Го прогласиле за мртов без обдукција, по што е покрената итна истрагa

Го подготвувале да го стават во печка за кремирање, а тој ги отворил очите: Избегале врескајќи, никој не забележал дека човекот дише

Го прогласиле за мртов без обдукција, по што е покрената итна истрага.

Во овој неверојатен пресврт на околностите, 45-годишниот Рохиташ се вратил од мртвите само неколку моменти пред да биде кремиран во индискиот град Џунџуну, Раџастан. Овој извонреден момент се случил на 21. ноември, кога тој бил завиткан во ќебе, опкружен од запрепастените набљудувачи, ги покажал првите слаби знаци на живот, со што го избегнал претстојното кремирање.

Рохиташ, кој е и нем и глув, бил прогласен за мртов откако тешко се разболел ден претходно, додека престојувал во едно локално засолниште.

Лекарите го прегледале и констатирале смрт, по што телото било пренесено во мртовечница. По три часа поминати во мртовечница, медицинските сестри случајно забележале дека тој се уште дава знаци на живот. А, кога ги отворил очите, сите се разбегале врескајќи.

Официјалните лица подоцна објаснија дека лекарите по грешка ја прескокнале обдукцијата, што довело до тоа Рохиташ да биде прогласен за мртов и испратен на кремирање. По тој повод, се огласил и началникот на полицијата во Џунџун, Шарад Чудари.

- Никој не забележал дека сè уште дише, иако бил испратен на кремирање. Кога го ставиле на подлогата, тој се разбудил - изјави Чудари.

Откако увиделе дека е жив, Рохиташ веднаш бил пренесен назад во болницата Рајкија Багван Дас Кетан (БДК) на интензивна нега. Иако лекарите се потрудиле да го спасат, за жал, утрото на 22. ноември тој починал од последиците на болеста додека бил на интензивно лекување.

Овој инцидент предизвика шок во локалната заедница, а полицијата најави суспензија на главниот лекар, како и на тројца други лекари инволвирани во случајот поради наводното невнимание. Овој настан потсетува на сличен случај од минатата година, кога една жена, која била прогласена за мртва, „оживеа“ додека ја подготвувале за кремирање во Ајова.

Овие трагични и мистериозни инциденти покренуваат сериозни прашања за медицинските процедури и методи за утврдување на смртта, како и за важноста на прецизноста во овие деликатни ситуации.

Во трка за наградата „Роман на годината“ 43 дела

 На годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ којшто траеше од 15 декември до 15 јануари, пристигнати се 43 романи. 

На конституитивната седница, жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатирала дека во конкуренција се романи од различни жанрови и дека процесот на избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.

Комисијата, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Името на победникот треба да биде објавено до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, поддржана од Министерството за култура, чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по 26-ти пат. Признанието се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Ѓоковиќ го затвори тренингот пред четвртфиналето против Алкараз

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата, десеткратниот освојувач на Австралија Опен, Србинот Новак Ѓоковиќ овој понеделник тренираше во комплексот Мелбурн Парк, но за првпат го затвори тренингот за новинарите и пошироката јавност.

Комплексот го вклучува и Националниот тениски центар на Австралија, кој вклучува и затворени терени. Токму тука Србинот реши да направи генерална проба пред четвртфиналниот натпревар против Карлос Алкараз, кој е закажан за вторник во 11 часот по наше време.

Ѓоковиќ, инаку, цело време тренираше на терените на Националниот тениски центар зад затворени врати во текот на 2023 година, кога последен пат славеше во Мелбурн.

За разлика од Новак, Карлос Алкараз тренираше на отворени терени и сите можеа да ја видат неговата генерална проба за четвртфиналето.

Победникот од овој меч ќе игра во полуфиналето против подобриот од мечот меѓу Томи Пол (САД) и Александар Зверев (Германија).

Над 230 Палестинци осудени на доживотен затвор во Израел за да бидат ослободени

Над 230 Палестинци осудени на доживотен затвор во Израел за да бидат ослободени и испратени во егзил во трети земји.

- Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, што стапи во сила вчера, предвидува повеќе од 230 Палестинци осудени на доживотен затвор да бидат меѓу ослободените во замена за 33 израелски заложници.

Израел објави список од 734 затвореници кои би можеле да бидат ослободени според првата фаза од договорот за прекин на огнот за ставање крај на 15-месечната војна во Појасот Газа, со посредство на Катар и со помош на САД и Египет.

Меѓу имињата на списокот - 296 се на затвореници осудени на доживотен затвор за извршување или учество во напади или бомбашки напади во кои беа убиени израелски државјани. Двесте триесет и шест од нив треба да бидат депортирани, главно во Катар или Турција, откако ќе излезат од затвор.

Првата фаза од договорот предвидува ослободување на околу 1.900 Палестинци затворени од Израел во замена за 33 израелски заложници држени во Појасот Газа.

притисни ентер