Годинава нема избори, ВМРО-ДПМНЕ подготвено и за предвремени во 2027 година - Канал 5

Годинава нема избори, ВМРО-ДПМНЕ подготвено и за предвремени во 2027 година

Оваа година не, но следната можеби ќе има избори- премиерот Мицкоски остава простор за предвремени парламентарни во 2027ма. 

Годинава нема избори, ВМРО-ДПМНЕ подготвено и за предвремени во 2027 година

По вчерашната изјава кадешто навести дека постои можност, денеска појаснува дека тој е за редовниот термин на избори за две години, но изразува подготвеност ако се одржат и порано. Сега вели дека фокусот на владата е на реформите.

-Има некоја од партиите што се исплашија од таа изјава за изборите. Јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да има редовни избори кои што ќе се случат наскоро, во пролет 2028 година. А дали 2027 година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секоагш подготвена да оди на изборите и да победи,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Оваа најава според СДСМ е очекувана. Тврдат дека мотивот е тоа што власта се плашела од истраги и одговорност, буџетот бил испразнет и владината коалиција се распаѓала.

-Се потврдува она што СДСМ веќе подолг период го зборува, на Мицкоски му се брза за предвремени избори. Со падот на неговиот пријател Виктор Орбан, почнува распадот на криминалната мрежа што со години ја градеа во регионот. Во Унгарија веќе се најавуваат истраги кои ќе стигнат до Мицкоски и неговиот „голем брат“ Вучиќ. Сите братски бизнис шеми наскоро ќе бидат под лупа,- Александар Димитријевиќ - генерален секретар на СДСМ.

За предвремено изборно соочување се изјасни и Али Ахмети, кој вели дека нема проблем да се случат уште веднаш.

-Јас барав уште од првиот ден да има предвремени избори, тоа не е изненадување. Ако утре има избори, јас сум подготвен,- Али Ахмети – претседател на ДУИ (05.05.2026).

Од владејачката коалиција Вреди се на иста линија со премиерот Мицкоски дека главниот фокус треба да е на испорака на ветените политики, додека пак од Алијанса за Албанците ги посочуваат нив како директни виновници за укинување на балансерот и стагнирање во евроинтеграциите.

Тоа според партијата на Таравари е причина за нови избори, како единствено решение за излез од политичко-дипломатски ќор-сокак.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромни пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија, огнот се приближува до Мадрид (ВИДЕО)

Големи пожари продолжуваат да се шират во Шпанија и Франција, а властите предупредуваат дека ситуацијата останува многу сериозна. 

Огромни пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија, огнот се приближува до Мадрид (ВИДЕО)

Едно лице загина во пожар, кој сега е под контрола, во близина на Валенсија во источна Шпанија.

Во Шпанија, најкритичните области се Мадрид, Авила и Толедо, каде што пожарите сè уште не се под контрола и зависат од временските услови. Пожарот продолжува да се шири кон Мадрид.

Во Франција, пожарот во Жиронда се приближува кон областа Бордо, досега уништи околу 42.000 хектари, автопатот А63 кон Шпанија е затворен, а 220.000 луѓе се евакуирани.

Германија испраќа помош во Франција

Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија испраќа авиони и служби за итни случаи за да ѝ помогне на Франција во борбата против големите пожари на југозападот од земјата.

„Во близок контакт сум со Емануел Макрон. Испраќаме помош до областите погодени од пожарите во Франција за да ги поддржиме нашите соседи. Хеликоптер, авион А400 и служби за итни случаи се на пат“, напиша Мерц на X.

„Ви благодарам многу, Германија“, одговори Макрон на германски јазик.

Градоначалник на Сестас: Не можеме да кажеме кога луѓето ќе можат да се вратат

Градоначалникот на Сестас, Жером Стеф, изјави за BFMTV дека градот, кој се наоѓа југозападно од Бордо, е „за среќа напуштен“. „Имаме неколку луѓе кои не сакаа да ги евакуираат своите куќи. Секако, водиме список на нив во соработка со префектурата“, рече Стеф.

Сестас има околу 17.000 жители и се наоѓа на југозапад од метрополитенската област Бордо.

„Овој пожар е непредвидлив и секој пат кога мислиме дека сме добиле една битка, за жал нè изненадува на најлош можен начин. Затоа денес, за жал, не можеме да објавиме никаков датум за враќање“, рече градоначалникот.

„Денес е невозможно да се каже каде ќе престане пожарот“, додаде тој.

Следните часови се клучни за контролирање на пожарот во близина на Мадрид

Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на пожарот под контрола, соопштија шпанските власти.

„Ќе вложиме многу голем напор за да ги заштитиме различните згради, куќи и населби во оваа област, каде што работиме сите овие часови“, рече Франциско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид.

Зборувајќи во командниот центар во Навалкарнер, тој нагласи дека работата што треба да се изврши во наредните часови ќе биде клучна.

Пожар се заканува на областа околу Бордо

Француските власти предупредуваат дека пожарот повторно се разгорел и им се заканува на населбите околу Бордо. Пожарникарите се борат со ветерот, сувата вегетација и опасноста од ширење на пожарот во текот на денот.

Поради пожарот, автопатот А63 помеѓу Бордо и Шпанија беше затворен за 60 километри, објави префектурата Жиронда. Овој пат е една од клучните врски помеѓу југозападна Франција и Шпанија.

Пожарот во близина на Бордо уништи 42.000 хектари

Голем пожар во француската покраина Жиронда продолжува да се шири кон областа Бордо. Според проценката од префектурата Жиронда од 4 часот наутро, пожарот досега опустошил околу 42.000 хектари.

Во текот на ноќта, евакуирани се нови места јужно и источно од заливот Аркашон и во близина на Бордо. Меѓу нив се Маршприм, Ле Барп, Биганос, Миос и Сестас. Според новите податоци, вкупно 220.000 луѓе се евакуирани во Жиронда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нив

СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон  Лимани кој е таму благодарение на нив

Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено.

Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат одговорност, и подготвени се на секое решение да му најдат проблем.

Инаку, гостиварчани секојдневно добиваат 60 тони вода од страна на СОЗР, а има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе бидат доставени до обвинителството.

Моментот не е СДС да се истакне колку бесмислици може да измисли, и да се докажуваат и да го користат токму овој период, за да добијат политички поени. Пак во коалиција со ДУИ и Таравари, го штитат нивниот кадар.

Затоа што ако не беше нивни кадар, упте веднаш ќе побараа одговорност, уште веднаш ќе го преполнеа медиумскиот простор со прес-конференции и изјави со спинувани и непрецизни информации. Но, потребата на СДС да дојде, на власт е толку голема што повторно и во опозиција му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и го заобиколува Валбон Лимани, а во јавноста пласира теми кои немаат никаква поврзаност со актуелната состојба во државата и кризата во Гостивар.

СДС, ДУИ и Таравари, се коалиција во опозиција, која се обидува од сите кризи да шири паника кај граѓаните, и опозиција која освен власт не сака ништо друго и воопшто не е заинтересирана за граѓаните и она со кое што тие се соочуваат токму поради нив, во овој конкретен случај во Гостивар, од локалната власт, предводена токму од нив, се наведува во партиксото соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Во Гостивар уште 4.000 пациенти а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформации

ВМРО-ОКГ деновиве тврди дека СДСМ шири дезинформации и паника за водата.

СДСМ: Во Гостивар уште 4.000 пациенти а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформации

Во Гостивар ситуацијата е катастрофална.

За само неколку денови има речиси 4.000 пациенти. Болницата е преполна.

Водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба.

Ова е „дезинформација“?

Додека граѓаните стојат во редови за флаширана вода и полнат болнички ходници, ВМРО-ОКГ се занимава со обвинувања за паника.

Реалноста е јасна:

Илјадници заболени.

Вода што не смее да се користи ниту за миење.

А тие сè уште зборуваат за „дезинформации“.

Граѓаните во Гостивар не паничат. Тие се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер