од овој фонд решени се 5110 предмети, нарешени останале 547 предмети, нема погрешно заведени предмети. Го совладал приливот и го намалил заостатокот за 540 предмети и е ажурен. Во ова апелациско подрачје како ажурен е оценет Основниот суд во Гостивар, а како неажурни основните судови во Дебар, Кичево и Тетово. Бектовиќ нагласи дека секој судија треба да има тим со кој поефикасно и побрзо ќе ги решава случаите и изрази надеж дека недостигот на кадар во судската администрација ќе се реши оваа година и ќе се постигнуваат подобри резултати.Тагови: Судски совет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа ЕуростандардСекој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски. Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава. Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал. Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУште 20 институции влегуваат во системот за електронска архиваВо наредните три месеци уште 20 институции се приклучуваат на системот за електронско управување со документи. Наместо шетање и чекање по шалтери и канцеларии со куп документи во рацете, со неколку клика граѓаните ќе можат да си ги завршат административните обврски – министерството за дигитална трансформација најави дека уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива. Министерот Стефан Андоновски вели дека се повеќе институциите ги разменуваат податоците интерно, наместо граѓаните тоа да го прават физички, а месечните трансакции за размена на податоци, од 700.000 во 2024, изнесуваат 5,2 милиони до октовмри годинава. „Ова е важна промена во начинот на кој што работи државата, барањето можеби некогаш стигнува електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија, се чува во фиока или се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот, прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот тоа значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот, работата му е поорганизирана, а за граѓанинот побрзо постапување. “ Во меѓувреме, според министерот, дигиталниот паричник, односно М-Услуги станува се повеќе популарен кај граѓаните, односно, личните документи, како и дел од јавните услуги веќе се префрлаат на телефоните. Апликацијата е водечка во преземања во категоријата „утилитис“ во Македонија и до денеска ја презеле речиси 29,500 граѓани. Андоновски вели ова е само старт на апликацијата, која заеднички, со забелешките на граѓаните ќе се унапредува. „М-Услуги“ е на врвот на листата на најпреземани апликации во Македонија, што е потврда за големиот интерес на граѓаните и бројот на корисници кои ја преземаат.“ Андоновски вели дека напредокот е нотиран и од ЕУ. Ограничениот напредок од 2021 до 2024 година, во изминативе две години, според него, е евидентен, и во последнава година е оценет како добар напрадок од ЕК, а зад тоа, вели стојат, законски измени, воспоставени системи и услуги, но и претстои многу работа. „Европската комисија констатира добар напредок во поглавјето 10, дигитална трансформација и медиуми, истовремено, нивото на подготвеност за прв пат на државата во овој дел е подигнато од умерено ниво, на меѓу умерено и добро ниво на подготвеност. Ова е значаен резултат за Македонија.“ Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност, каде граѓаните очекуваат податоците да им бидат заштитени, па од таму, се работи на соодветна сајбер-безбедност, односно формиран е тим кој работи организирано, се обучува постојано согласно барањата на технологијата, со цел навремено препознавање на заканите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter