Глетката што се случува откако оваа девојка ќе ја расплете косата го изненади светот! (видео) - Канал 5

Глетката што се случува откако оваа девојка ќе ја расплете косата го изненади светот! (видео)

Младата корисничка на Тикток, Отум Грејс, стана позната благодарение на нескротливата коса.

Глетката што се случува откако оваа девојка ќе ја расплете косата го изненади светот! (видео)

Посебно интересно е што Отум развила цел систем да ја скроти својата коса, па таа изгледа сосема поразлично кога косата ѝ е собрана во кики и откако ќе ја пушти.

Во својата објава на Тикток, која им се допаднала на дури 11, 5 милиони лица, Отум покажува како само со вода ја „решава работата“ и напишала: „Што би правела без вода“? Таа својата долга и исклучително густа коса најпрво ја прска со вода и ја расчешлува, а потоа успева да ја врзе во плетенки.

Одржувањето на ваква коса, според видеото, бара многу време пред огледало.

Одделни корисници на оваа социјална мрежа се препознале во објавата на девојката, и прокометирале дека ја делат истата судбина, а други „тиктокери“, пак, се воодушевени од нејзината коса велејќи дека би дале сè за такви локни и волумен.

Отум потоа покажува фотографии од своите родители, сакајќи на сите да им покаже дека станува збор за генетска предиспозиција.

Во друга објава таа покажала како изгледа нејзината коса стилизирана со помош на дифузер. И додека едни се воодушевени од нејзината коса, други прокоментирале дека не би имале нерви да ја негуваат, па би ја исправиле засекогаш или би носеле кратка фризура.

@iautumngracee ♬ As It Was - Harry Styles

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на предците кои се бореле за слободата на Македонија.

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“

Во објавата, Мицкоски истакнува дека борците од пред 85 години немале гаранција за победа ниту сигурност дека ќе се вратат во своите домови, но верувале дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.

Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро. Тие немале гаранција дека ќе победат. Немале сигурност дека ќе се вратат во своите домови. Немале можност да знаат како ќе изгледа светот што ќе го остават зад себе. Но, имале нешто посилно од стравот. Имале верба дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.

Нашите предци го направија она што во нивното време изгледало невозможно. Ја отворија вратата на слободата. Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено.

Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме слободата. Затоа што слободата не е завршена приказна. Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи.

Честит 11 Октомври!

Да е вечна Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Дванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. 

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран.

Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба.

Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена.

По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион.

Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад.

По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер