Го потрошил целото наследство да докаже дека татко му ја убил мајка му! - Канал 5

Го потрошил целото наследство да докаже дека татко му ја убил мајка му!

Гривинг Пели (21) знаел дека мајка му не извршила смаоубиство, само морал тоа да го докаже!

Го потрошил целото наследство да докаже дека татко му ја убил мајка му!
Само неколку недели пред смртта Ута Фон Шведлер направила голем напредок во научните истражувања за детската леукемија. Мајката на 4 деца била во фаза на борба за старателство над децата, по разведот од нејзиниот сопруг. Набргу потоа била пронајдена мртва во бањата, а полицијата проценила дека се работи за самоубиство. Но нејзиниот син Пели знаел дека мајка му не се убила.

Во 2011 година 49 годишната Ута живеела во Солт Лејк Сити. Четири години претходно се развела од сопругот и татко на децата Џон Брикман Волс. Пред разводот тој ја обвинил сопругата дека имала афера со друг научник, нејзин колега, и таа се преселила во друг стан, оставајќи ги децата со татко им. Пели бил убеден дека убиецот на мајка му е токму неговиот татко, педијатар.

Во 2011 Пели бил 17 години. Неговиот татко се преженил и пак се развел, а мајка му била во врска со Нилс Абрамсон. Во септември таа година ја почнала судската битка да добие старателство над своите деца. На 27 септември Нилс отишол кај неа и ја нашол удавена во када. Во кадата имало нож.

Ниту Нилс ниту Пели не верувале дека се самоубила. Со оглед на тоа што единствен непријател на Ута бил Џон, тој веднаш бил испрашан од полицијата. Тврдел дека во времето на смртта на Ута спиел!

- Дали сум чудовиште? Што ако сум ја убил а не се сеќавам - рекол пред неговите 4 деца плачејќи. Од тој момент Пели знаел дека Џон ја убил мајка му.

Полицијата не сакала да го уапси Џон, па најстариот син ги презел работите во свои раце да докаже кој ја убил мајка му. Во јануари 2012 Пели се преселил кај најдобриот другар, а кога наполнил 18 издејствувал трите помали деца кои останале со татко му да бидат доделени под старателство на роднини. Тогаш Пели го искористил целото наследство за да поднесе тужба и д апочне процес против татко му за убиство!

Џон тогаш ја сменил приказната и признал дека ја видел Ута на денот на убиството. Бил уапсен, а Пели ја почнал тешката борба да докаже дека Џон ја убил Ута.

Требало да се докаже дека раните од нож Ута не си ги нанела сама пред да се удави, и дека не се напила самата голема доза на седатив кој бил пронајден во нејзиниот систем по аутопсијата.

Обвинителството тврдело дека Џон го направил коктелот од алкохол и седативи и и го инјектирал на Ута, дека тој е одговорен за нејзините рани, и дека Ута едноставно немала зошто да се убие бидејќи имала 4 деца, успешна научна кариера и нова љубов. Бил пронајден експертски сведок кој тврдел дека Ута се борела за својот живот и дека на нејзиното тело имало траги од таа борба.

На крајот Џон бил осуден на 15 години затвор за убиство на Ута.

- Потрошивме 3,5 години барајќи правда за мајка ми, и денеска таа борба конечно заврши - вели Пели.

/ извор: Мирор





Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)

Невообичаен летачки објект кој личи на „медуза“ и суштество „слично на птеродактил“ – летачки влекачи од ерата на диносаурусите – го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи во последниве денови.

Крилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)

На интернет се појавуваат сè повеќе снимки за кои некои веруваат дека прикажуваат „непознати суштества“ или „летачки објекти“ на небото над различни делови од светот. Сепак, нивната автентичност не е потврдена и досега нема сигурни докази дека е снимено нешто „непознато“.

Откако Сара Џејн Осборн снимала НЛО на небото над Алјаска кое изгледа како „медуза“, сега има вирално видео од Мексико кое прикажува суштество кое изгледа како „праисториски птеродактил“.

„Заборавете го НЛО слично на медуза, птеродактил се појави во Мексико“, напиша еден корисник на платформата X, заедно со видео од наводното „суштество“.

Снимката покажува „голема, темна силуета со раширени крилја“, наводно снимена во близина на далноводи, дрвја, градски светла и планина што доминира во позадината. Сепак, врз основа на вакви слики, тешко е да се утврди за каков феномен всушност станува збор, објавува WIO News.

Објавата на истражувачкиот новинар Хаиме Масан привлече посебно внимание, кој сподели видео од наводното суштество и праша дали тоа може да биде „доказ за постоење на димензионален портал во долината Хуарез“ на далечниот север од Мексико.

Сепак, ваквите претпоставки не се поткрепени со научни докази. Експертите ја отфрлија можноста за сигурна идентификација врз основа на кратки клипови.

Не треба да се исклучува можноста снимката на крилест предатор да е создадена со употреба на вештачка интелигенција (ВИ). Со оглед на тоа што дигитално обработените и генерираните видеа сè повеќе се појавуваат на социјалните мрежи, што може да изгледа многу убедливо, не е исклучено дека ваквите сцени се и резултат на напредна технологија.

Без независна анализа и верификација на потеклото, невозможно е со сигурност да се утврди дали станува збор за реални феномени, оптички илузии, монтажи или содржина создадена со употреба на ВИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германските шпиони добиваат многу поголеми надлежности: Вакво нешто не е видено 100 години!

Германскиот парламент усвои пакет законски мерки со кои се прошируваат овластувањата на разузнавачките служби, во време кога Русија води хибридна војна насочена, меѓу другото, и кон Германија.

Германските шпиони добиваат многу поголеми надлежности: Вакво нешто не е видено 100 години!

Законот што го усвои Бундестагот во петокот им дава зелено светло и на домашните и на странските разузнавачки служби да вршат надзор со значително помалку ограничувања, како и, за прв пат во повоената историја, да преземаат операции насочени кон спречување, заведување и манипулирање на противниците, пишува „Фајненшл тајмс“.

„Германија е секојдневно нападната: зборуваме за сајбер напади, саботажи, шпионажа и беспилотни летала што летаат над нашите воени објекти и аеродроми“, рече Марк Хајнрихман, претседател на парламентарниот комитет одговорен за надзор на разузнавачките служби.

„Досега, разузнавачките служби можеа да ги детектираат и следат овие закани. Сега тие ќе можат и да интервенираат.“

На конечното гласање во петок, 13 ноември, 309 пратеници гласаа за законот, 190 против, а 71 воздржани. Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD), која веќе е под надзор на разузнавачките агенции, и крајнолевичарската партија Ди Линке гласаа против неа.

Иако германската служба за надворешно разузнавање е најголема во Европа, нејзините операции честопати беа ограничени со рестриктивно законодавство поради историјата на Германија.

Правните предизвици и реформите усвоени во текот на изминатата деценија, по откритијата што ги разоткрија врските на Германската федерална разузнавачка служба (BND) со американските разузнавачки агенции, доведоа до сè посложена бирократија која стана сè потешка за управување. Како резултат на тоа, германските разузнавачки служби заостануваат зад оние на другите европски земји.

Затоа, законот за проширување на овластувањата на разузнавачките служби беше неопходен во време кога Кремљ ја засили својата агресивна кампања на хибридно војување и шпионажа. Во текот на 2025 година, беа регистрирани 474 случаи на политичка и технолошка шпионажа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кајли Џенер си разменува нежности со Шаламе- на истиот настан е и таткото на нејзините деца (ФОТО)

Кајли Џенер (29) се појави со момчето Тимоти Шаламе (30) на овогодинешните доделувања на наградите „Гувернерс“ во Холивуд. 

Кајли Џенер си разменува нежности со Шаламе- на истиот настан е и таткото на нејзините деца (ФОТО)

Ријалити ѕвездата привлече внимание со елегантен винтиџ фустан, но интересно е што нејзиниот поранешен партнер, раперот Тревис Скот (35), со кого има две деца, исто така беше на истиот настан, пишува „Дејли меил“.

Кајли и Тимоти се држеа за раце

Кајли го прескокна црвениот тепих, но на Инстаграм покажа што носеше за вечерта. Таа избра винтиџ златен фустан од Роберто Кавали од 2006 година, кој ја следеше линијата на телото и имаше долга перка.

Шаламе прошета сам по црвениот тепих, облечен во црно одело со вратоврска. Подоцна двојката беше фотографирана заедно во внатрешноста на местото каде што се одржуваа доделувањата.

Пред да пристигнат на настанот, двајцата објавија фотографии на социјалните мрежи. Кајли го покажа фустанот и чевлите, додека Шаламе сподели фотографија од автомобилот со натпис „Ноќно излегување!“. Иако пристигнаа заедно на доделувањето на наградите, тие не објавија заедничка фотографија.

Тревис Скот исто така беше на настанот

Раперот Тревис Скот, поранешен партнер на Кајли и татко на нејзините деца, осумгодишната Сторми и четиригодишната Ејр, исто така се појави на истото доделување на наградите. Сè уште не е познато дали Кајли и Тревис се запознале во текот на вечерта.

Кајли и Тревис беа во повремена врска од 2017 до 2022 година. Неколку месеци по нивното конечно раскинување, Кајли започна врска со Шаламе, а тие се заедно од април 2023 година.

Тие јавно ја потврдија својата врска кон крајот на 2023 година, додека првпат се појавија заедно на црвениот тепих во мај 2025 година на доделувањето на италијанските филмски награди „Давид ди Донатело“.

Шаламе јавно ја искажа својата љубов кон неа

Во последните месеци, двојката сè почесто оди заедно на јавни настани. Во јануари оваа година, Шаламе јавно ѝ се заблагодари на Кајли на доделувањето на наградите „Критичарс Чојз“, за време на неговиот говор по освојувањето на наградата за најдобар актер за филмот „Марти Суприм“.

„Сакам да му се заблагодарам на мојот партнер, со кого сум три години. Ви благодарам за сè што изградивме заедно. Ве сакам. Не можев да го постигнам ова без вас. Ви благодарам од дното на моето срце“, рече актерот, а Кајли му испрати бакнеж од публиката.

Доделувањето на наградите „Гувернерс“ се одржа на 15 ноември во Холивуд. Меѓу почесните добитници на Оскар оваа година беа актерката Глен Клоуз, режисерот Ридли Скот и аниматорот Флојд Норман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер