ЗабаваГлавната вечер на Струмичкиот карневал ќе се одржи на 21 февруариСе планира традиционално карневалските празнувања да почнат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а останата програма, освен за Главната вечер, Организацискиот одбор ќе ја соопшти на наредните денови. Годинашново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18 до 25 февруари, а Главната вечер ќе се одржи на 21 февруари (сабота), информираше претседателката на Организацискиот одбор на Карневалот, Танкица Стојанова,на денешниот брифинг со новинарите. Се планира традиционално карневалските празнувања да почнат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а останата програма, освен за Главната вечер, Организацискиот одбор ќе ја соопшти на наредните денови. Според Стојанова, не се планираат некои поголеми програмски измени, а засега е извесно дека годинава нема да се одржи традиционалниот Концерт под маски на учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“. -Останатите манифестации ќе се одржат како и досега, но останува да се утврдат програмските содржини и наскоро ќе биде објавена програмата, рече Стојанова. Инаку, секоја година Струмичкиот карневал се одржува на различна дата, бидејќи неговото одржување се врзува со почетокот на големиот велигденски пост.Тагови: Општина Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
МакедонијаТројца грчки пожарникари загинаа во пожари што се закануваат на делови од јужна ЕвропаТројца грчки пожарникари загинаа гасејќи пожари на Крит и на Пелопонез.На Крит,а силните ветрови ги разгореа пожарите, што доведе до евакуација на неколку села, шумски пожари избувнаа и на други места во Грција, на островите Парос и Лезбос во Егејското море и во јужниот град Трифилија на грчкото копно. Во меѓувреме, во Шпанија и Франција започна четвртиот топлотен бран ова лето, а пожарникарите се обидуваат да спречат разгорување на големите пожари кои штотуку беа ставени под контрола. Во јужна Турција, главниот автопат што ги поврзува Фетије и Анталија мораше да биде затворен, а дел од болницата евакуиран поради пожар во покраината мугла.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
КултураПијанистката Пегораро прозвучи со совршена убавинаВечер што долго ќе се памети остави зад себе харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка Кристиана Пегорано која синоќа настапи на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“. Концертот се одржа во рамки на Италијанската вечер, поддржана од Амбасадата на Италија во Македонија. Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери, истакна дека „Охридско лето“ од година во година достигнува сè повисоко ниво. -Имајќи предвид дека „Охридско лето“ е еден од најзначајните културни фестивали во Европа, оваа година имавме чест да ја донесеме извонредната италијанска пијанистка Кристиана Пегораро која настапувала на многу слични меѓународни сцени, а имала чест да свири и пред претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела. Програмата што ја изведува вечерва е во согласност со инспиративната тема што ги поврзува сите културни настани организирани од страна на Амбасадата во текот на 2026 година- Љубовта во сите нејзини облици, рече италијанскиот амбасадор Палминтери, упатувајќи голема благодарност до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на „Охридско лето“ за нејзиното присуство на Италијанската вечер, до директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, како и до Италијанскиот институт во Белград за поддршката на оваа традиционална вечер. Пијанистката Кристиана Пегораро која „Њујорк тајмс“ ја опишува како „уметница од најголем калибар“ , вечерта ја започна со „Largo al Factotum“ од операта „Севилскиот бербер“ на италијанскиот композитор Џоакино Росини, но во нејзин аранжман како што беа впрочем и повеќето дела што ги долови на концертот. Потоа следуваа композиции од Бах, Шуберт, Бетовен, Вивалди, Моцарт, Вебер, па извонредната интерпретација на сплет од наполитански песни, а крајот на вечерта беше во знакот на композиции создадени од самата пијанистка. -Програмата со која настапувам е наречена „Радоста на музиката“. Музиката е универзален јазик кој води директно до срцата на луѓето, рече пијанистката Пегораро, којашто навистина внесе радост кај публиката со своето маестрално музицирање на фестивалското пијано, при тоа, внимателно воведувајќи ги слушателите во делата што ги свири. Добитничката на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија за својата пијанистичка дејност, најстапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и многу топло, температурите до 39 степениУправата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и многу топло време.Во текот на денот се очекува повремена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 22 Целзисуови степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 39 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 36 степени. Според најавата на УХМР, под влијание на топол бран, во земјава претстои период на сончево и многу топло време со температури кои секојдневно ќе надминуваат 35 степени. Особено топло се очекува да биде претстојниот викенд и во текот на следната седмица, кога дневните температури наместа ќе надминат 40 Целзиусови степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00