Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
ЖивотГо заклучила партнерот во куфер додека си играле криенка и го оставила да умре (ВИДЕО)Американка мора да одговара пред суд во Флорида за чуден случај на убиство.Обвинението вели дека го ставила своето момче во куфер и го оставила таму да умре. На рочиштето одржано во петокот, судењето, четири години по апсењето, е закажано за октомври. Сара Бун (46) на судското рочиште се изјаснила за невина. Во текот на истрагата, таа сведочела дека таа и нејзиното момче си играле криенка во заедничкиот стан, пишува ABC news. Тогаш дошле до идеја дека би било смешно доколку Хорхе Торес (42) се сокрие во куфер. Двајцата пиеле. Сара тогаш решила да легне да спие. Таа верувала, според извештајот од апсењето, дека Хорхе може да се ослободи од куферот. Кога се разбудила следното утро, не го нашла своето момче како лежи до неа. Дури тогаш се сетила дека тој е во куферот, како што пренесува агенцијата АП. Кога го отворила патентот од куферот, тој бил во несвест. Инспекторите подоцна пронашле снимка на нејзиниот мобилен телефон на која се гледа куфер со Хорхе внатре и маж кој вреска дека не може да дише во куферот. Тој ја пцуе својата партнерка. Од друга страна, Сара се слуша како вели: „Да, тоа се случува кога ќе ме задавиш. Така се чувствувам кога ме изневеруваш“. Според полициските досиеја, Хорхе бил апсен четири пати поради наводен напад врз Сара. Според обдукцијата, жртвата имала гребаници на грбот и вратот, расекотина на лицето и набиеници на рамото, черепот и челото. Случајот се случил во февруари 2020 година. Следниот судски датум е закажан за октомври годинава. Од нејзиното апсење, Сара Бун има неколку адвокати, што го одложува судењето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил самУнгарскиот премиер Петер Маѓар кој по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, објави видео на социјалните мрежи на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување. „Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар. Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно. Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – КрњевоГрадоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев преку социјалните мрежи информира дека завршила реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км[📌] Заврши реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км, со дуктилни цевки, а во рамки на истиот се изгради и нова хлорна станица. Ова е прва реконструкција на овој дел од системот. [✔️] Проектот е финансиран од Министерството за транспорт во финансиска вредност од 20 милиони денари, стои во објавата на Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаОпштина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатстваСо реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост Општина Илинден направи значаен чекор во унапредувањето на својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во рамките на Договорот за соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, носител на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“. Новата дигитална платформа овозможува интерактивно и реалистично запознавање со природните, културните и јавните содржини на територијата на Општина Илинден. Посетителите имаат можност виртуелно да прошетаат низ населените места и да се запознаат со образовните установи, спортските терени, парковите, верските и културните објекти, како и со други значајни локации во општината. Визуелниот водич содржи околу 250 интерактивни 360° панорами, снимени од воздух, како и виртуелни прошетки низ повеќе објекти, овозможувајќи им на корисниците уникатно искуство и можност да ја запознаат Општина Илинден од каде било во светот. Во следниот период е предвидено дополнително проширување на содржините со вклучување на нови локации и објекти од сите населени места во општината. Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост и подобра презентација на општината пред пошироката јавност. Виртуелниот водич е достапен на следниот линк: www.macedoniafromabove.mk/ilinden/.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook