Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
1Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЕкономијаГодишен извештај на РКЕ: За 8,34% е зголемена потрошувачката на бензините, дури 87% биле увезени од Грција За 8,34% е зголемена потрошувачката на бензините во текот на изминатата година во споредба со 2024 година.За 8,34% е зголемена потрошувачката на бензините во текот на изминатата година во споредба со 2024 година - покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17%), екстра лесното масло (2,23%) и кај течниот нафтен гас - ТНГ(3,55%), додека пад во потрошувачката има кај млазното гориво за (-53,29%), мазутот (-1,12%) и кај потрошувачката на биодизел (-2,52%). Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар за една година е зголемена за 4,88%. Во структурата на потрошувачката најголем удел има дизел горивото со 74,16%, по што следуваат безоловните бензини со 11,74%, мазутот со 6,61% и течниот нафтен гас со 5,22%. Скоро 87% од нафтените деривати во текот на минатата година биле увезени од Грција, над 9% од Бугарија, 2,07% од Албанија, и 1,45% од Србија . „Во 2025 година го завршивме повторното лиценцирање на големите нафтени компании, што во пракса значи дека во следните 10 години се обезбедени предуслови за непречено снабдување со нафтени деривати.“ изјави Ацо Ристов, претседател на РКЕ Потрошувачката на природниот гас остана стабилна. Податоците покажуваат дека ТЕТО и трите топлани се најголеми потрошувачи (85%), втори се индустриските потрошувачи (13%), додека потрошувачките кои се приклучени на системите за дистрибуција на природен гас се со најмал удел (2%). Осум трговци вршеле увоз на природен гас во текот на изминатата година, што претставува зголемување на конкурентноста. Во 2025 година ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север) се стекна со две лиценци од кои едната е за производство, а втората за снабдување со топлинска енергија, соопштуваат од РКЕ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад АденауерБи сакал да се заблагодарам на Фондацијата "Конрад Аденауер", за овој прекрасен настан којшто го имаме овие три дена со извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , членовите на Владата, министрите и замениците министри кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Ефективната комуникација е најзначајна за едно добро владеење, она што се наши политики да можеме добро да ги презентираме пред граѓаните, но истовремено да имаме една добра синергија и една добра комуникација помеѓу нас, помеѓу различните структури во партијата, Извршниот комитет, општинските комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, и секако пратеничката група и Владата, како би можеле заеднички да ги креираме овие политики. Би сакал да се заблагодарам на Кристијан Серак, којшто специјално дојде за овој настан, и за тоа што прави една прекрасна обука за сите нас, има доста да се научи и доста работи кои се иновативни. Ова е начин на којшто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да остане во една добра форма, во кондиција, ова покажува дека и тоа што сега сме на власт, ја водиме државата, не не одлепува од партијата, напротив посветуваме доста време и енергија на организација на партијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период, а со цел економски напредок на Македонија, ефективно владеење на правото и повеќе успеси за државата.- објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во МајамиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј. Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа. Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер. Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница. „Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот. На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избориПратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов е во дводневна посета на Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес.Петрушевски во Шведска е на покана на Moderaterna и Jarl Hjalmarson Foundation, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи како дел од европското семејство на сестрински и партнерски партии. Во рамки на работната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен процес, на средби и брифинзи со претставници на шведската политика, како и со гости и претставници на политички партии од повеќе европски земји. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градењето силни партнерства со европските сестрински партии и на размената на позитивни искуства и практики кои можат да придонесат за унапредување на демократските процеси и политичкото делување во Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваме благодарност до Jarl Hjalmarson Foundation за поканата и поддршката на престојот на Петрушевски во Стокхолм.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00