Го пронашле на поле со пченка, изнемоштено и болно(фото) - Канал 5

Го пронашле на поле со пченка, изнемоштено и болно(фото)

Изгледало како бушаво чудовиште и завивало од болка 

Го пронашле на поле со пченка, изнемоштено и болно(фото)

Кучето по име Мет било пронајдено напуштено во поле со пченка. Спасувачите од здружението за заштита на животни не ни знаеле за какво животно се работи кога го пронашле.

Тори Хјустон, која волонтира во Здружението, вели дека никогаш нема да го заборави моментот кога го пронашле кучето.

- Кучето е пронајдено во поле со пченка, болно, запуштено и напуштено. Ни се јавија и отидов да го земам. Кога стигнав, бев шокирана, иако имав видено секакви ситуации. Состојбата на ова животинче беше најлошото нешто што сум го видела. Имаше толку многу влакна што не знаевме каде му е муцката, а каде опашот, ужасно смрдеше. Не можевме да видиме ниту еден дел од неговото тело. Изгледаше како куп овча волна - раскажува Тори.

Несреќното куче изгледало како бушаво чудовиште и дури откако го отстраниле вишокот крзно, виделе преслаткото и исплашено кученце кое не ни знаело што го снашло, пишува „Пипл“.

Крзното на кучето било толку заплеткано што му враснало во кожата, а неговите нокти биле долги 5 сантиметри.

- Кучето имаше трули делови од кожата. Влакната му беа заплеткани и враснати во кожата, а ноктите му беа долги 5 сантиметри, во неговата кожа исто така имаше враснато трње. Кучето завиваше од болка секогаш кога ќе го пипневме или ќе се обидевме да го потстрижеме - велат вработените од Здружението.

Поради тешката здравствена состојба Мет е сместен во ветеринарна клиника. Морале да му дадат анестезија за да можат да го потстрижат. Му извадиле три килограми крзно, што е многу за толку мало куче.

-Имаше многу модринки по телото, беше анемично, па мораше да прими железо. Имаше инфекција на окото, затоа не можело да гледа од толку многу влакна, прашина и нечистотија, објаснува Хјустон.

Кучето треперело од страв, претпазливо приоѓало до садот за храна и вода. Било јасно дека преживеало страшна траума. Со тек на време, како почнало да закрепнува, се спријателило со волонтерите на Здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер