Го препознавате ли детето на фотографијата? - Канал 5

Го препознавате ли детето на фотографијата?

 Денес е еден од најпопуларните светски актери!

Го препознавате ли детето на фотографијата?

Дали препознавате момчето на фотографијата? Можеби некои луѓе го препознаа по неговиот поглед кој останал непроменет. Тој е еден од мајсторите на боречките вештини и главен актер во филмовите од тој жанр, Жан Клод Ван Дам.

Жан Клод на 18-ти октомври полни 62 години, а стекна светска слава за која многумина можат само да сонуваат. Сепак, момчето од фотографијата тешко можело да погоди што му подготвува животот.

Бил болежливо дете и жртва на врсничко насилство, па неговиот татко го запишал на карате кога имал 11 г. со цел неговиот син да зајакне ментално. Овој спорт животот му го променил од корен.

По напорните тренинзи тренерот на Жан Клод го препознал неговиот талент и со него вежбал 3-4 пати неделно. Некогаш несигурното момче кое многу деца го малтретираа, добило црн појас на 18 години, а во 1980 година станал европски шампион во карате. Во текот на својата карате кариера имал 44 победи и само 4 порази.

Паралелно со спортската кариера ја градел и актерската. Тој и понатаму се натпреварувал како кик-боксер и во овој боречки спорт имал одлични резултати. На пример, познатиот актер имал 18 победи од 19 борби и сите ги добил со нокаут. Единствениот пораз му бил поради тоа што тој случајно удрил некого и бил дисквалификуван.

Ван Дам пред сè бил вљубеник во балетот, почнал да тренира и балет на 16 години. Балетот му помогнал да ја усоврши својата рамнотежа и прецизност. Познато е дека актерот изјавил оти балетот е исто напорен како боречките вештини, и физички и психички.

Жан Клод е роден во Белгија, негови мајчини јазици се францускиот и холандскиот. По неговите тинејџерски години, тој се упатил во Америка за да си ја проба среќата. Жан Клод на почетокот не го знаел добро јазикот и извесно време живеел како бездомник. Познатиот актер подоцна изјавил дека тоа што гледал цртани филмови како мал му помогнало да го совлада англискиот јазик. Од актерите особено му се восхитувал на Чарли Чаплин.

За среќа, Ван Дам за време на својот престој во Америка, го запознал актерот Чак Норис. Набргу потоа, Жан Клод станал дел од неговиот каскадерски тим во филмот „Исчезнати во акција“. Норис исто така го вработил Ван Дам како обезбедување во клубот што го поседувал, а тие двајца често тренирале заедно.

Своето деби актерот го направил во 1984 година во филмот „Breakin'“ каде добил мала улога во која ги покажува своите танчарски движења. Малку заигра и во попознатиот филм „Кикбоксер“, а останатото веќе е историја.

На една забава во домот на Силвестер Сталоне во 1997 г. актерот Стивен Сигал се пофалил дека може да го претепа Жан Клод. Ваквите гласини стигнале до познатиот кикбоксер, па тој јавно го предизвикал Сигал да си ги одмерат силите. Стивен се извинил и си заминал, а Жан Клод го следел до еден ноќен клуб и повторно го предизвикал.

- Ван Дам беше премногу силен. Затоа Сигал не сакаше да се пресмета – изјави Сталоне во интервју за британскиот магазин FHM во 2008 година.

Оригиналната видео игра „Mortal Kombat“ е замислена како игра со борење базирана на ликот на Ван Дам од филмот „Bloodsport“. Ван Дам веќе има добиено 2 споменика, во неговата родна Белгија и во Азербејџан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Ќе беше полесно ако Трамп ги игнорираше Иранците“

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес изјави дека понатамошните воени дејствија на Соединетите Американски Држави (САД) против Иран не се неопходни, бидејќи економските последици што Вашингтон ги нанесе на земјата се веќе доволно сериозни.

Рубио: „Ќе беше полесно ако Трамп ги игнорираше Иранците“

Во говорот пред Федералистичкото друштво, Рубио ја поддржа претходната проценка на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната е ефикасно завршена во воена смисла, објави АП.

„Искрено, економската болка што му ја нанесуваме на тој режим во моментов е толку голема што нема потреба од воена акција, бидејќи веќе толку многу ги ослабнавме. Но, мислам дека вистинската победа е да се осигураме дека никогаш нема да добијат нуклеарно оружје“, рече Рубио.

Државниот секретар на САД призна дека граѓаните на САД, исто така, ги почувствувале економските последици од овој конфликт, што доведе до зголемување на цените на горивата и ја погоди глобалната економија.

Тој оцени дека за Трамп ќе беше полесно да ја игнорира заканата што ја претставува нуклеарната програма на Иран, да избегне непопуларна војна и „да му го остави тој проблем на следниот претседател“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) соопшти дека авиокомпаниите можат да ги продолжат летовите по прекинот на системот за контрола на летот низ целата земја што траеше неколку часа.

По неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“

Сепак, предупреди дека доцнењата и откажувањата ќе продолжат.

Забраната за летови, која влијаеше на милиони Американци, беше укината во 20:15 часот по локално време, изјави американскиот министер за транспорт Шон Дафи.

Сепак, Дафи им рече на новинарите дека прекинот имал влијание и дека проблемите ќе траат со денови.

„FAA“ соопшти дека „темелно ги тестирала“ своите системи за да потврди дека се стабилни и дека операциите остануваат сигурни пред да одобри продолжување на летовите.

Сепак, околу 2.000 полетувања закажани за денес беа откажани, објави „CNN“.

Повеќе од 7.700 летови во Соединетите Држави беа откажани вчера, додека повеќе од 8.000 беа одложени.

Преетставници од администрацијата ја обвинија застарената технологија за прекинот и предупредија дека слични инциденти ќе се случат повторно додека системот не се модернизира.

Домашните летови во Соединетите Американски Држави повторно добија дозвола за полетување откако федералните власти вчера воведоа неколкучасовна забрана за безбедност, предизвикана од прекин на телекомуникациите.

На прес-конференција рано утрово, министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека се можни понатамошни прекини доколку системот не се надгради итно.

Тој апелираше до Конгресот да го одобри потребното финансирање за модернизацијата и додаде дека враќањето во нормален сообраќај ќе биде бавно.

Дафи рече дека ќе биде потребно време за да се смири хаосот во патувањето, бидејќи многу патници остануваат заглавени на аеродромите.

Проблемот е застарен систем

Министерот за внатрешна безбедност Марквејн Малин претходно прецизираше дека прекинот е предизвикан од ажурирања на застарените системи извршени од „FAA“ и дека проблемот е предизвикан од „прекин на телекомуникациите“ и дека нема докази дека станува збор за кибернапад.

Тој нагласи дека прекинот на летовите не е резултат на безбедносна закана за Соединетите Американски Држави.

Некои патници седеле во авиони и чекале со часови на пистата бидејќи аеродромите немаат простор на портите за да им дозволат да се симнат.

Ова е втор пат таква забрана за летови да се воведе во Соединетите Американски Држави, првата беше прогласена по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност

Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави Николоски

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

"Изведбата на автопатот оди со одлична динамика и морам да кажам дека сите се ангажирани и изведувачите и надзорот. Навистина прават одлична работа и се повеќе и јавноста може тоа да го види, така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите, до крајот на мај месец да имаме не само целосно пуштен автопат, туку и автопат со сите потребни документи, нешто што, за жал, не сме го гледале често во минатото"- истакна заменик претседателот Николоски.

Тој потврди дека завршени се и градежните работи на потегот од Извор до Врбјани заедно со тунелите кај Пресека. Најави дека во моментов се спроведува најновата европска директива за безбедност во сообраќај за тунели.

"Од друга страна, оној најтежок дел, што оди од селото Извор -кичевско до селото Врбјани во Дебарца, очекувам во следните неколку недели да биде ставен во функција. Таму градежните работи се целосно завршени, што може да се види и со голо око. Пробиен е тунелот, двете тунелски цевки се пробиени, едната е во должина од 2.100 метри, втората е во должина од 1.990 метри и се работи за најдолги тунелски цевки во Македонија. Исто така четирите галерии што се на овој дел се завршени. Завршен е и целосно трупот на патот, мостовите, вијадуктите, така што од градежен аспект целокупната работа е завршена. Она што го правиме во моментов е спроведување на најновата европска директива за безбедност во сообраќај, особено во тунели, така што се прават сите потребни тестирања со цел да имаме највисоко ниво на безбедност во рамки на тунелот. И ова ќе е првпат оваа европска директива да биде применета не само во Македонија, туку во целиот регион и во таа насока во моментов се случуваат тестирањата" -изјави вицепремиерот Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер