Го ризикува животот да се почувствува жив! - Канал 5

Го ризикува животот да се почувствува жив!

26 годишниот Украинец кој себеси се нарекува Mustang Wanted вели дека смртта не е најлошата работа на светот.

- Сите умираат но не живеат сите како што сакаат - вели Украинецот.

Тој многу пати си ја пробал среќата со судбината, а неговата амбиција е да стане каскадер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промовиран Дигиталниот архив на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје, вчера, во Кинотеката на Македонија промовираше Дигиталниот архив на Институтот.

Промовиран Дигиталниот архив на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

Станува збор за нова дигитална платформа која претставува значаен чекор во процесот на дигитализација, зачувување и поголема достапност на македонското фолклорно и културно наследство.

Со воспоставувањето на Дигиталниот архив се отвораат нови можности за систематизирање, зачувување и презентирање на вредните архивски материјали и за нивна поголема достапност за истражувачите и пошироката јавност.

Проектот, финансиран од Министерството за култура и туризам, е резултат на соработката меѓу научно-истражувачкиот кадар и архивистите на Институтот, под раководство на директорот проф. д-р Зоранчо Малинов, со техничка и развојна поддршка од компанијата 4Виртус.

На реализација на проектот работеа проф. д-р Јана Манева Чуповска, проф. д-р Александра Кузман, проф. д-р Емилија Апостолова Чаловска, доц. д-р Стојанче Костов и архивистите Блага Ангелкова и Цане Серафимовски.

Компанијата 4Виртус беше вклучена во развојот на техничките и идејните решенија за функционалноста и оперативноста на платформата, придонесувајќи кон создавање современо дигитално решение во служба на културното наследство.

Овој проект е пример за значењето на соработката меѓу научните институции и ИТ секторот во создавање современи решенија за заштита и афирмација на националното културно наследство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Вонреден надзор над работењето на финансиските друштва – забрана од 30 дена за две финансиски друштва да издаваат кредити

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

МФ: Вонреден надзор над работењето на финансиските друштва – забрана од 30 дена за две финансиски друштва да издаваат кредити

Вонредниот надзор беше спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани при што презеде соодветни мерки согласно законските прописи.

Надзорот над финансиските друштва се спроведува согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти, преку континуирано вонтеренско следење и непосредни контроли. Активностите на финансиските друштва се следат континуирано при што особено внимание се посветува на претставките, пријавите и информациите доставени од граѓаните, како значаен извор на сознанија за работењето на овие субјекти и за евентуалните ризици за корисниците на финансиски услуги. При тоа, секоја претставка или пријава доставена до Министерството за финансии се разгледува во рамките на неговите законски надлежности и во зависност од содржината и наводите, се преземаат соодветни активности.

Министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани коишто сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава до Министерството за финансии. Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр.12 Скопје и на електронската адреса: [email protected].

Имено, Министерството за финансии спроведува континуиран надзор над работењето на финансиските друштва. При тоа од јули 2024 година има изречено мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

Министерството за финансии ќе продолжи со континуиран надзор над финансиските друштва, засилено следење на работењето на финансиските друштва, како и преземање соодветни мерки во рамките на своите законски надлежности, со цел унапредување на законитоста и транспарентноста во работењето и зајакнување на заштитата на граѓаните како корисници на финансиски услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штрајк во Грција. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати...“

Работниците во грчкиот јавен сектор, заедно со неколку синдикати од приватниот сектор, денес одржуваат штрајк на национално ниво, барајќи повисоки плати и поквалитетни јавни услуги – потег што предизвика нарушувања во транспортот низ целата земја.

Штрајк во Грција. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати...“

Фериботскиот сообраќај кон островите е прекинат, а работата на метрото е запрена во утринските и вечерните часови. Истовремено, откажани се летови на некои регионални аеродроми, бидејќи на штрајкот им се придружија поморци, како и работници од секторите транспорт и телекомуникации.

Штрајкот, организиран од најголемиот синдикат во грчкиот јавен сектор, АДЕДИ, бара повторно воведување на годишните бонуси на плата – кои беа укинати за време на грчката должничка криза – како и зголемување на средствата за здравството и образованието.

Се очекува вработените во јавниот сектор, од наставници во училиштата до лекари во болниците, во текот на денот да излезат на улиците во Атина и во другите градови за да протестираат и да ја изразат својата поддршка за штрајкот.

Овој штрајк во Грција – трет во последните неколку недели – се совпаѓа со растечкиот бран протести на млади луѓе низ Европа, поттикнати од лошите услови во образованието, зголемените трошоци за домување и падот на животниот стандард.

„Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати, енергетска сиромаштија...“

„Се бориме за значително зголемување на платите што ќе го надомести губењето на нашата куповна моќ“, изјавија од АДЕДИ. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати, енергетска сиромаштија, ниту пак катастрофалната состојба во јавното здравство и образованието“, додадоа тие.

Грција, една од најзадолжените земји во еврозоната, се опорави од финансискиот колапс кој, меѓу другото, доведе до намалување на платите во замена за пакети финансиска помош во вредност од приближно 280 милијарди евра.

Иако во последните години платите се зголемија, а даноците се намалија, многу домаќинства сè уште се соочуваат со тешкотии поради наглиот пораст на кириите и трошоците за живот – ситуација која дополнително се влошува поради повисоките цени на храната и енергенсите, што е последица на војните во Украина и на Блискиот Исток. Премиерот ветува божиќни бонуси и повисоки плати

Владата на десниот центар, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис – кој беше реизбран во 2023 година, а напролет го очекуваат национални избори – најави даночни олеснувања и субвенции во вкупна вредност од околу 2,2 милијарди евра за оваа година, со цел да им се помогне на граѓаните со ниски примања и на пензионерите.

Тој вети божиќен бонус од 500 евра за околу 700.000 државни службеници, почнувајќи од декември 2027 година, како и просечна месечна плата од 1.800 евра во сите сектори до 2030 година – што претставува зголемување во однос на сегашниот износ од околу 1.400 евра.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер