Заложничка драма во Колумбија: Маскирани разбојници упаднале во супермаркет, прекинати се сите летови (ВИДЕО)
2Заложничка драма во Колумбија: Маскирани разбојници упаднале во супермаркет, прекинати се сите летови (ВИДЕО)
3Албанец украл 90 видеа GTA 6, па го уценувал Рокстар- осуден е на 7 години, па веднаш е пуштен на слобода
3Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала
БизарноГо доби срцето на самоубиец и се вљуби во неговата вдовица: Поради неа остави сè, а потоа се случи нешто ужасно!Тери Котл остави зад себе скршена вдовица и мали деца кога изврши самоубиство на 33-годишна возраст. Неговото срце било трансплантирано на човек со кој судбината се поиграла на неверојатен начин.Тери веќе бил во брак кога ја запознал својата втора сопруга, Шерил, и на крајот ја напуштил мајката на своите две мали ќерки за да започне врска со ќерката на својот шеф. На почетокот, биле среќни; Тери ги посвоил децата од првиот брак на својата нова сопруга и добиле свое заедничко дете. Сепак, тајно бил во контакт со поранешната сопруга, што ја лудело Шерил. Таа му поставила ултиматум – или таа или поранешната сопруга. По голема расправија во март 1995 година, се договориле да се разделат засекогаш. Пред да ја напушти куќата, Тери отишол во бањата и семејството слушнало истрел. Во извештајот на лекарот судски вештак, Шерил рекла дека јадела каша кога еден од нејзините синови викнал: „Мамо, тато има пиштол!“. Шерил рекла дека потрчала кон бањата „и го видела Тери како стои и ја гледа“ држејќи пиштол. Итно бил пренесен во болница во Џорџија, САД, но четири дена подоцна починал од последиците на обидот за самоубиство. Тогаш, на 96 километри далеку, Сони Грејем добил повик кој толку очајно го чекал – постоело срце кое му одговарало. Грејем имал проблеми со конгестивна срцева слабост. Иако тажен што Тери починал, се радувал што ќе го добие неговото срце. По спроведената трансплантација, пријателите забележале дека одеднаш започнал да сака пиво и хот-дог, што било омилено Тери комбинација. Пресреќен што ја добил трансплантацијата, Грејем почнал да ѝ пишува на вдовицата на Котл – Шерил. Сепак, нивните писма наскоро преминале рамките на пријателска преписка и тој ја напуштил сопругата со која бил во брак 38 години за да биде со вдовицата на својот донор. „Се чувствував како да ја познавам со години“, изјавил Грејем за „The Hilton Head Island Packet“ во 2006 година кога ја запознал 28-годишната Шерил. „Не можев да ја тргнам погледот од неа. Само гледав.“ Сепак, Шерил не чувствувала исто и се омажила за друг човек, својот трет сопруг. Во тоа време, сопругата на Грејем дознала дека тој е вљубен во Шерил, а Грејем постојано ѝ се извинувал за тоа. Рекол: „Дозволив некој да застане меѓу тебе и мене, што никогаш не требаше да се случи. Гледам сè и забележувам каде се откажав од љубовта и друштвото за внимание и наклонетост... Би било прекрасно кога би можел да ги вратам нашите животи во изминатите четири години.“ Но, нивниот брак пропаднал, а Грејем ја освоил Шерил. И покрај разликата во години од скоро три децении, тој го завршил разводот од својата прва сопруга во 2001 година, се вселил кај Шерил и нејзините четири деца и се оженил со неа во 2004 година. „Вистината е она што пишува во Библијата“, рекла Шерил за новините. „Ако живеете според Божјата волја и давате со среќно срце, ќе берете плодови.“ Тајно, Грејем започнал да составува тестамент и оставил бизарна порака до својот стар пастор на годишнината од трансплантацијата, кажувајќи: „Се сеќаваш каде беше пред 13 години на овој ден?“ Еден негов стар пријател отишол со него на риболов и рекол: „Просто не беше оној безгрижен момак кого го познавав цел живот.“ Во април 2008 година, на возраст од 69 години, Грејем бил пронајден мртов – пукал себеси во грлото. Шерил рекла на стар пријател, Том Хилтон, дека Грејем „не оставил ни денар“. Го потрошил сето од својот пензиски фонд и направил долгови, велејќи дека се обидел да „одржи стил на живот кој Шерил го сакала“. View this post on Instagram A post shared by Irish Mirror (@irishmirror) Извор: Блиц Жена Фото/ Илустрација: Image by Jill Nissen from Pixabay Тагови: бизарно трансплатација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПринцот Вилијам донесе шокантна одлука: Принцезата Шарлот да се откаже од кралската титулаПринцот Вилијам наводно планира да им дозволи на своите деца, принцезата Шарлот и принцот Луис, кога ќе пораснат, да одлучат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули или да се откажат од нив.Принцот Вилијам наводно планира да им дозволи на своите деца, принцезата Шарлот и принцот Луис, кога ќе пораснат, да одлучат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули или да се откажат од нив и да изберат животен пат што не е поврзан со кралските должности. Според британскиот „Дејли меил“, наследникот на британскиот престол сака да им даде на своите помлади деца слобода сами да одлучат што ќе прават и каков живот сакаат да водат. Според овој медиум, Шарлот, која има 11 години, и нејзиниот осумгодишен брат Луис наводно би можеле да се откажат од своите титули принц и принцеза, како и од титулите „Негово“ и „Нејзино Кралско Височество“ (НВВ) кога ќе пораснат. Таквата одлука би им отворила можност да изберат кариери и животи надвор од традиционалните очекувања што ги придружуваат членовите на кралското семејство. Особено внимание привлече тврдењата на изворите дека Шарлот веќе покажува интерес за уметноста и дека во иднина би сакала да се занимава со пеење или глума. „Таа е родена за сцената. Таа е прекрасна актерка и пејачка и токму тоа сака да биде кога ќе порасне“, рекол изворот, според „Дејли меил“. Истиот медиум, исто така, објавува дека принцезата би можела да биде заинтересирана да посетува интернат познат по образованието во сценските уметности. Сепак, овие тврдења засега не се официјално потврдени. За потсетување, кралските обожаватели веќе имаа можност да ја видат музичката страна на Шарлот. Принцезата, заедно со нејзината мајка, принцезата од Велс, свиреа на пијано на отворањето на божиќната служба „Заедно за Божиќ“. Нивниот заеднички настап потоа привлече големо внимание од јавноста. Принцот Џорџ има поинаква иднина Додека Шарлот и Луис, според медиумските извештаи, би можеле да изберат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули, иднината на нивниот постар брат, принцот Џорџ, веќе е одредена од неговата позиција во редот на наследување. Џорџ, кој има 13 години, е втор во редот за британскиот престол, веднаш зад својот татко, и се очекува еден ден да стане крал. Шарлот, од друга страна, има уште една традиционална улога поврзана со неа. Според кралскиот обичај, се очекува еден ден да ја наследи титулата Принцеза Ројал, која моментално ја држи принцезата Ана. Оваа титула ја доделува монархот, а Шарлот може да ја добие само кога нејзиниот татко ќе стане крал. Претставници на принцот и принцезата од Велс се контактирани во врска со овие обвинувања, но тие не сакаа да коментираат за нив, објавува „News24“. Затоа, во моментов нема официјална потврда дека Вилијам навистина планира да им понуди на своите деца можност да се откажат од своите титули. Кејт Мидлтон подготвува личен документарец за нејзиното искуство со ракот Во меѓувреме, принцезата од Велс најави нов документарец кој ќе се занимава со нејзиното лично искуство со дијагнозата и закрепнувањето од рак. Се очекува проектот, наречен „Исцели“, да го истражи животот по дијагнозата, како и начините на кои луѓето наоѓаат утеха, сила и надеж додека се справуваат со сериозна болест. Како што е наведено во соопштението, документарецот има за цел да им помогне на луѓето да се справат со нивната дијагноза, третман и живот по ракот, со посебен фокус на холистички пристап кон грижата, благосостојбата и квалитетот на животот. Средствата собрани од овој проект ќе бидат доделени на хуманитарната организација „Ројал Марсден“, која ја поддржува работата на истоимената онколошка институција. Документарниот филм, на тој начин, покрај личната приказна на принцезата од Велс, ќе има и хуманитарна цел.Тагови: Принцот Вилијам принцезата Шарлот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
СудбинаМаж со Алцхајмерова болест преживеал 11 дена во Амазонија- го барале со дронови и термални камери (ВИДЕО)74-годишниот Жанарино Фереира дос Сантос, кој боледува од Алцхајмерова болест, е пронајден жив откако поминал 11 дена сам во амазонската дождовна шума во Бразил.Тој се опоравува во болница во градот Макапа, а спасувачите откриле дека преживувал јадејќи диви бобинки и пиејќи вода од природни извори, објави АП. Човекот се движел во кругови Дос Сантос бил пронајден во густа шумска област на околу 10 километри од Макапа. Спасувачите рекле дека тој правел импровизирани хамаци од листови од палма асаи за да се одмори во текот на ноќта. Ренерот на паркот Аниел Кардозо, кој учествувал во потрагата, рекол дека тој и волонтерите биле одведени до исчезнатиот човек по траги кои покажувале дека одел во кругови. Тие пронашле две леи од палмини лисја, а свежината на втората укажувала дека човекот сè уште е во близина. Дос Сантос бил пронајден бос и облечен само во долна облека. Не можел да зборува ниту да оди и бил многу жеден, рече Кардозо. Операцијата била комплицирана поради густата вегетација Потрагата започнала денот по неговото исчезнување, а во неа учествувале членови на семејството, волонтери и безбедносни служби. Пожарникарите и специјализираните тимови користеле хеликоптери, беспилотни летала и термални камери, додека неговата внука повикала потрагата да продолжи на социјалните мрежи. Спасувањето од прашумата на Амазонија било комплицирано поради густата вегетација, поплавените подрачја и мочурливата земја. Спасувачите затоа направиле импровизирана носилка од јажиња и го пренеле по непристапен терен. Кардозо рекол дека Дос Сантос ја напуштил својата куќа на работ на дождовната шума додека неговите роднини биле во посета на сосед.Тагови: Алцхајмерова болест Амазонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМасовно труење со алкохол во Индија: Најмалку 17 починати, над 200 завршија во болница Најмалку 17 лица починаа откако пиеле затруен алкохол во североисточна Индија, а повеќе од 200 се хоспитализирани, според официјални лица и извештаи на локалните медиуми!Џумнам Хемчанд Синг, главен министер на индиската држава Манипур, потврди во изјава на социјалните мрежи дека бројот на жртви се искачил на 17, во споредба со 11 два дена претходно, пренесе Пипл. Тој претходно изјави дека се верува дека алкохолот потекнува од градот Чакпикаронг во округот Чандел во државата Манипур, во близина на границата на Индија со Мјанмар. „Тајмс оф Индија“ и „Хинду“ објавија дека 228 од 1.130 лица испитани поради сомневање за труење биле хоспитализирани во два медицински центри, додека 38 пациенти биле на дијализа. Хемчанд рече дека владата формирала комисија за истрага и „да се обезбеди виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата што е можно поскоро“. Тој додаде дека примероци од алкохолот се испратени на анализа во Националната лабораторија за храна на Индија, како и во форензичката лабораторија во Манипур и Државната лабораторија за јавно здравје, и дека се запленети речиси 1.200 галони алкохол. Портпаролот на владата, Токчом Радешјам Синг, изјави дека се уапсени шест лица, објави „Тајмс оф Индија“. 17 Dead, More Than 200 Hospitalized with Suspected Poisoning After Drinking Tainted Alcohol https://t.co/2r7d3pIZDZ — People (@people) November 23, 2026 Тој ги повика локалните жители да соработуваат со властите и да пријават секој што е осомничен за производство и продажба на фалсификуван или неправилно подготвен алкохол, додавајќи дека истрагата ќе продолжи за да се идентификуваат другите вклучени. Хемчанд првично во петок, 20 ноември, изјави дека 181 лице е хоспитализирано. Тој ги повика болниците вклучени во третманот на пациентите да „обезбедат најдобра можна медицинска нега и сета потребна поддршка“, додавајќи дека медицински тим предводен од специјалист се упатува кон областа за да помогне во третманот. „Им посакувам на пациентите брзо и целосно закрепнување и изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на починатите“, рече тој, заедно со фотографии на кои се гледа како разговара со некои од хоспитализираните лица. „Владата ќе спроведе истрага и сторителите ќе бидат казнети“.Тагови: Алкохол Индија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00