Главните фаворити за организација на СП 2030 во еуфорија, немаат конкуренти - Канал 5

Главните фаворити за организација на СП 2030 во еуфорија, немаат конкуренти

Шпанските медиуми пишуваат дека речиси е сигурно дека Шпанија и Португалија ќе ја добијат организацијата на СП 2030.

Главните фаворити за организација на СП 2030 во еуфорија, немаат конкуренти

Според нив, првиот човек на европскиот фудбал Александар Чеферин бара 55 федерации членки на УЕФА да изберат само еден европски кандидат за најголемиот светски фудбалски фестивал 2030 година, а Шпанците и Португалците се убедливо најсериозните, па дури и единствени кандидати.

Марка пишува дека потезите и напорите на Луис Рубиалес и Фернандо Гомеш, претседатели на шпанската и португалската фудбалска федерација, вродиле со плод бидејќи Британија ја повлекла кандидатурата и ја фрлила целата своја енергија во организација на Евро 2028 заедно со Република Ирска.

Марка тврди дека кандидатурата на Шпанија и Португалија ја добила поддршката од сите 55 европски сојузи, а Чеферин во неколку наврати јасно ставил до знаење дека сака една европска кандидатура и дека неговата поддршка ќе биде едногласна.

„Европа мора да има една кандидатура и поддршката ќе биде целосна“, вели Словенецот.

Исто така, покрај поддршката на Европа за пиринејската кандидатура, поддршка дале и некои други федерации, како Саудиската, која е воодушевена од организацијата на шпанскиот Суперкуп во главниот град на таа земја. Шпанија беше домаќин на Светското првенство во 1982 година, а Португалија беше домаќин на Евро 2004, кое беше добро организирано.

Својата намера да се кандидираат заедно најавија и јужноамериканските држави Аргентина, Парагвај и Уругвај, со уште една азиска и африканска кандидатура, но ниту една од нив не испратиле официјална кандидатура, па Шпанците и Португалците практично останале сами во играта.

Во последно време и двете земји инвестираа многу во инфраструктурата, во изградба на нови стадиони, а бидејќи знаеме дека тоа се туристички велесили, ваквата одлука не зачудува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Територијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата.

Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер