ЕвропаГлавниот служител во Елисејската палата уапсен за кражба на вредни предмети Главниот служител во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а и за обид за нивна продажба преку интернет. Тој е еден од тројцата приведени во скандалот што ја потресе официјалната резиденција на францускиот претседател. Вредноста на украдените предмети се проценува на 40.000 евра, објави „Гардијан“. Надлежните го уапсија главниот осомничен и двајца соучесници минатата недела. Властите беа предупредени за исчезнувањето на предметите, од коишто некои се сметаат и за национално богатство. Повеќето предмети потекнуваат од познатата фабрика за порцелан „Севр“ во Париз, којашто е во државна сопственост од 1759 година. Истрагата беше покрената откако вработените во фабриката препознаа некои од исчезнатите предмети на интернет-страници за аукции како што е „Винтед“. Според истражителите, сметката на осомничениот во „Винтед“ содржела плочка со печат „Француски воздухопловни сили“ и пепелници со ознака „Севр“, предмети што вообичаено не се достапни за јавноста. При претрес на неговиот дом, возило и личното службено шкафче, пронајдени се околу сто предмети, вклучувајќи порцелан, статуа од Рене Лалик, чаши за шампањско „Бакара“ и бакарни садови. Улогата на главен службеник вклучува грижа и одржување на приборот за јадење што го користат претседателите и достоинствениците. Обвинителите рекоа дека инвентарните листи што ги водел уапсениот посочуваат дека тој планирал и други кражби. Тој и неговите соучесници беа изведени на сослушување, а нивното судење е закажано за 26 февруари следната година. Тие беа пуштени на слобода под надзор, со што им се забранува да контактираат едни со други, да посетуваат аукциски куќи и да се занимаваат со професионалните дејности. Пронајдените предмети беа вратени во Елисејската палата, коешто посреќен исход од случајот со „Лувр“, каде што сè уште недостасуваат накитот во вредност од околу 88 милиони евра по грабежот во октомври. Уапсени се четворица осомничени досега во врска со тој случај. Се чини, низата кражби што ги погодија истакнатите француски институции - продолжува. Во септември, од Природонаучниот музеј во Париз исчезнаа шест златни грутки во вредност од околу 1,5 милиони евра, а од Музејот на порцелан во Лимож снема кинески порцелан во вредност од 6,55 милиони евра. Во октомври, околу 2.000 златни и сребрени монети во вредност од околу 90.000 евра беа украдени од музејот „Мезон де Лумиер“ во Лангр. Тагови: Елисејската палата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК. Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter