На групната фотографија Трамп стои покрај Си, а Путин подалеку- дали е тоа пораката на кинескиот претседател ?
1На групната фотографија Трамп стои покрај Си, а Путин подалеку- дали е тоа пораката на кинескиот претседател ?
КултураГодинашната манифестација „Поетска ноќ во Велестово" во знакот на стиховите на Иван ЏепароскиОхридското село Велестово од вечер наредните три дена, по 31 пат, ќе живее за и од поезијата. Во 21 часот „Кај чешмата" на сред село ќе биде отворено 31-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово", со вечерта посветена на стиховите на Иван Џепароски и цртежите на Воскресија Андреевска. – Манифестацијата смело влегува во четвртата деценија од своето постоење. Се надеваме дека ќе не има уште долго и натаму да придонесуваме за афирмација на македонската поезија, култура, истакна на денешната прес-конференција Јулијана Величковска од организацискиот одбор на „Поетска ноќ во Велестово". Таа појасни дека на отворањето ќе настапи вокалистката Евгенија Здравевска (Зарина Првасевда) и Александар Петров како специјална придружба на тапан. Поетскиот портрет на Иван Џепароски ќе го презентира проф. д-р Наташа Аврамоска, а стихови од неговата поезија ќе чита актерот Владимир Јачев. Од 22 часот во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица" во Велестово ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Воскресија Андреевска. Величковска уште изрази задоволство што манифестацијата и оваа година повторно добива меѓународен предзнак, како поради претставување на поезија на странски поети, така и што годинава се обновува соработката со Меѓународниот семинар за македонски јазик и литература, односно учесниците ќе бидат гости на „Поетската ноќ во Велестово". – Како и секогаш оние што биле во Велестово знаат дека другарувањето продолжува и надвор од предвидената програма. Токму во тој меѓупростор се случува она што навистина ние го правиме, се создаваат пријателства, врски, се договараат културни размени кои значајно придонесуваат нашите гости да бидат вистински амбасадори на Велестово, Охрид, Македонија во светот, рече Величковска потсетувајќи дека многу од учесниците на манифестацијата во нивните подоцнежни песни ја презентираат инспирацијата добиена за време на нивниот престој тука. Поетот Џепароски изрази задоволство што е дел од плејадата поети, македонски автори кои биле во низата врзана за врвните вредности на македонската поезија. – Да се биде навечер во Велестово за секого, поет или обичен човек кој ја сака природата и љуби убавината, е прекрасно чувство, оттаму што таму како никаде на друго место може да се почувствува естетичката категорија возвишеност. Не поради фактот што Велестово се наоѓа на високо место, туку дека поезијата не издигнува во естетско доживување од поврзаноста на уметностите како што се поезијата, книжевноста, сликарството. Сестринските уметности таму настапуваат многу успешно, а тука се и музите да им помогнат на поетите да ги создадат нивните идни творби, рече поетот Џепароски. Тој додаде дека посебноста и специфичноста на „Поетската ноќ во Велестово" произлегува од неопсредната комуникација со населението кое живее во селото, што е редок случај мало село да има таква манифестација од врвно значење на која гостуваат најзначајните писатели, поети, теоретичари… – Вакви манифестации треба да се поддржуваат, постојано да се облагородуваат со нови идеи, нови гости, да се оствари комуникацијата со светот. Комуникацијата со другиот прави да се чуе надалеку гласот и за градот Охрид и за нашата држава, но и вредностите на нашата историја, култура, цивилизација. Се разбира, во комуникација со другиот да се оствари примарното, а тоа е преку запознавање на другиот да се запознаваме себеси, истакна Џепароски. Манифестацијата продолжува утре напладне во библиотеката „Григор Прличев" во Охрид , со настанот „Поезија напладне" посветен на творештвото на Поли Муканова од Бугарија, а од 19 часот во кафе-барот „Shilla" во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Жалба до Музата" од Џери Марфи од Ирска. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Димитар Пандев, а стиховите на македонски ќе ги чита актерот Јован Цветкоски. Поетот Џери Марфи кој вторпат доаѓа тука, понесен од инспирациите стекнати за време на првиот престој има напишано три песни посветени на Велестово и Охрид, Свети Наум. – Прекрасен е начинот на кој луѓето тука ја восприемаат поезијата. Нивната бројност на ваквите поетски манифестации и на промоциите на книгите покажува дека луѓето ја сакаат уметноста на напишаниот искажаниот збор. Наликува како да сум дома во Ирска, изјави Марфи, кој инаку е еден од најпознатите поети во Ирска. На третата и завршна поетска вечер на 18 август од 20:30 часот во Куќата на Уранија во Охрид во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски" ќе биде претставен романот „Некој бил тука" од Николина Андова Шопова, кој ја доби наградата „Роман на годината" за 2018-та, со што ќе заврши годинашното издание на „Поетската ноќ во Велестово". „Поетска ноќ во Велестово" е манифестација единствена од таков вид во земјава. Основана е во 1989 година како камерна презентација на творештвото на афирмиран македонски поет и сликар. Од нејзиното прво издание одржано на 12 авуст 1989 година низ неа продефилираа најзначајните македонски поети и сликари, меѓу кои: Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Јован Котески, Матеја Матевски, Радован Павловски, Јордан Плевеш, Славе Ѓорѓо Димоски, Богомил Ѓузел, Михаил Ренџов, Ефтим Клетников, Ристо Јачев, Братислав Ташковски, Пако Кузман, Веле Смилевски, катица Ќулавкова, Раде Силјан, Бладимир Мартиновски, Никола Маџиров и др., сликари: Вангел Наумовски, Глигор Чемерски, Сергеј Андреевски, Боро Митрикевски, Родољуб Анастасов, Владимир Георгиевски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Мирослав Масин, Славко Упевче, Никола Упевче, Драган Спасевски-Охридски, Доне Милјановски, Нове Франговски, Васко Ташковски, Александар Станковски и други. Од странските поети досега во Велестово имаат настапено поети од Сирија, Србија, Турција, Израел, Ирска, од Италија, Црна Гора, Естонија, Бугарија, Албанија, Норвешка, Словачка, Словенија, од Монголија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветНа групната фотографија Трамп стои покрај Си, а Путин подалеку- дали е тоа пораката на кинескиот претседател ? Самитот на АПЕК во Шенжен, Кина, ги собра тројца од највлијателните политички лидери во светот.Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател, Владимир Путин и кинескиот претседател, Си Џинпинг, им се придружија на другите национални лидери на традиционална групна фотографија пред планираниот трилатерален состанок закажан за 19 ноември. На групната фотографија направена на самитот, кинескиот претседател Си Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан стоеја во средината на првиот ред. Американскиот претседател Трамп и рускиот претседател Путин беа фотографирани и во првиот ред. Позицијата на Трамп до Си го привлече вниманието на светот. Од друга страна, иако се очекуваше во таков момент, Путин не стоеше до Си, туку до сопругата на Си. За разлика од Трамп и Си, кои изгледаат весело на фотографијата, истото не изгледа дека важи за Путин. Она што дополнително ги „подгреа сомнежите“ дека Путин не добива ист третман на самитот беше информацијата објавена од странските медиуми дека Си наводно му рекол на Путин да застане до неговата сопруга Пенг Лијуан, додека тој му рекол на Трамп да застане до него. Канадскиот премиер Марк Карни и јапонскиот премиер Санае Такаичи стоеја во вториот ред. Исто така, порано денес, кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен, што е невообичаен дипломатски гест и покажува колку значење Пекинг им придава на односите со Вашингтон. Си го чекаше американскиот лидер под скалите на авионот, на црвениот тепих, со што му возврати добредојдето што Трамп му го упати за време на неговата посета на Соединетите Држави претходно оваа година, објавува CNN. За време на неговиот мандат како лидер на Кина, Си никогаш лично не отишол на аеродромот за да пречека американски претседател. Сепак, Путин не доби ист третман од кинескиот претседател по пристигнувањето во Кина. Имено, Путин беше пречекан на аеродромот во Шенжен од Каи Чи, еден од најмоќните луѓе во кинеското државно раководство и близок соработник на Си. Појавата на тројцата лидери на истата фотографија создаде впечатлива дипломатска слика пред трилатералниот самит што се очекува на 19 ноември, на кој би можело да се разговара и за војните во Украина и Иран. Трамп и Путин се ракуваат за прв пат Трамп и Путин се сретнаа лице в лице денес за прв пат од самитот одржан во Алјаска во август 2025 година. По краткото ракување, Трамп и Путин им се придружија на другите учесници на семејна фотографија. Беше покрената и можноста двајцата лидери повторно да се сретнат за време на самитот. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп и Путин би можеле повторно да се сретнат за време на самитот во Кина, иако не очекуваат сеопфатни билатерални преговори. Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, во меѓувреме, изјави дека е договорено двајцата лидери да одржат посебен состанок. Ушаков изјави дека разговорите би можеле да започнат за време на официјалниот банкет во среда навечер, додавајќи дека лидерите би можеле да остварат контакт и за време и по пленарната сесија на АПЕК во четврток. Песков изјави дека Трамп и Путин би можеле да разменуваат мислења за војните во Украина и Иран доколку најдат можност да се сретнат приватно. Песков, исто така, рече дека Путин разговарал за војната во Украина за време на претходната средба со Си Џинпинг. Се очекува контролата на нуклеарното оружје и прашањата за глобалната безбедност да бидат високо на агендата на трилатералниот состанок меѓу Трамп, Путин и Си закажан за 19 ноември. Тековната војна во Иран и руските напади врз Украина се исто така меѓу прашањата за кои би можеле да разговараат лидерите. Сепак, страните дадоа различни изјави за тоа дали Украина формално ќе се појави на агендата.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време Времето утре ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд, информира УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 10 Лазарополе, 11 Маврови Анови, 12 Попова Шапка, Крушево, 14 Претор, Охрид, 17 Прилеп, 18 Крива Паланка, Берово, Струмица, Пожаране, Ѓуриште, Гевгелија, 20 Битола, Зајчев Рид, Виница, 21 Тетово, Скопје Петровец, 22 Демир Капија, Штип, 23 Кавадарци, 24 Велес. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 2 Лазарополе, Крива Паланка, 1 Маврови Анови. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со сончеви периоди. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Дуваше умерен до засилен ветер од југозападен правец. До крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Шоу бизХулио Иглесијас под истрага: Две жени тврдат дека биле жртви на сексуално злоставувањеШпанскиот пејач Хулио Иглесијас (83) повторно се најде во центарот на обвинувања за сексуално злоставување. Шпански суд покрена истрага откако две негови поранешни вработени поднесоа пријава, обвинувајќи го за сексуален напад. Пејачот ги негира сите обвинувања, пренесува „The Sun“. Поранешни вработени тврдат дека биле изложени на закани и насилство Според британскиот таблоид, две жени кои работеле на имотите на Иглесијас на Бахамите и во Доминиканската Република во 2021 година, го обвиниле пејачот за сексуално злоставување. Во својата пријава, тие опишале работна средина која – според нивните наводи – се одликувала со принуда, закани и насилство. Тие понатаму тврдат дека однесувањето на Иглесијас создало атмосфера во која злоставувањето се третирало како нормален дел од секојдневието. Шпанскиот суд отвори истрага врз основа на сомневања за кривични дела против сексуалната слобода. Иглесијас ги негира обвинувањата Пејачот негира какво било незаконско однесување. Оваа нова истрага доаѓа по отфрлањето на претходните обвинувања против него. Засега не се објавени дополнителни детали во врска со постапката, можните докази или следните чекори што ќе ги преземат правосудните органи. Важно е да се нагласи дека станува збор за обвинувања кои моментално се предмет на истрага, а не за судска одлука за вина.Тагови: Хулио Иглесијас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45