Глобалната пандемија се очекува да прерасне во твиндемијата - Канал 5

Глобалната пандемија се очекува да прерасне во твиндемијата

Кривата на ковид-позитивни во забрзан раст, болничките кревети речиси полни, медицинскиот кадар истрошен, здравствените власти на готовс за рестрикции.

Глобалната пандемија се очекува да прерасне во твиндемијата

Бројот на новозаразени за една недела порасна за над 1.000, што го вклучи црвениот аларм за есенски бран на вирусот.

Првиот човек на здравството, Венко Филипче, преку социјалните мрежи порача дека состојбата е сериозна и најави подготвеност за поригоризни мерки, за да се спаси здравствениот систем.

-Разбирам дека кај сите има голем замор од оваа состојба и дека буквално Ви е преку глава од коронавирусот. Но, верувајте дека заморот е уште поголем кај здравствените работници. Рестрикции и мерки ќе носиме секогаш кога ќе процениме дека тоа е единствен начин да се заштити системот и јавното здравје. Тоа е наша одговорност и должност. Мерките и рестрикциите не се ничија желба или хир. Едноставно мора да разбереме дека тие се единствените алатки кои ни се на располагање за да се заштитиме, напиша Филипче.

Според епидемиолозите, најјасна слика за сериозноста на состојбата дава бројката на заразени кои завршуваат во болница, како и бројот на починати.

Од Министерството за здравство уверуваат дека во моментов има доволно болнички кревети за згрижување на ковид позитивните, иако деновиве имаше тврдења на доктори од Струга, Прилеп и Куманово оти капацитетите им се веќе полни, а на скопските клиники одбиваат да ги примаат повозрасните пациенти.

Надлежните велат дека на инфективните болници и одделенија има околу 1.000 кревети, од кои во Скопје се 305. Половина од нив се на Инфективната клиника, а останатите во „Осми септември“ и детската болница „Козле“ каде се згрижуваат и возрасни.

На Клиниката за инфективни болести – Скопје 110 легла

Модуларна болница до Инфективна – 70 легла

ГОБ „ Осми Септември“ - 50 легла

„Козле“ – 75 легла ( 60 за возрасни + 15 за деца )

Во моментов, хоспитализирани се вкупно речиси 400 пациенти. Од нив, околу 250 на одделенијата во болниците ширум државата, околу 80 на Инфективна, во ГОБ 35 пацинети, а во „Козле“ шестмина, од кои 3 дечиња. Од хоспитализираните, околу 50-тина се на кислородна поддршка, а тројца се приклучени на респиратор и се борат за живот.

Хоспитализирани пациенти

На инфективните одделенија низ Македонија 253

Инфективна клиника Скопје 85

ГОБ „Осми септември“ – 35

Детска болница „Козле“ - 6

Монтажните болници најавувани од здравствените власти, сепак не се изградени. Постапките од наша страна се завршени, велат оттаму, ама заемот од Светската банка не стигнал, поради, како што образложуваат од Министерството за здравство, негодувања во претходната техничка влада.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло

 Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ е во прекин поради истекување на масло по гаснењето на запалено товарно возило, соопшти Авто-мото сојузот на Република Српска.

Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло

Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина (УИО) синоќа соопшти дека сообраќајот сè уште е во прекин на меѓународниот граничен премин Рача-Сремска Рача, откако во вечерните часови избувна пожар на камион со регистарски таблички од БиХ, додека се наоѓал на мостот меѓу Босна и Херцеговина и Србија.

Камионот се запалил среде мостот откако претходно го напуштил царинскиот терминал на Управата. Во приколката се превезувал товар од алуминиумски скали наменети за извоз од Босна и Херцеговина во Романија.

Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина ги повика возачите на камиони, како и останатите учесници во сообраќајот, да користат други алтернативни меѓународни гранични премини за да избегнат подолги задржувања. Противпожарните служби брзо интервенираа и го изгаснаа пожарот на камионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпревар

Македонската репрезентација вечерва ја очекува нов дуел со Швајцарија, десет дена по натпреварот во Скопје. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел.

Седлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпревар

„Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме“, изјави Седлоски.

Селекторот потврди дека здравствениот билтен е добар и дека сите фудбалери се подготвени за натпреварот, а најави и промени во составот поради густиот распоред и четирите натпревари во период од 12 дена.

„Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри“, додаде Седлоски.

Селекторот истакна и дека критиките треба да бидат насочени кон него, а фудбалерите во овој момент да ја имаат потребната поддршка.

Висар Муслиу очекува од македонската репрезентација максимална тимска ангажираност против еден од најквалитетните противници во групата.

„Швајцарија не е само офанзивно силна репрезентација, имаат квалитет од голман до шпиц. Не може да говориме само за одбрана, затоа што ќе ни биде потребна тимска игра од напаѓач па до голман. Сите мора да учествуваме дефанзивно ако сакаме да бидеме успешни“, вели Муслиу.

Дефанзивецот признава дека резултатите во овој циклус не се онакви какви што очекува јавноста, но нагласува дека тимот мора да покаже реакција.

„Се наоѓаме во тешка ситуација, нема резултати, а сите ги очекуваа затоа што го навикнавме народот со добрите резултати. Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот. Лигата Б е поквалитетна и тимски и индивидуално, но мора нешто да покажеме. Не смее само противникот да се прашува.“

Муслиу упати и апел за поддршка од навивачите, особено во период кога резултатите не се на посакуваното ниво.

„Ние сме луѓе, имаме емоции. Кога оди добро, никој ништо не кажува, но кога има толку навреди кон некого, не е убаво. Сега ни е најмногу потребна поддршката. Не е исто за нас што немаме победа и гол, но мора да гледаме напред. Чекаме поддршка на секој меч и сакаме секој да верува во нас. Како што имавме добри резултати порано, можеме и на наредните натпревари да бидеме подобри.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција со пресврт до убедлива победа над Белгија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Франција, синоќа по резулатски пресврт ја победи Белгија со 4–1 во Париз, во натпревар од 4. коло на групата А1 во Лигата на нации.

Франција со пресврт до убедлива победа над Белгија

Белгија поведе во 35. минута со голот на Доди Лукебакио, по асистенција на Ромео Лавија. Франција направи голем пресврт во продолжението од натпреварот, предводена од клучниот придонес на Мајкл Олисе, Дезире Дуе и Рајан Шерки, кои влегоа во игра во второто полувреме. Дуе израмни во 77. минута, а само четири минути подоцна Шерки постигна гол за водство на Франција, по асистенција на Олисе. Потоа, Олисе постигна уште два гола – во 88. минута и во судиското надополнување (90+1).

На вториот натпревар од групата А1, Италија ја победи Турција со 3–1 во Болоња.

По вчерашните средби Франција е на чело на групата со 10 бода, Италија има седум, а Белгија шест, додека Турција е без бодови.

На другите натпревари од Лигата на нациите синоќа: Босна и Херцеговина – Полска 1–0, Романија – Шведска 0–1, Северна Ирска – Грузија 0–0, Украина – Унгарија 1–2, Црна Гора – Ерменија 0–0 и Кипар – Латвија 2–1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер