Гледач на Канал 5: Нема греење на Инфективната клиника, болните се смрзнуваат - Канал 5

Гледач на Канал 5: Нема греење на Инфективната клиника, болните се смрзнуваат

Гледач на Канал 5 се обрати до редакцијата со реакција на условите на Инфективната клиника, каде што вели дека немало греење.

Гледач на Канал 5: Нема греење на Инфективната клиника, болните се смрзнуваат

„На Инфективна клиника нема греење веќе 7- 8 дена и луѓево болни со ковид, пневмонии и други инфекции седат на ладно. Далечинската од сите клими се одземени и не се пушта друго алтернативно греење. Ова го знам зашто имам близок кој е таму хоспитализитан со ковид пневмонија.“ , пишува гледачот.

Канал 5 ТВ во текот на денот ќе се обиде да добие став од Министерството за здравство и од Инфективната клиника за состојбата со греењето .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Капитулација пред БОГОВИТЕ НА БЕЗАКОНИЕТО: коалиционите партнери делат навреди и се снимаат дури возат, државата молчи!

Безобразието, мизогинијата и отвореното дивјаштво на коалициониот партнер на власта, Петар Богојески, ја преминуваат секоја граница на нормалноста и влегуваат во зоната на директно загрозување на јавната безбедност и човечките права! 

ЛДП: Капитулација пред БОГОВИТЕ НА БЕЗАКОНИЕТО: коалиционите партнери делат навреди и се снимаат дури возат, државата молчи!

Само неколку дена по скандалозните повици за „машки надзор“ и оправдување на насилството, истиот овој лик излегува со бесрамна лавина навреди, нарекувајќи ги жените и активистките кои протестираа против фемицидите „хистерични кучкарки“, „булумента“ и „багра“. И додека овој политички експонент слободно се расфрла со говор на омраза, тој во исто време со гордост објавува видео како управува со возило во сообраќајот, снимајќи се и свесно кршејќи ги законските прописи за безбедност на патиштата! Во Либерално-демократската партија (ЛДП) очекувавме експресна реакција на Владата, а добивме 24 часовен молк, односно премолчено одобрување.

Гласно прашуваме со целиот народ: Каде се сега министерките во Владата да кажат збор за својот коалиционен партнер? Каде е министерката за образование и науката – зар овој институционален и морален дебакл не ја допира? Поважен ли комфорот на власта од страдањето на сограѓанките? Каде се министерот за одбрана и Воената академија да го суспендираат овој човек веднаш? Ова не е слобода на говор, ова е чист говор на омраза и директен чекор до насилство кое не смее да се промовира пред студентите, кадетите и идните војници! Каде е министерот за внатрешни работи и сообраќајната полиција веднаш да објават дека веќе го казниле за несовесно возење и снимање зад воланот?

Како е можно за обичниот народ да функционира секој системот за контрола, да ги снимаат до Сејф сити, додека за коалиционите партнери на власта важат само привилегии, дрскост и целосно беззаконие? Дали власта чека нова жртва на фемицид или кобна сообраќајна несреќа предизвикана од ваква неодговорност за конечно да си го дисциплинира партнерот согласно законите?

Ова секојдневно лудило длабоко го разгорува гневот кај граѓаните! ЛДП и народот бараат итна реакција од сите институции, санкционирање на сообраќајните прекршоци и јавно оградување од овие срамни испади – бидејќи молчењето на власта значи само едно: одобрување на насилството и беззаконието!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е тетовец – нападна две деца во основно училиште

Жител на тетовското село Требош (51) бил приведен, откако влегол во основно училиште и физички нападнал двајца ученици, упатувајќи им и вербални закани.

Уапсен е тетовец – нападна две деца во основно училиште

Како што информираат од МВР, инцидентот се случи вчера утрината околу 9 часот, за време на големиот одмор, кога 51-годишниот Б.Х. влегол во училишните простории и ги нападнал учениците..

Полициски службеници од полициското одделение Групчин го лишиле од слобода насилникот. Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка

Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Нервозата на Филипче е очигледна. Наместо да поздрави решение кое треба да придонесе за стабилноста на финансискиот систем и сигурноста на граѓаните, тој повторно се обидува да шири политички конструкции, да создава недоверба и креира црни сценарија.

Очигледно е дека проблемот на Филипче не е во решението за Алта банка, туку во тоа што оваа Влада покажува дека проблемите можат да се решаваат, наместо да се оставаат граѓаните да ги плаќаат последиците како во време на СДС.

СДС треба да се потсети дека во нивно време се затвораа банки, финансиски институции пропаѓаа, а граѓаните и компаниите се соочуваа со неизвесност додека кланот Заеви се богатеа.

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката.

Тогаш Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.

Филипче и СДС немаат кредибилитет да држат лекции за финансиска стабилност додека избегнуваат одговори за периодот во кој тие управуваа со државата.

Наместо да ја напаѓаат секоја иницијатива за решавање на проблемите, нека одговорат на прашањата што ги интересираат граѓаните кој добивал кредити, под кои услови, колку од тие средства биле вратени и дали постоеле привилегирани клиенти блиски до тогашната власт на СДС и ДУИ?

Филипче не треба да биде нервозен кога се решаваат проблеми. Треба да биде подготвен да одговори за времето кога неговата партија беше на власт.

Додека Филипче се занимава со црни сценарија, да не се грижи банката ќе биде спасена и банката ќе продолжи да функционира. Им пропаднаа само црните сценарија на СДС и Филипче.

Граѓаните, да бидат спокојни. Се додека премиер е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер