ТехнологијаГо изгубивте вашиот „iPhone“? Не наседнувајте на оваа измамаСе зголемува бројот на случаи во кои корисниците на „iPhone“ добиваат лажни „SMS“ пораки во кои се тврди дека нивниот изгубен уред е пронајден.Експертите предупредуваат дека ова е нова форма на фишинг измама насочена кон кражба на „Apple ID“ сметки. Според извештајот на „BleepingComputer“, напаѓачите го користат системот за пораки „Find My“ за да ги измамат сопствениците на изгубени или украдени уреди. Кога корисникот ќе изгуби „iPhone“, тој често остава порака на заклучениот екран со информации за контакт, што е токму она што напаѓачите го користат за да ја започнат измамата. Жртвата обично добива „SMS“ или „iMessage“ порака што изгледа сосема легитимно. Сепак, пораката содржи линк што води до лажна „Apple“ страница, каде што од корисникот се бара да се најави со својот „Apple ID“ и лозинка. Откако ќе го сторат тоа, измамниците добиваат целосен пристап до сметката и уредот, што им овозможува да го отстранат „Activation Lock“ и да го продадат уредот како „нов“. Како да се заштитите Експертите од Швајцарскиот национален центар за сајбер безбедност (NCSC) советуваат следново: • Не отворајте линкови во пораки во кои се тврди дека вашиот „iPhone“ е пронајден. • Секогаш пријавувајте го вашиот уред како изгубен преку апликацијата „Find My“ или „iCloud.com/find“. • Користете посебна е-пошта за контакт на заклучениот екран, а не вашата лична. • Запомнете дека „Apple“ никогаш не испраќа „SMS“ -пораки за пронаоѓање на вашиот уред. Овие измами се потпираат на емоционалната реакција на корисникот - чувство на паника и надеж дека уредот е пронајден. Напаѓачите често користат вистински податоци за моделот и бојата на телефонот за да ја направат пораката да изгледа убедлива. Доколку добиете слична порака, не кликнувајте на ниту еден линк, туку веднаш избришете ја и пријавете ја кај „Apple“ или надлежните органи. Извор: Б92Тагови: iPhone измама кражба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во УкраинаНајмалку 490 илјади руски војници загинале од почетокот на војната во Украина пред речиси пет години.Протечените податоци од руската агенција за статистика РОССТАТ откриваат како целосната инвазија фундаментално ги променила моделите на смртност во Русија и ја покажуваат високата човечка цена на војната за која Путин претпоставуваше дека ќе трае само неколку дена, објавува Би-Би-Си. Медиумот имал пристап до 11,7 милиони записи за смртни случаи, наводно откриени по хакерски напад од белоруска и украинска група. Податоците покажуваат дека околу 116.000 загинале само во областа Покровск, каде што се водеше една од најкрвави битки во војната. Записите на „РОССТАТ“ анализирани од „Гардијан“ покажуваат дека војната постојано станувала сè посмртоносна, достигнувајќи драматичен врв во пролетта лани, кога руската армија губела по 700 луѓе дневно..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДве финансиски друштва добија забрана да издаваат брзи кредитиДве финансиски друштва добија забрана во времетраење од 30 дена да одобруваат т.н. Брзи кредити, откако Министерството за финансии утврдило неправилности при вонреден надзор над нивното работење.Покрај привремената забрана, на друштвата им се изречени и парични казни согласно законските прописи. Од министерството информираат дека контролите биле спроведени во изминатите три месеци, постапувајќи по пријави и претставки од граѓани. Надлежните најавуваат дека контролите ќе продолжат, со посебен фокус на заштитата на граѓаните кои користат финансиски услуги, особено кредитите што ги нудат финансиските друштва. Од јули 2024 година досега, министерството за финансии изрекло повеќе мерки во рамки на надзорот над финансиските друштва. На четири друштва им биле одземени дозволите за работа, три биле привремено затворени, а 18 финансиски друштва добиле парични казни во вкупен износ од околу 49.400 евра. Дополнително, биле издадени и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повредаДо Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 од Кривичниот законик.Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и и се заканувале. Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата. По пријавата се постапува во редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука. Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази. Имајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter