Го победи Ковид 19 дома и не дозволи да се пренесе на семејството - Канал 5

Го победи Ковид 19 дома и не дозволи да се пренесе на семејството

Мелиса Ценовска од Тетово е една од стотината луѓе кои ја поминаа голготата наречена Ковид19. 

Го победи Ковид 19 дома и не дозволи да се пренесе на семејството

Иако спаѓа во категорија на млади лица, со неполни 30 години, таа имала позитивен тест, а болеста за среќа ја поминала без поголеми компликации, со лечење дома. Првата битка и страв кај неа дали ќе ја пренесе короната на некој друг. За среќа тоа не се случило во сите изминати денови на опоравување.

-Резултатот е секако шок. Не е пријатно, но во ниту еден момент не се поколебав кој ќе биде мојот прв чекор во борбата со овој вирус. Информирање на сите мои контакти, до последен. Апел да се чуваат и да ме информираат за својата состојба. Имаше меѓу нив и од оние кои спаѓаат во високо ризичните категории. Се плашев, повеќе за нив од што за себе. Јавно и гласно сакав секој да знае и во најбрз можен рок да преземе дејствија, раскажува Мелиса, инаку и дипломиран економист која е вработена во Управата за јавни приходи во Тетово.

Симптомите ги почувствувала четири дена пред тестирањето, за кое самата била упорна да го направи. Биле незабележливи симптоми, но главниот бил губењето на осетот за мирис.

-Симптомите одеа вака. Понеделник кивање, вторник затнат нос, среда вечерта губење на осетот за мирис, кивање нема, носот не е затнат, но мирис нема. Тоа е симптомот. Тоа не наведе на брис во петок. Сабота резултат и изолација. Во текот на целото „боледување” немав покачена температура, кашлање, кивање и сл. само мали компликации предизвикани од дејството на антибиотикот. Многу витамини, течности, објаснува таа.

Строгата изолација дома ја поминала заедно со ќерка и на неполни 4 години, која за среќа останала негативна на тестовите. Се изолирале дома и другите членови на семејството со кои имала непосреден и близок контакт, а воедно и без нова зараза.

-Стигнаа резултатите на моето семејство, сите негативни. Се плашев за ќерката која и покрај негативниот резултат мора да дели домување со мене. Седев со две маски, постојано правев дезинфекција и се боревме заедно со желбата да излезе надвор. Издржавме и да одржувме дистанца со најмилото. И другите членови на семејството немаа никакви симптоми. Изолацијата изгледаше страшно првите денови, но стана навика, мора да се почитува, така ќе се избориме. И навистина. Куќата е „аптека”, се е чисто, ние си наоѓаме занимација на разни начини. Помина. И се изненадив колку бргу. Кога имаш пријатели колку што имам јас (прекрасни луѓе) нема да ти недостасува дружба. Постојано сме во контакт, највлиските доставуваат храна, се е по протокол, сите се грижат и тоа е модусот за силата на моето трпение. Фала им на сите. Секојдневно бодреа и пружаа љубов. Кога се помина јас сум среќна. Тоа дека нема ниту еден заразен ми докажа дека и меѓу себе сме се штителе, а и дека сме силни. Посакувам ова да заврши, луѓето се во постојана грижа и со право. Некои ќе поминат тешко, некои полесно, а некои како мене без никакви компликации. Дај Боже сите да поминат како јас, а другите да соберат сила да бидат повторно добри, рече Мелиса.

Според неа, институциите се на ниво на задачата. Сепак и луѓето треба да се придржуваат до советите како пациенти за да можат лекарите да си ја вршат работата. Постојано била на телефон, од службите се јавувале како да постапи.

– Мојот матичен лекар Тимосије Јовановски го предвиде резултатот и веднаш препиша терапија, а веќе утредента од опишувањето на симптомите закажа термин за тестирање. Максимално посветено целиот тој тим кои се матична „куќа” на целото семејство се погрижија за секој еден од нас. Центарот за јавно здравје од Тетово ја презеде задачата и во текот на целата оваа борба обезбеди навремена поддршка со почитување на времето на земање на првичните брисеви како и на крај контролните. Докторката Зорица, Јовица, Оливера и целиот тој тим кој секојдневно е на маргините во контакт со нас „заболените”. Тие се хероите. Полициските служби, инспектор Мирче е во постојана комуникација со сите нас и нуди помош во текот на нашата домашна изолација заедно со неговиот тим на службеници, објаснува Мелиса.

На прашањето дали знае од каде може да го има добиено коронавирусот таа објаснува дека никогаш нема да се дознае бидејќи се е можно. Сега по двата негативни тестови, веќе се пријавила да донира крвна плазма со цел да помогне во нечие лекување./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна продажбата на Мерцедеси- што е причината?

Продажбата на германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ се намали за 8 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2026 година на 407.200 возила.

Падна продажбата на Мерцедеси- што е причината?

Продажбата на германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ се намали за 8 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2026 година на 407.200 возила, под притисок од неповолните пазарни услови и слабата побарувачка во Кина, соопшти денес компанијата со седиште во Штутгарт.

Продажбата во Кина, еден од клучните пазари на германскиот производител на луксузни автомобили, се намали за 31 процент на 86.800 возила, објави „Ројтерс“.

Резултатот во Кина беше значително полош отколку на другите големи пазари, бидејќи продажбата во САД се зголеми за 6 проценти, додека во Европа се зголеми за 5 проценти.

Премиум сегментот беше особено силно погоден, при што продажбата се намали за 21 процент на 53.900 возила во третиот квартал.

„Мерцедес-Бенц“ соопшти дека резултатот е под влијание на послабите пазарни услови во Кина, како и промените на моделите.

Спротивно на тоа, продажбата на целосно електрични возила продолжи силно да расте.

Продажбата на електрични возила на батерии (BEV), кои вклучуваат автомобили и комбиња, се зголеми за 52 проценти на 78.100.

Слабоста на кинескиот пазар претставува посебен предизвик за европските производители на луксузни автомобили, кои се соочуваат со променливи потрошувачки навики и силна локална конкуренција, јавуваат медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јакната на Мајкл Џексон од спотот „Трилер“ е проценета на астрономска цена (ФОТО)

Јакната на Мајкл Џексон од музичкото видео „Трилер“ би можела да достигне цена од повеќе од 10 милиони долари на претстојната аукција во Обединетите Арапски Емирати, објавува „Шпигел“.

Јакната на Мајкл Џексон од спотот „Трилер“ е проценета на астрономска цена (ФОТО)

Црвената кожна јакна беше продадена на аукција во 2011 година за 1,8 милиони долари, а нејзината вредност за следната аукција во декември е значително поголема.

Огромниот успех на филмот „Мајкл“

Некои други предмети поврзани со починатиот музичар ќе бидат продадени на аукција во Абу Даби на крајот од годината.

Кариерата на Џексон долго време беше проследена со обвинувања за злоупотреба на деца, а оваа година, биографскиот филм „Мајкл“ постигна огромен успех, објавува германскиот весник.

Тоа е една од причините зошто, околу 17 години по смртта на Мајкл Џексон, едно од најпознатите парчиња облека во историјата на поп-музиката би можело да достигне рекордна цена.

Американската аукциска куќа „Џулиенс аукшнс“ објави дека проценетата вредност на јакната надминува 10 милиони долари.

Други предмети на аукција

Црвена јакна од телешка кожа со црни детали и V-форма на линијата преку градите е дизајнирана од сопругата на режисерот Џон Лендис, Дебора Лендис.

Покрај јакната, на аукција ќе бидат понудени и други предмети што потсетуваат на Џексон.

Тука е и ракавица со светки што ја носел за време на неговата позната „Месечева прошетка“ до „Били Џин“ на Мотаун Гала во 1983 година.

Последен пат беше продадена на аукција во ноември 2009 година за рекордни 430.000 долари, на бизнисмен од Хонг Конг.

Аукциската куќа сега ја проценува нејзината вредност на 800.000 долари.

Дополнително, на продажба се нудат и два пара црни кожни чевли на пејачот, проценети помеѓу 60.000 и 80.000 долари, додека вредноста на неговите влечки од видеото „Трилер“ се проценува помеѓу 30.000 и 50.000 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сѐ повеќе Германци одбиваат да одат во војска- три пати е зголемен бројот на приговори

Бројот на барања за приговор на совеста во Германија нагло се зголеми, со повеќе од 12.000 поднесени барања во првите осум месеци од оваа година, според бројките од Федералната канцеларија за семејни работи и граѓанско општество (BAFzA).

Сѐ повеќе Германци одбиваат да одат во војска- три пати е зголемен бројот на приговори

Вкупно 12.102 барања се примени помеѓу јануари и крајот на август, објавија медиумските групи Funke и RND, повикувајќи се на портпаролка на институцијата, според новинската агенција DPA.

Тоа е повеќе од три пати повеќе од 3.879 барања поднесени во целата 2025 година. Бројот на барања, исто така, нагло се зголеми во последните месеци, повеќе од двојно од 5.862 на крајот на јуни.

Наглото зголемување доаѓа во време на зголемени безбедносни загрижености и откако новиот закон за воена служба во Германија стапи на сила на 1 јануари.

Тој се заснова на задолжителен медицински преглед за млади Германци родени во 2008 година и подоцна, со цел регрутирање волонтери за проширување на вооружените сили.

Доколку не се исполнат целите за регрутирање, парламентот може да одлучи да воведе регрутирање врз основа на потребите на војската.

Задолжителната воена служба е суспендирана од 2011 година, но сè уште постои како уставна одредба во Основниот закон на Германија. Правото на одбивање на извршување вооружена воена служба врз основа на приговор на совеста, исто така, останува на сила.

Агенцијата соопшти дека евидентира голем број погрешно поднесени апликации кои не можеле да бидат прифатени и морале да им бидат вратени на подносителите на барањето без обработка.

Ова го обвини за повторени дезинформации, вклучително и оние што се ширеле на социјалните медиуми, за тоа како треба да се поднесуваат апликациите и што треба да содржат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер