1Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)
3Избори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко?
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ТехнологијаГо купиле автомобилот на Џејмс Бонд за 100 долари, му го продале на Маск за милион (ВИДЕО)Илон Маск е новиот сопственик на еден од легендарните автомобили од филмовите за Џејмс Бонд и послужил како инспирација за една од неговите ексцентрични иновации, пренесува CNBC.Сè започнало во 1989 година, кога еден пар од Њујорк платил приближно 100 долари за напуштена гаража за складирање. Тоа била аукција на слепо, што значи дека ниту тие ниту продавачот немале поим што има внатре. Кога ја отвориле гражата, ги чекало најголемото изненадување во нивните животи: под некои стари ќебиња имало спортски автомобил Lotus Esprit од 1976 година, користен за снимањето на филмот за Џејмс Бонд од 1977 година, „Шпионот кој ме сакаше“. Во филмот, спортскиот автомобил се претвора во подморница и истрелува проектили додека е под вода и е еден од легендарните Бонд автомобили што се користат во филмовите за различни акциони сцени. Години подоцна, автомобилот го купил Илон Маск за речиси 1 милион долари. Автомобилот е еден од осумте користени на снимањето, но единствениот вклучен во подводните сцени. По снимањето, тој бил ставен во складиштето и останал заборавен, се додека по повеќе од една деценија случајно не го купил брачен пар од Њујорк. Двојката на почетокот не знаела што е тоа, открива Даг Редениус, ко-основачот на Фондацијата Иан Флеминг, за NBC News во 2013 година, кои ја потврдиле автентичноста на автомобилот. Тие воделе компанија за изнајмување на градежни алатки и никогаш не виделе ниту еден филм за Џејмс Бонд. Сопругот планирал да го поправи пропаднатиот покрив на спортскиот автомобил и да направи други подобрувања, но откако го внеле автомобилот во камионот и се упатиле дома, камионџиите ги контактирале преку радиото за да ги известат дека влечат автомобил на Џејмс Бонд.. Кога се вратиле дома, сопругот отишол во видео продавницата и изнајмил VHS лента за да го гледа филмот, изјавил Редениус за CNBC. Откако парот „козметички го реставрира“ возилото, тие го изложувале на повремени изложби во следните две децении пред да одлучат да го стават на аукција во 2013 година. Во едно интервју во 2013 година, Редениус додава дека дознал за постоењето на автомобилот години откако парот почнал да го изложува и ги барал. Тој ја потврдил автентичноста на автомобилот од оригиналните производители и го споил парот со RM Sotheby's, специјализиран за автомобилски класици, велејќи им на парот пред аукцијата: „Ако автомобилот се продаде за онолку колку што се надеваме, тие пари ќе ви дадат можност да се живеете многу удобно.“ Лотус бил продаден на аукција во 2013 година на таинствен купувач. Подоцна било откриено дека новиот сопственик бил Илон Маск, кој наводно платил 997.000 долари за автомобилот. Маск рече дека пораснал гледајќи филмови за Бонд. „Како мало дете во Јужна Африка беше неверојатно да го гледам Џејмс Бонд во „Шпион кој ме сакаше“ како го вози својот Lotus Esprit од пристаништето, притискајќи го копчето и го претворајќи го во подморница. Бев разочаран кога дознав дека навистина не може да се трансформира, да се направи и да се надгради со електричниот погон на Тесла и да се обиде навистина да го трансформира“, изјавил Маск за блогот за автомобили на Јалопник во 2013 година. За првично да го опреми Lotus за филмот, компанијата за морско инженерство го претворила во функционална подморница во 1970-тите за повеќе од 100.000 долари (што е еквивалент на скоро 425.000 американски долари денес). Наречен Wet Nellie, автомобилот се користел за подводни сцени, па кога бил продаден во 2013 година, немал тркала, туку само „перки“. Исто така, не можел да вози на копно, но всушност функционирал како подморница. Исто така, имал „склоп со четири пропелери“ во задниот дел што му дозволувал да се движи под вода додека се напојувал од електрични мотори во водонепропустлив простор. За време на снимањето на подводната сцена, таа била изведен од пензиониран војник на американската морнарица SEALs, кој носел целосна опрема за нуркање со резервоар за кислород, бидејќи внатрешноста на автомобилот била исполнета со вода. Маск рече дека автомобилот послужил како инспирација за новиот Cybertruck на Tesla. Подморницата Lotus Esprit од 1976 година не е ни најскапиот автомобил во филмовите за Џејмс Бонд што се продава на аукција. Во август, Aston Martin DB5, користен за промоција на филмот за Бонд од 1965 година Thunderball, бил продаден на аукција за 6,4 милиони долари на анонимен купувач.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРоденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)Роденденска забава во американската држава Кентаки се претвори во кошмар по пукањето во кое беа повредени седум лица, меѓу кои и двајца тинејџери.Полицијата го опколи Центарот за уметност „Мелвуд“ во Луисвил по пријава за пукотница во која што беа повредени неколку лица, кое се случи околу 22:40 часот. Според полицијата во Луисвил, на пукањето му претходела расправија за време на забавата. Метрополитенската полиција на Луисвил соопшти: „Она што требаше да биде вечер на прослава, за жал, се претвори во вечер на насилство. Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и сите погодени од овој инцидент.“ Сите седум повредени се однесени во болница и се очекува да се опорават. Во моментов не се објавени информации за осомничените. Локалните истражители разговараат со сведоци и ги повикуваат сите што присуствувале на забавата да достават какви било снимки од мобилен телефон. Метју Шодвен, командант на единицата за несекојдневни пукања на Полициската управа во Луисвил, рече дека помошта од јавноста е клучна во овој момент. „Знаеме дека имало многу луѓе на местото на настанот. Бараме секој што видел што се случило, кој можеби има снимки од мобилен телефон или какви било информации што би можеле да им помогнат на нашите истражители да утврдат точно што се случило. Ги повикуваме да се јават“, рече тој. Според „Дејли меил“, пукањето во Центарот за уметности Мелвуд се случило само еден месец по друг инцидент во кој биле повредени тројца мажи. Полицијата соопшти дека нема познати врски помеѓу двата инцидента. Според градот Луисвил, од почетокот на годината имало 200 убиства или пукања што не резултирале со смртен случај. Според локалните власти, во тие инциденти имало вкупно 249 жртви. Сепак, статистиката покажува значителен пад на насилството барем од 2022 година, при што бројот на вакви кривични дела се намалува од година во година.Тагови: Кентаки пукотница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗијадин Села во официјална посета во Австрискиот ПарламентСредба со пратеникот Андреас Минич и градоначалникот на Корнојбург, Кристијан Геп.Почестен од гостопримството што ми ја пружи во Австрискиот Парламент, големиот пријател на Албанците, пратеникот на Австриската народна партија (ÖVP), Андреас Минич, член на Националниот совет на Австрија, воедно заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи и член на Собранието на Советот на Европа. Оваа официјална средба во еден важен ден за албанскиот народ и Албанија ја започнав со нашата благодарност за поддршката што Австрија му ја даде на албанскиот народ и држава во клучни моменти од историјата, а особено за време на државотворноста и Независноста на Албанија. Ја потенцирав важноста од продолжување и продлабочување на соработката и пријателските односи со австриската држава и народ, како еден од главните сојузници во големото европско семејство. Со г. Андреас Минич разговаравме за предизвиците што ги има Македонија на патот кон ЕУ, како единствена алтернатива и стратешка ориентација на нашиот народ. Го информирав и за случувањата во внатрешната политика, темите од значење што ги засегаат граѓаните воопшто и Албанците особено, во Македонија. Ме израдува и охрабри безусловната поддршка на пратеникот Минич и на партијата што ја претставува, со која го споделуваме истиот центар-десен ориентација и Владата на Австрија, во нашите аспирации да ја направиме нашата земја и општество демократски, европски и еднакви за сите граѓани и народи. За време на официјалната посета во Австрија, заедно со мојот колега, пратеникот на Австрискиот парламент Андреас Минич, денес ја посетивме Општината Корнојбург и бевме срдечно пречекани од градоначалникот Кристијан Геп, воедно пратеник на овој дистрикт во Државниот парламент на ландот Niederösterreich. Разговаравме за тоа како функционираат општините во Австрија и како Европа се чувствува и се доживува во секојдневниот живот, на локално ниво. Личните средби како оваа градат мостови на поврзување, искуства и модели од кои може да има корист нашата земја и регионот. Ме израдува фактот што албанската дијаспора во оваа земја напредува секој ден сè повеќе, придонесувајќи директно и во важни процеси за заедницата и земјата. – Зијадин Села, претседател на Албанската ЛигаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИзбори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко? Шпанците одлучуваат дали да му дадат на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, уште еден мандат или да ја предадат власта на конзервативната опозиција. Шпанија денеска ја одлучува својата политичка иднина избирајќи ги 350-те членови на Парламентот кои ќе го изберат следниот премиер како и 209 сенатори. Меѓу кандидатите за премиер се социјалистот Педро Санчез, Алберто Нуњез Феихо од централно-десничарската Народна партија, Сантијаго Абаскал од крајно-десничарската Вокс и Ада Колау од левичарскиот Широк фронт. Акутелниот премиер Педро Санчез, повика на голема излезност „за иднината“ на Шпанија, додека неговиот главен противкандидат – Алберто Нуњез Феихо, им порача на граѓаните да гласаат без страв. „Мислам дека денеска најважно е да се активира учеството на избирачите, тоа што ни е должност на сите политичари и политичарки, јас само можам да изразам благодарност за мобилизацијата која ја видовме во врска со политичкиот проект кој јас го предлагам. Од тука па натаму ќе го чекаме резултатот и волјата на граѓаните.“ „Која и да е одлуката која ќе ја донесете, што ќе ја изберете и која ви се чини подобра за нашата земја, никогаш да не ја донесете од страв, туку да ја направите со сеќавање, со убедување и знаејќи дека тоа што ќе го избереме, е една демократска влада на нашата земја.“ Крајниот десничар Сантијаго Абаскал исто така се надева дека гласањето ќе се одвива без страв, додека Ада Колау гласајќи од Барселона порача дека „жените нема да молчат“ , откако на главната телевизиска дебата меѓу кандидатите Нуњез Феихо и порача да биде тивка. Според шпанските медиуми, Народната партија би можела да биде победник освојувајќи 31% од гласовите по што возможна е коалиција со крајно-десничарската Вокс која би освоила скоро 18% од гласовите. Доколку се избере десничарска влада тоа би го прекинал осум годишниот циклус на левичарски влади, а доколку крајно-десничарската партија Вокс влезе во владеачка коалиција, тоа би било за прв пат од 1975та година по диктатурата на Франциско Франко. Сепак, иако засега според анкетите се наоѓа на второто место, владејачката Социјалистичко-работничка партија, би можела да влезе во тесно водство. За време на своето владеење Санчез се соочи со сериозни предизвици како кризата со високи трошоци за живот, ниски плати и прескапи трошоци за домување. Дополнително, тој беше жестоко критикуван за тешката мигрантска криза во енклавите Сеута и Мелила, кои се уште ги трпат последиците од раст на криминалната стапка. Повеќе од 38,6 милиони гласачи во Шпанија денеска имаат право на глас. Резултатите би требало да бидат објавени доцна во ноќта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter