Главниот соработник на Марин Ле Пен најави кандидатура за претседателските избори - Канал 5

Главниот соработник на Марин Ле Пен најави кандидатура за претседателските избори

„Јасно е дека Марин Ле Пен е мојот кандидат, но ако утре ѝ биде забрането да се кандидира, мислам дека можам да кажам дека јас ќе бидам нејзиниот кандидат“, изјави Бардела во интервју за „Ле Паризиен“.

Главниот соработник на Марин Ле Пен најави кандидатура за претседателските избори

Претседателот на француската десничарска партија Национален собир (RN), Жордан Бардела, потврди дека ќе се кандидира на француските претседателски избори во 2027 година, доколку неговата менторка Марин Ле Пен, која веќе трипати беше кандидат и важи за фаворит, биде спречена да учествува поради судска пресуда за проневера.

„Јасно е дека Марин Ле Пен е мојот кандидат, но ако утре ѝ биде забрането да се кандидира, мислам дека можам да кажам дека јас ќе бидам нејзиниот кандидат“, изјави Бардела во интервју за „Ле Паризиен“.

Дваесет и деветгодишниот Бардела, кој е и претседател на групата Патриоти за Европа во Европскиот парламент, долго време се сметаше за наследник во Национален собир, но досега немаше јавно изразено подготвеност да влезе во претседателската трка.

Тој се наметна како најочигледен кандидат на најголемата крајнодесничарска партија во Франција откако Ле Пен беше прогласена за виновна за проневера и доби петгодишна забрана за извршување јавни функции.

Ле Пен и уште 23 обвинети се товарат дека незаконски користеле повеќе од 4 милиони евра средства од Европскиот парламент за плаќање на соработници кои формално биле асистенти на пратеници, но всушност работеле за партијата.

„Работам и се подготвувам“, рече Бардела, нагласувајќи ја „апсолутната неопходност за останување обединети“.

Тој истакна и дека „Марин Ле Пен ужива презумпција на невиност“ и најави дека ќе ги искористат сите правни средства за да ја бранат нејзината невиност. Апелацискиот суд ќе ја донесе конечната одлука за случајот до летото следната година.

ФСБ уапси шест лица кои подготвувале терористички напади

 Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека спровела мерки за спречување на ширењето на идеологијата за масовни убиства и самоубиства меѓу младите луѓе во 81 регион на Руската Федерација.

ФСБ уапси шест лица кои подготвувале терористички напади

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека спровела мерки за спречување на ширењето на идеологијата за масовни убиства и самоубиства меѓу младите луѓе во 81 регион на Руската Федерација, приведувајќи шест лица вклучени во подготовката на вооружени напади врз образовни институции во Москва и Тјумен, како и насилни дејствија во Кемерово, Ростов на Дон и Јошкар-Ола, пренесуваат руските медиуми.

-Федералната служба за безбедност на Руската Федерација, заедно со Министерството за внатрешни работи, Истражниот комитет и Федералната служба на трупите на Националната гарда на Руската Федерација, спроведоа превентивни мерки во 81 регион на Руската Федерација со цел спречување на ширењето на идеологијата на насилство, масовни убиства и самоубиства меѓу младите луѓе, се наведува во извештајот.

Како резултат на овие настани, приведени се шест граѓани вклучени во подготовката на вооружени напади врз образовни институции во градовите Москва и Тјумен, како и насилни дејствија во градовите Кемерово, Ростов на Дон и Јошкар-Ола, забележува ФСБ.

Според податоците од специјалните служби, од адресите на притворените се запленети компоненти за изработка на рачно изработени експлозивни и запаливи направи, остри оружја, планови за подготовка на вооружени напади, симболи и пропаганден материјал на неонацистички и терористички организации.

Евростат: БДП на еврозоната се зголеми во првиот квартал од 2025 година за 0,3 отст

Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми во првиот квартал од 2025 година за 0,3 проценти споредено со претходните три месеци, објави денес Евростат.

Евростат: БДП на еврозоната се зголеми во првиот квартал од 2025 година за 0,3 отст

Резултатот е послаб од претходно проценетиот раст од 0,4 проценти, но сепак ги надминува очекувањата на економистите од јануари.

Меѓу големите економии, Германија оствари квартален раст од 0,2 проценти, Шпанија ги надмина очекувањата со раст од 0,6 отсто, а Италија 0,3 проценти, додека Франција забележа поскромен раст од 0,1 отсто.

Голем интерес за натпреварот АЕК – Алкалоид во Атина, досега продадени околу 3.000 билети

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети.

Голем интерес за натпреварот АЕК – Алкалоид во Атина, досега продадени околу 3.000 билети

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, досега се продадени околу 3.000 карти.

Натпреварот ќе се одигра во олимписката сала „Сунел Арена“, продажбата на билети започна во вторникот и како што објави МИА се по цена од 10, 15 и 40 евра во ВИП делот.

Денеска пак, два дена откако беа пуштени во продажба, голем дел од билетите веќе се распродадени, па домаќините отворија уште два блока од една од трибините, со што засега, отворени за гледачи се 12 од 44 блока од трибините во салата, а доколку бидат исполнети, ќе се отворат и дополнителни.

- Со брзо темпо продолжуваат да се продаваат билетите за првото европско финале на Европскиот куп на ЕХФ против Алкалоид, кое ќе се одржи во „Сунел Арена“ во недела, 18 мај во 19:00 часот. Поради големата побарувачка, АЕК информира дека се отворени и блоковите 3 и 10 од салата! Ве повикуваме сите да го поддржите нашиот тим на патот кон европскиот успех, соопштија од АЕК.

Извори од клубот за МИА посочија дека досега се продадени околу 3.000 билети.

Натпреварот АЕК-Алкалоид во Атина е закажан за 19 часот по локално, 18 часот по македонско време, а реваншот во Скопје ќе биде една седмица подоцна, на 25 мај во спортската сала „Борис Трајковски“.

Салата „Сунел Арена“ во западниот дел на Атина, изградена за Олимписките игри одржани во 2004 година, а реновирана пред четири години, има капацитет да прими околу 9.000 гледачи, а од 2019 година ја користи КК АЕК за натпреварите во грчката кошаркарска лига, но е приспособена за одржување и на ракометни натпревари.

притисни ентер