Го знаеме како Брус Вилис, а еве всушност од каде потекнува и кое е неговото вистинско име! - Канал 5

Го знаеме како Брус Вилис, а еве всушност од каде потекнува и кое е неговото вистинско име!

Ретко кој знае дека познатиот актер не е роден во Америка, туку во Западна Германија, во градот Ибер-Оберштајн. 

Го знаеме како Брус Вилис, а еве всушност од каде потекнува и кое е неговото вистинско име!

Неговиот татко Дејвид Вилис бил американски војник, додека неговата мајка Марлен била Германка. Вистинското име на славниот актер е всушност Волтер Брус Вилис, но тој секогаш се претставувал како Брус.

Сепак, поголемиот дел од неговото растење го поминал во Њу Џерси, Америка, каде што се преселиле откако неговиот татко бил отпуштен од војска во 1957 година. Пред да почне да се занимава со глума, тој работел различни работи за да му помогне на своето семејство финансиски да застане на нозе. На почетокот дури и бил возач во нуклеарна централа, додека еден период работел и како шанкер. Сепак, на почетокот на осумдесеттите години почнаа да се појавуваат споредни улоги, кои му ги отворија вратите кон денешната блескава кариера.

Првата главна улога ја имаше во филмот „Состанок на слепо“, во кој партнери му беа Ким Бесинџер и Џон Ларокет. Веднаш потоа следеше главна улога во филмот„Зајдисонце“, а статусот на филмска ѕвезда го доби со улогата во „Умри машки“ снимен далечната 1988 година. Последната улога на актерот беше во 2019 г., кога во „Лего филм“ се глумеше себеси.

Пред една година, кога неговото семејство соопшти дека познатиот акционен јунак оди во предвремена пензија поради ретко заболување афазија, неговите обожаватели ширум светот беа во шок. На почетокот од оваа година беше соопштено дека всушност му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.

СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе.

Мицкоски ја премина секоја граница.

Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат.

Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село.

Вчера Обвинителството со молскавична брзина го пронајде оној што го навредил Мицкоски.

Денеска очекуваме со истата брзина

Насилниците што синоќа ги нападнаа младите активисти во Ново Село мора веднаш да бидат идентификувани и приведени.

Веќе е познато дека во нападот учествувал и возач на градоначалник на Струмица од ВМРО - Наско Димитриев.

Значи - лесно ќе ги пронајдат.

Панче Тошковски, наместо да се занимава со хиперхлорирање, анализи на водата и пуштање на водата да истекува од цевките, нека си ја работи својата работа и уште денеска нека ги пронајде насилниците и нивните налогодавачи.

Полицијата и Обвинителството мора да го работат својот работа.

Без селективност.

Без заштита.

Насилството по налог не смее да помине неказнето - Без разлика што нарачател е премиерот Мицкоски.

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Манекенка која „не излегува“ од бикини

Таа е „жив оган“ и не се разделува од бикинито.

Фото: Манекенка која „не излегува“ од бикини

Легендарниот топ модел Алесандра Амброзио е уште една од славните убавици кои во овој период уживаат далеку од градската врева, а потоа ги воодушевуваат своите следбеници на социјалните мрежи со фотографии во бикини.

Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (45) летото го поминува со своето момче, Бак Палмер, кој е заслужен за нејзините совршени фотографии на Инстаграм.

Сезоната на бикини е во полн ек, а убавата Бразилка дефинитивно има што да покаже.

Фаталната убавица искористи уште една можност да го покаже телото што со години е во центарот на вниманието на медиумите и модните писти, и иако е во петтата деценија од животот, Алесандра дефинитивно сè уште нема конкуренција.

„Најзгодната пензионерка“, како што ја нарекуваат во јавноста, не крие дека напорно тренира за да ја одржи линијата, па затоа не изненадуваат бројните позитивни коментари под нејзините објави.

„Совршена си“, „Најубавиот модел си“, „Секси мама“, „Те сакам“, „Само продолжи така“, „Вистински оган“ – беа дел од реакциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Холивудската ѕвезда, актерката Хали Бери објави серија фотографии кои се најсекси досега.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Атрактивната актерка Хали Бери ужива во жешкото лето и дава сè од себе за да го направи уште пожешко со провокативни фотографии.

59 годишната Хали Бери е позната по провокативните фотографии на кои не се двоуми да го покаже и своето голо тело, а неодамна објави и серија жешки слики.

Добитничката на „Оскар“ спакува разновидни комбинации за плажа за својот одмор на Фиџи со свршеникот Ван Хант, но изгледа дека не облече ниту една од нив...

Додека се сончаше покрај базенот, таа ја соблече речиси целата облека, што може да се види на фотографијата што ја сподели на Инстаграм за време на викендот – една од многуте што ги направи за време на ова идилично патување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер