Глумците Пеат - шоу што ќе ја освои публиката - Канал 5

Глумците Пеат - шоу што ќе ја освои публиката

На 8 април, со почеток во 20:30 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, ќе се спојат музиката и театарот, во уникатното шоу Глумците Пеат.

Глумците Пеат - шоу што ќе ја освои публиката

Организаторите најавуваат вечер исполнета со хумор, енергија и незаборавни изведби, а публиката ќе има можност да ужива во музички точки кои носат дух на едно гламурозно време.

На Глумците Пеат ќе настапат триесетина врвни актери од сите генерации, придружувани од биг-бенд составен од извонредни музичари. Режијата е на Дејан Пројковски, музичките аранжмани на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.

- Годинава сме инспирирани од филмската уметност и ќе ја исполниме сцената со ритам, страст и хумор, но детали ќе откриеме наскоро. Глумците Пеат е единствена независна продукција од ваков обем, каде сè почнува од празен лист хартија и сé се создава од нула. Се осмислува тема, се пишува сценарио, се подготвуваат аранжмани, и внимателно се избираат актерите и соработниците. Ова е продукција што бара темелна и прецизна подготовка, изјави организаторот.

Творец на шоуто Глумците Пеат е починатиот актер Марин Бабиќ, кој заедно со своите колеги во 1992 година сакал да покаже дека глумците, покрај тоа што глумат, знаат и одлично да пеат. Ова шоу се прави во чест на Светскиот ден на театарот, празник кој ги слави креативноста, слободниот дух и заедништвото помеѓу глумците.

Картите за овој единствен настан можат да се набават на билетарницата на МНТ и онлајн преку официјалната веб-страница на театарот. Местата се ограничени, па организаторите препорачуваат публиката да ги обезбеди своите карти навреме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Скопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала.

Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка.

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со кој се предвидуваат континуирани едукативни активности во Природонаучниот музеј.

Согласно договорот, учениците од основните училишта во Карпош во текот на учебната 2026/2027 година ќе имаат можност за неограничен број посети на Музејот, со обезбедени групни влезници. Дополнително, за учениците ќе се организираат тематски работилници, предавања, презентации и практична настава, реализирани од стручни лица и експерти од областа на природните науки. Целта на оваа соработка е да се поттикне интересот кај учениците за природните науки и природното наследство, но и наставните содржини да се изучуваат на поинтересен, подинамичен и практичен начин. Со оваа иницијатива, Општина Карпош продолжува да вложува во современо образование и создавање нови можности за учење и развој на најмладите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење

Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштат.

Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење

Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени акциски контроли на територијата на државата, насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Контролите беа реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL.

Во текот на акцијата, полициските службеници континуирано ја следеа и мереа брзината на движење на возилата, со посебен фокус на патните правци и локации каде што, согласно сообраќајно-безбедносните анализи, постои зголемен ризик од сообраќајни незгоди предизвикани од несоодветна и неприлагодена брзина.

При контролите беа констатирани 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштата, превенција на сообраќајните незгоди и зајакнување на меѓународната полициска соработка во рамки на ROADPOL.

Овие активности се дел од континуираните напори на Министерството за внатрешни работи за намалување на бројот и последиците од сообраќајните незгоди, зголемување на дисциплината во сообраќајот и создавање побезбедни услови за сите учесници во патниот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер