Гоцевски: Ќе го оживееме Голак гордоста на Делчево, a младите ќе ги поддржиме со стипендии - Канал 5

Гоцевски: Ќе го оживееме Голак гордоста на Делчево, a младите ќе ги поддржиме со стипендии

Иван Гоцевски, кандидат за градоначалник за општина „Делчево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг се обрати и истакна дека главен столб на предизборната програма е локалниот економски развој .

Гоцевски: Ќе го оживееме Голак гордоста на Делчево, a младите ќе ги поддржиме со стипендии

Иван Гоцевски, кандидат за градоначалник за општина „Делчево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека главен столб на предизборната програма е локалниот економски развој и подобар животен стандард за граѓаните на Делчево.

„Делчевчани заслужуваат иднина, иднина создадена врз основа на реален план, знаење и силен капацитет на нашиот народ, делчевчани заслужуваат секој дом да добие доволно количини и квалитетна вода за пиење. Ќе го реконструираме главниот доводен цевковод за град Делчево, и ќе ги поврземе селата Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор, Полето, Габрово, Очипала. Главен столб на нашата предизборна програма е локалниот економски развој и подобар животен стандард за сите граѓани, со серија на мерки, политики и активности ќе поставивме темели за локална заедница, за одржлив раст и развој, безбедноста, заштитата и пред се здрава и хумана животна средина се наш приоритет околу кој ќе ги обединиме сите чинители за подобрување на состојбите“, истакна Гоцевски.

Гоцевски наброи дел од приоритетните проекти на изборната програма.

„Ќе го оживееме Голак гордоста на Делчево, ќе ги поддржиме младите со стипендии, стажирање, кариерни центри и манифестации, ќе ја дигитализираме општината, е-седници на Совет, е-општина, подостапни и надградени електронски услуги, нов објект за дневен престој на нашите најмлади, отворање на нов дом за стари лица, многу нови урбани содржини за подобар јавен живот за сите возрасти, значително ќе го зголеми обемот на урбана, зелена површина, ќе воспоставиме нова програма за нов зелен катастар, велосипедски патеки и субвенции за енергетски фасади и инвертери, ќе поставиме мерни станици за квалитет на воздух и вода, фиксни точки за рана детекција на пожари, од локалната патна инфраструктура изградба на нов булевар „Индустриска“ во централното подрачје, изградба на нови кружни текови и нов мост на реката Брегалница, изградба на улици со тротоари, изградба на улици во населбата Ѕвегорска река, решени сме да изградиме модерни сообраќајници до секое домаќинство, конечно започнува со реализација на проектот за експресниот пат Делчево-Виница-Кочани“, истакна Гоцевски.

На крај Гоцевски ги повика граѓаните да гласаат на 19 октомври, и да ја поддржат неговата визија и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа вечерва, ве повикувам не дозволувајте други да одлучуваат за нашата иднина, да се обединиме како никогаш досега, поддржете ја оваа наша, заедничка визија. Излезете, вашиот глас одлучува, гласајте за развој и проекти. На 19 октомври поддржете ја и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот избор е бројот 9, за твоето место, за твојата иднина“, истакна Гоцевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор.

Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби.

„Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина.

Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор.

Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба.

„Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп.

Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор.

Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор.

„Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател.

На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна.

„Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер