Други спортовиГо шокира фаворитот во УФЦ, па се врати на својата работа на градилиште- имаше посебен дочек (ВИДЕО)Само пет дена по неговата сензационална победа на настанот UFC 322, новопечената ѕвезда во бантам категорија Етин Јуинг се врати на својата секојдневна работа.Наместо боречки ракавици, тој повторно облече работнички чизми, а видеото од пречекот што му го приредија неговите колеги на градилиштето стана вирален хит. Јуинг го шокираше фаворитот Малколм Велмејкер минатиот викенд во легендарниот Медисон Сквер Гарден. Иако ја прифати борбата во последен момент како замена, тој прикажа доминантен настап и славеше со едногласна одлука, стекнувајќи армија нови фанови преку ноќ. Иако нивната борба беше очигледен кандидат за „Борба на ноќта“, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изненади од одлуката да не им додели бонус од 50.000 долари. Ова е веројатно главната причина зошто Јуинг мораше да се врати на својата физичка работа уште оваа недела. Добредојде на градилиштето Видеото кое го прикажува враќањето на Јуинг на работа почна да кружи на интернет. Кога борецот со прекар „Професор Финесер“ влезе на градилиштето, неговите колеги го поздравија со аплауз и честитки. Ethyn Ewing returns to work after huge win at UFC 322 🫡 pic.twitter.com/M4vWML9KT9 — Uncrowned (@uncrownedcombat) November 20, 2025 Надвор од октагонот, Јуинг работи како специјалист за безбедност во градежната индустрија. Тој е ко-сопственик на консултантската компанија „Окусејф Нетворк“ заедно со својот татко во Калвер Сити, Калифорнија. Со години успешно ја балансира напорната работа со професионалната кариера, а честопати ги користеше напорните работни часови како мотивација за уште понапорен тренинг и успех во октагонот. Откако ги загуби првите две професионални борби, Јуинг, сега со резултат 9-2, извојува девет победи по ред, вклучувајќи седум со нокаут. Иако се врати на работа оваа недела, моментумот што го доби сугерира дека нема засекогаш да биде заглавен на градилиштето, според порталите за боречки вештини.Тагови: УФЦ фаворит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС ОпенСабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен. Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен. Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната. Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година. Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа. Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан. US Open outfit pic.twitter.com/pIOVmEpisS — 👑 Aryna Sabalenka 🐯 Daily (@SabalenkaDaily) July 30, 2026 Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија. Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото. Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканФото: Змија виси над волан на автомобил во БиХКорисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет. Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот. Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато. Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите. https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисСаша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди. Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови. Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите. Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ: „Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев. И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат. „Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.Тагови: Зверев Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook