Го освои Гинисовиот рекорд за највлакнесто девојче, а сега не се препознава (ВИДЕО) - Канал 5

Го освои Гинисовиот рекорд за највлакнесто девојче, а сега не се препознава (ВИДЕО)

Во 2011 година Нати влезе во Гинисовата книга на рекорди како највлакнеста тинејџерка во светот, а ова е нејзината приказна.

Го освои Гинисовиот рекорд за највлакнесто девојче, а сега не се препознава (ВИДЕО)

Тајланѓанката Супатра „Нати“ Сасупан, позната како највлакнестата девојка на светот, поминала низ тежок период растејќи затоа што во текот на детството била цел на задевања и ги плашела своите школски другари со својот уникатен изглед. И покрај сѐ, таа успеа да најде љубов и да го прифати својот изглед по долги години борба, низ која помина заедно со родителите, за на крајот гордо да го открие своето лице без влакна.

На 5 август 1999 година се родило малото девојче, чие раѓање засекогаш ќе остане врежано во сеќавањата на лекарите и нејзините родители. Имено, доаѓањето на новото дете ги исполнува новите мама и тато со радост и воодушевување, што го почувствувале Сомпон и нејзиниот сопруг Самрернг, но нивната среќа била заматена со шок, страв и неверување кога го виделе своето девојче.

-Кога ја видов во инкубаторот се шокирав колку коса има. Во еден момент сè уште мислев дека тоа е нормална количина коса – изјавила Сомпон, признавајќи колку била збунета од она што го доживеала.

Кога се родила Нати, нејзината мајка сакала да ја напушти болницата, но лекарите не сакале да ја пуштат, бидејќи мислеле дека ќе побегне и ќе го остави детето.

- Му кажав на докторот дека никогаш нема да го оставам своето дете, без разлика на сѐ. Имаме среќа што се роди - изјави Сомпон.

Нати пораснала во прекрасно семејство, но не сите ја прифатиле нејзината состојба, поради што поминала низ многу непријатности.

Нати пораснала со лице покриено со густа коса. Бидејќи Амбрасовиот синдром е неизлечив и отпорен на техники како ласерско отстранување на влакна или каков било третман кој го забавува растот на косата, девојчето морало да се помири со тоа како изгледа. На училиште, пак, ја исмејувале, давајќи и погрдни прекари како врколак и мајмун.

Наставничката на Ната, Куљира Посенг раскажала како другите деца се плашеле од неа.

- Нати на почетокот имаше навистина тежок период на училиште, но како одминуваше времето, докажа дека е како и сите други - истакна Посенг.

Наставниците на Ната ја опишале како вредна ученичка со добри оценки. Сите други луѓе кои ја познавале го кажале истото, велејќи дека со текот на времето успеала да ги придобие своите школски другари и да стане исклучително популарна. Голем придонес за тоа имале нејзините родители кои никогаш не дозволиле нивната ќерка да се чувствува инфериорно во однос на другите. Ја носеле насекаде бидејќи не се срамеле од фактот што не личи на другите деца.

Нати во 2011 година била запишана во Гинисовата книга на рекорди како највлакнеста тинејџерка во светот, по што истакнала дека е многу горда на таа награда.

- Тоа што сум влакнеста ме прави посебна. Ова е најсреќниот ден во мојот живот! Имаше неколку луѓе кои ме задеваа и ме нарекуваа мајмунско лице, но сега не го прават тоа - рече Нати и во еден од првите документарни филмови за себе откри дека кога ќе порасне сака да стане докторка во со цел да им помогне на луѓето.

YouTube video

Во еден момент лекарите се обиделе да ѝ помогнат на Нати и да ѝ отстранат барем дел од косата со ласерски третман, но таа повторно почнала да расте и била густа како порано.

И покрај овие неуспешни обиди, Нати останала решена да живее среќен и весел живот, да се дружи и да ужива во гледањето цртани филмови како и секое друго дете. Таа ја прифатила нејзината состојба и фактот дека нема лек за тоа. Таа ја чувала својата коса таква каква што била од кога се родила, но го избричила лицето дури кога дошла во пубертет. Во тој момент нејзината самодоверба станала приоритет, а набрзо ја нашла и љубовта.

- Започна како пријателство, а потоа станавме пар. Кога разговаравме, бев среќна. Кога бевме заедно, бев опуштена и се слушавме. Тоа е љубов каква што не очекував да ми се случи - признала Нати.

Таа споделила и неколку слики од себе и нејзиниот убавец. Нејзиното лице е без коса, поради што многумина мислат дека е излечена. Сепак, нејзиниот татко открил дека Нати едноставно донела одлука да се избричи.

И покрај предизвиците со кои се соочувала додека растела, Нати успеала да ја најде среќата. Таа е пример за храброст, самодоверба и самољубие, поради што и денес инспирира многумина да ја прифатат нивната уникатност и да ја откријат својата внатрешна убавина, пренесе српски Курир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

На средбата присуствуваа истакнати лица од областа на бизнисот, науката, образованието, информатичките технологии, како и студенти.

Тие ја запознаа претседателката со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата.

Соговорниците изразија желба за јакнење на македонско-унгарските односи. Дадоа предлози за промоција на државата пред унгарската јавност и подобро меѓусебно културно запознавање, посебно акцентирајќи ги можностите за развој на туризмот. Тие укажаа на потребата од отворање на културни центри во обете држави.

За Сиљановска-Давкова, континуираната комуникација со дијаспората, преку македонските дипломатски претставништва е особено важна за соработката и афирмацијата на татковината.

Претседателката изрази задоволство од етаблираноста и препознатливоста на малубројната македонска дијаспора во унгарското општество.

Таа укажа на важноста на културната дипломатија и ја поздрави нивната посветеност и активност врзана за негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб

Најмалку шест лица беа убиени, а 28 ранети во денешниот напад врз грчка православна црква во Јордан, изјави портпарол на јорданската влада.

Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб

Нападот се случил во Карак, на околу 180 километри од јорданската престолнина Аман, објави Ројтерс.

Порано во текот на денот, арапските медиуми објавија дека седум лица се убиени, а 10 се ранети, од кои некои се во критична состојба.

Некои сведоци рекоа дека возило пристигнало на местото на настанот и напаѓачите излегле, пукале континуирано пет минути, а потоа избегале.

Калид Буркан, кој присуствувал на погребот, изјави за Ројтерс дека на погребот се собрале неколку десетици луѓе и дека двајца мажи, едниот вооружен со пушка, а другиот со пиштол, отвориле оган врз нив и пукале неколку минути.

Никој сè уште не ја презел одговорноста за нападот, а јорданските власти не кажале кој стои зад него.

Ваквите напади се исклучително ретки во Јордан, кој е релативно стабилна земја, но се соочува со зголемени ирански напади оваа година откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во февруари.

Христијаните сочинуваат малцинство од населението на Јордан, иако земјата е дом на неколку библиски места кои привлекуваат христијански аџии од целиот свет.

Во времето на нападот, во и околу црквата имало помеѓу 150 и 200 луѓе, рече Буркан, додавајќи дека повеќето од жртвите биле на возраст помеѓу 50 и 70 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак.

При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки.

Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот.

Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот.

Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките.

Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер