Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
2Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
ЖивотГо дала синот на посвојување кога имал 3 г., по седум години го побарала назад!Не ни можела да сонува дека ќе се случи ова...Крис Смит не била родена под среќна ѕвезда, таа раснела во дом за незгрижени деца. Кога конечно завршила во згрижувачко семејство, кај неа се појавила трошка надеж, но тоа бил само почеток на нејзините маки. Уште како мало девојче, оваа жена се соочила со многу неволји во животот и на своја кожа почувствувала како е да се биде несакан, отфрлен, осудуван, казнет и тепан. Од едно згрижувачко семејство завршувала во друго, и во секое во кое ќе зачекорела, станувало сè полошо. - На многу млада возраст почувствував што значи да се биде злоставуван. Децата не би требало да се плашат од своите родители, посвоителите или партнерите. Секоја вечер легнував во страв. Кога веќе не можев да издржам, ќе истрчав на улица. Просев гладна и боса и спиев на улица, без покрив над главата. Беше толку тешко што не знам како наоѓав сили без да потклекнам - ја започнува својата приказна оваа очајна жена. На 14-годишна возраст Крис побегнала од дома и живеела на улица, а на 17 години го родила синот Метју. Привремено се тргнала од улицата и живеела со тогашниот партнер, со кого сакала да изгради дом и да има покрив над главата. - Човекот со којшто живеев беше алкохоличар. Животот со него беше пекол, но се обидував на секој можен начин да одржам дури и привид на семеен мир заради мојот син. После 2 години дознав дека сум повторно бремена. Меѓутоа, моето девојче почина само неколку дена откако се роди. Нејзиниот погреб беше на третиот роденден на мојот син. Не можев сето тоа да го поднесам. Ја погребав новородената ќерка, а син ми наполни 3 години и знаев дека за него нема подобар живот покрај мене и тој човек. Половина година после тоа, сè уште бев во агонија, па решив да го сместам мојот син во дом за колку-толку да има подобар живот со некои посвоители. Мислев дека ќе умрам од тага кога го оставив - се присетува мајката. Дека после дождот доаѓа сонце, се уверила и Крис. Таа се вработила како келнерка. - Не можев да верувам. Имав 21 година и првпат работев. Со мојата плата конечно најдов сила да го напуштам човекот што ме малтретираше секогаш кога ќе се напиеше. Изнајмив соба, одев на работа, стекнав колеги и пријатели. Потоа, во ресторанот го запознав Џо, со кого започнав врска. Конечно, некој ме ценеше, почитуваше и сакаше. Почнавме да живееме заедно во неговиот стан и се венчавме. Работев во ресторан, имав прекрасен сопруг, пријатели, плата и стан, но сепак чувствував голема празнина поради моето дете. Немаше ден а да не помислив на него. Џо ме охрабри да го побарам по седум години во сиропиталиштето каде што го оставив и да се обидам да ја најдам неговата адреса. Кога отидов таму, во морето деца, видов едно, кое ме чекало сите тие години! Тоа беше мојот син, мојот Метју! Сите тие години никој не го посвоил. Имаше 10 и пол години и се сеќаваше на мене. Го прегрнав и никогаш повеќе не посакав да го пуштам. Така е, по дождот доаѓа сонце – заклучила Крис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветЗаедничко соопштение на Си, Трамп и Путин по трилатералната средба - четири точки се клучниЗаедничка изјава на Си, Трамп и Путин од трилатералната средба во Шенжен .Кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин издадоа заедничка изјава по нивниот историски трилатерален самит. Тројцата лидери наведуваат дека се посветени на залагањето за реформа на Обединетите нации, со цел организацијата „поефективно да одговори на глобалните предизвици и да ја исполни својата основна мисија – зачувување на меѓународниот мир и безбедност“. Тие, исто така, се договорија да го зголемат производството на преработени нафтени деривати „за добробит на сите нации“, и покрај меѓународните санкции насочени против продажбата на руска нафта. Дополнително, во изјавата се потврдува „почитувањето на имунитетот на државните функционери“ и се упатува повик до Меѓународниот кривичен суд да не ја „злоупотребува“ својата надлежност. Ова меѓународно тело издаде налог за апсење на Владимир Путин поради неговата наводна одговорност за воени злосторства во руската војна во Украина. Лидерите, исто така, потврдија дека „не смее да се води нуклеарна војна“ и ветија дека ќе „воспостават дијалог“ за нуклеарните ризици и пролиферацијата, откако Трамп се залагаше за денуклеаризација во своето воведно обраќање и коментари пред самитот. Општи заклучоци: Трите земји планираат да го зголемат производството и снабдувањето со рафинирани нафтени производи во корист на сите нации. Тие уште еднаш ја потврдија важноста на стабилните енергетски текови. Како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина, Русија и Соединетите Американски Држави се посветени на промовирање на реформата на Обединетите нации за да можат поефикасно да одговорат на глобалните предизвици и да ја исполнат својата основна мисија за зачувување на меѓународниот мир и безбедност. Тројцата шефови на држави оценија дека принципот на национална согласност и почитувањето на имунитетот на државните функционери се од најголема важност, и се согласија дека Меѓународниот кривичен суд и други слични тела не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност. Трамп, Путин и Си повторија дека нуклеарна војна не може да се добие и не смее да се води. Трите земји ќе започнат дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓаниГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Црвениот крст, подели социјални пакети со прехранбени производи на 50 пензионери со минимални пензии.„Солидарноста и грижата за повозрасните граѓани треба да бидат наша секојдневна обврска. Во време кога изостанува потребната социјална грижа од државата, ние како локална самоуправа сме тука да помогнеме. Годинава ја зголемивме еднократната финансиска помош за пензионерите на 5.000 денари, како што и ветивме. Со овие пакети сакаме да им дадеме дополнителна поддршка на нашите пензионери, особено во пресрет на новогодишните празници. Ова е дел од низата хуманитарни активности што ги подготвуваме во овој период“, порача Герасимовски. Со оваа акција Општина Центар ја потврдува посветеноста на социјална поддршка за најранливите категории граѓани. Преку соработката со Црвениот крст, општината продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста, затоа што и малата помош може да значи многу за оние на кои им е најпотребна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗдравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратенНајголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година. Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови. Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени. Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек. Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.Тагови: здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook