Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
1Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
2Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)
СветГодишен извештај на Руте за 2024Приоритет е НАТО да стане посилен и поагилен во одвраќањето и одбраната од сите закани.Фокусот на НАТО е кон исполнување на неговата основна мисија - обезбедувањето колективна одбрана на сојузниците, се наведува во Годишниот извештај на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте за 2024 година, кој нуди преглед на главните постигнувања на Пактот во текот на минатата година во исполнувањето на врвните политички приоритети - од зајакнување на одвраќањето и одбраната, до обезбедувањето поддршка за Украина. - Во последниве години, НАТО јасно го пренасочи својот фокус на зајакнување на својата способност да обезбеди колективна одбрана на сојузниците во еден посложен свет. Мојот приоритет како генерален секретар е да го засилам ова прилагодување, така што НАТО може да стане уште посилен, поагилен и поподготвен кредибилно да одвраќа и да се брани од сите закани за нашата безбедност, наведува Руте во извештајот. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Руте потенцира дека кога стана генерален секретар на НАТО во октомври 2024 година, по една деценија лидерство од Јенс Столтенберг, затекнал силна Алијанса од 32 нации со заедничка цел - зачувување на мирот и безбедноста за нивните една милијарда граѓани. - Оваа цел е поважна од кога било досега, кога се соочуваме со најопасното безбедносно опкружување: брутална војна во Европа, трајна закана од тероризам, растечка стратешка конкуренција и продлабочување на соработката меѓу противниците и конкурентите на Алијансата, нагласува Руте во документот. Според Руте, лани НАТО продолжил да го зајакнува својот колективен став за одвраќање и одбрана, усвојувајќи најсеопфатни и најамбициозни одбранбени планови од завршувањето на Студената војна и зголемувајќи ги своите сили во состојба на зголемена готовност на 500.000 борбено оспособени војници кои дејствуваат во воздух, по копно, на море, во кибер просторот и во Вселена и се опремени да одговорат на каква било закана. Во вакви услови, додава Руте во годишниот извештај, од суштинско значење е зголемување на трошоците за одбраната, со цел да се обезбедат силите и капацитетите потребни за зајакнување на одвраќањето и одбрана. - Во 2024 година, инвестициите во одбраната значително пораснаа низ Алијансата. Сојузниците на НАТО во Европа и Канада инвестираа вкупно 486 милијарди американски долари во одбраната, што е зголемување од 19,4 отсто во реални услови споредено со 2023 година. Во последниве години, европските сојузници на НАТО и Канада издвоија дополнителни над 700 милијарди американски долари за одбраната, се наведува во документот. Руте во него натаму потенцира и дека европските сојузници и Канада веќе преземаат и поголема одговорност за одбраната и безбедноста на евроатлантската област, но дека треба „драматично да ги забрзаат овие напори во 2025 година“ и мора да направат „квантен скок“ кога станува збор за придонесите и можностите за значително поголемо инвестирање. - Исто толку важно, треба повторно да ја активираме базата на одбранбената индустрија низ Алијансата и масовно да инвестираме во нашата способност за иновации и производство и во поголем обем и побрзо. Како што буџетите за одбрана продолжуваат да растат, нашата трансатлантска индустрија мора да го следи тоа темпо. Нашите противници и конкуренти ги подготвуваат своите војски за конкурентност, принуда и потенцијално за конфликт. Мора да го зајакнеме нашиот одбранбен индустриски капацитет за да се справиме со овој предизвик и да го зачуваме мирот, наведува Руте. Тој додава дека членките на НАТО мора експоненцијално да ја зголемат поддршка за изградба на посилна, поотпорна и поиновативна трансатлантска одбранбена индустриска база, преку соработка со индустријата и меѓу сојузниците, поддршка на безбедноста на критичните синџири на снабдување и олеснување на заедничките набавки за потребите на одбранбените планови на НАТО. Руте во извештајот потенцира и дека во 2024 година продолжи силната поддршката на НАТО за Украина во справувањето со руската инвазија, при што земјите членки издвоија над 55 милијарди американски долари воена помош за да му помогнат на Киев да се брани од агресијата денес и да може да одвраќа во иднина. Тој потсетува и дека 60 проценти од помошта на НАТО за Украина доаѓа од европските членки и од Канада. - Свртени кон иднината, сојузниците на НАТО се обединети во нивната желба за праведен и траен мир во Украина, додава Руте. Генералниот секретар на НАТО наведува и дека во 2024 година имавме „растечко стратешко усогласување и практична соработка“ меѓу Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, вклучително и преку распоредување на илјадници севернокорејски војници во Европа. - Оваа неодговорна ескалација ги илустрира врските меѓу безбедносните предизвици низ Евроатлантскиот и Индо-пацифичкиот регион и ја нагласува важноста на соработката со партнерите. Покрај тоа, амбициите и политиките на присила на Пекинг продолжуваат да ги предизвикуваат интересите, безбедноста и вредностите на сојузниците и претставуваат системски предизвик за безбедноста на евроатлантската област, смета Руте. Затоа, според него, во услови на вакви „меѓусебно поврзани закани и зголемена стратешка конкуренција“, НАТО продолжи да инвестира во зајакнување на сојузничката и колективната отпорност на критичната инфраструктура и клучните одбранбени синџири на снабдување, со цел да може да спречи, да се спротивстави и да одговори на саботажи, злонамерни кибер операции, економска принуда и други кампањи за дестабилизација што се водат против сојузниците. Според Руте, 2024 година ја одбележаа 75-годишнината од основањето на Алијансата и непоколебливата посветеност на сите сојузници на НАТО на трансатлантската врска. - Тоа се покажа со вистински напредок во зајакнувањето на нашите сили, способности и одбранбена индустрија за справување со предизвиците на поопасното безбедносно опкружување. Во 2025 година, треба значително да ги зголемиме нашите напори за да обезбедиме НАТО да остане клучен извор на воена предност за сите наши нации. Нашата континуирана слобода и просперитет зависат од тоа, потенцира Руте во извештајот. /МИАТагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЧетири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си. Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати. Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост. По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката. Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS). Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен. „Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП. Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат. Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината. Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветПаника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“. Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина. Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење. „На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“. Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави. TERRIFYING MIDAIR SCARE: A twice-deported illegal immigrant allegedly claimed to have a bomb and tried to storm the cockpit of United Flight from Newark to New Orleans, triggering an in-flight hijacking alert. Authorities say Honduran national Rony Alexander Gomez-Alberto—previously deported in 2011 and 2014, then released by an immigration judge in 2020—was arrested upon landing and faces terrorizing and false arson charges. ICE has placed a detainer as federal investigators weigh additional charges. — FOX & Friends (@foxandfriends) November 11, 2026 Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација. Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред. Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците. Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето. „Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата. Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот. Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.Тагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветЖена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса. Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“. Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро. Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил. Mulher é atropelada por criminoso durante roubo de carro na Barra Funda, em SP; vítima está em estado grave https://t.co/1YgWxOzUul #g1 https://t.co/u3s3bC5oFw — g1 (@g1) November 10, 2026 Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште. Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил. Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот. Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега. „Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот. Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената. „Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот. Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло. До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.Тагови: автомобил разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook