ЖивотГо оставила детето во автомобил за да ја отвори гаражата- била „збришана“ за момент (ВИДЕО)Надзорна камера во градот Божоу, во кинеската провинција Анхуи, ја снимила страшната несреќа.Неименуваната мајка го паркирала електричниот автомобил пред гаражата и излегла надвор да ја отвори. Во возилото останало двегодишното дете, кога работите тргнале наопаку. Инцидентот се случил на 21 октомври, а гледачите го гледаат моментот кога автомобилот ненадејно тргнува и ја соборува изненадената жена. Од силината на ударот е скршена и вратата од гаражата. Да не се случеше тоа, несреќната мајка веројатно повеќе ќе настрадала, пренесува The Sun. Се верува дека немала време да реагира, бидејќи електричното возило е прилично тивко, а локалните медиуми шпекулираат дека случајно го стартувало двегодишното дете. Неколку секунди откако ја „збришал“, во кадарот се појавува жена која го извлекува малечкото од кабината. Го зема во раце, а можеме да ја слушнеме како плаче. View this post on Instagram A post shared by Brut (@brutamerica) Локалните извештаи наведуваат дека мајката поминала со полесни повреди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57
ЕвропаФон Дер Лајен: Системот за гранична контрола се соочува со технички проблемиНовиот дигитален систем за влез/излез на ЕУ се соочува со „технички проблеми“, призна претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, во петокот. „Работиме со земјите-членки за да можат да се решат техничките проблеми“, изјави Фон Дер Лајен. Системот EES е предмет на загриженост од неговото постепено воведување минатата година, но проблемите станаа поакутни како што се зголемува воздушниот сообраќај за време на врвот на летната патничка сезона во европа. Аеродромите и авиокомпаниите го обвинуваат новиот систем за гранична контрола, кој бара патниците од земјите надвор од Еу да ги регистрираат своите биометриски податоци, за долгите редици, оперативните прекини и пропуштените летови за поврзување. „Сè уште има многу работа за да се решат овие технички проблеми заедно со земјите-членки“, рече фон дер лајен.Тагови: ЕУ Урсула фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП – раст во овие 2 години над 3% наспроти раст од 1,8% во периодот на претходната влада.Дали средствата од Буџетот се правилно насочени или не се најдобро зборуваат податоците за растот на БДП и буџетскиот дефицит, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во денешната расправа по Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година во рамки на собраниската матична Комисија за финансирање и буџет. „Состојбата на јавниот долг во 2019 година беше 49%, во 2020 година 8% буџетски дефицит, а во исто време јавниот долг од 49% се зголемува на 59,7%, од 49% на 59,7%. Во таа година во која што постојано се повторува дека сме имале корона криза, но во истовреме Државниот завод за ревизија излезе со податоци за колкав е износот на средства коишто се дадени за поддршка на стопанството и колку другите средства биле насочени и дека не дале ефект на економијата. Понатаму во 2020 година имаме пад на БДП од 4,7%. Во следната 2021 година раст на БДП од 4,5% на паднатиот БДП од 4,7% во 2020. Кога другите економии имаа раст поголем од тоа што го изгубија во 2020 година, ние во 2021 година не можевме да го стигнеме она што го изгубивме во 2020 година. Но во истовреме буџетскиот дефицит беше 5,3% и во истата година јавниот долг отиде на 60,3%. Можам да ги редам и натаму на пример во 2022 година дефицитот е 4,4% во минус растот е 2,8% во плус . И така ако продолжиме статистичките податоци јасно кажуваат дека просечниот раст на БДП во годините од 2017 до 2024, при тоа треба да земеме предвид дека 2018 и 2019 се години без никаква криза, а од 2020 имаме криза. Така што 1,8% просечен раст во овој период наспроти денешниот раст од над 3% јасно кажува дали парите се правилно насочени или не се“, истакна министерката. Општата расправа по предложениот Ребаланс на Буџетот за 2026 година започна вчера во рамки на Комисијата за финансирање и буџет и може да трае најмногу до 10 дена. Ребалансот, како што истакна вчера министерката во експозето, претставува одговор на променетите економски околности, инструмент преку кој Владата ги усогласува јавните финансии со реалните потреби на економијата, институциите, стопанството и граѓаните. А особено во услови кога светската економија се соочува со зголемена неизвесност, наша должност е навремено да реагираме, да ги препознаеме ризиците, но истовремено да ги искористиме можностите што се отвораат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Муцунски во официјална посета на КатарМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Државата Катар.Во рамки на посетата, министерот Муцунски се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи. Во програмата на министерот се предвидени и средби со претставници на повеќе инвестициски фондови и катарски компании, како и потпишување на неколку билатерални документи. Се очекува за време на посетата да биде потврдена заемната подготвеност за натамошно јакнење на односите меѓу Северна Македонија и Катар во сите сфери од заемен интерес. ...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57