БалканГласовите се уште се бројат, Вучиќ прогласи победа, опозицијата не ги признава резултатитеОна што денеска официјално е соопштено, од Републичката изборна комисија (РИК), е дека се обработени 7.816 од 8.273 избирачки места.На изборите во Србија гласовите се уште се бројат, претседателот Александар Вучиќ синоќа прогласи победа на парламентрните, покраинските, локалните и изборите на Белград, а опозицијата соопшти дека не ги признава резултатите што ги соопшти Вучиќ, дека е направено невидено изборно насилство и дека ќе бараат решение по демократски пат, преку РИК, не исклучувајќи и протести, јави дописникот на МИА од Белград. Она што денеска официјално е соопштено, од Републичката изборна комисија (РИК), е дека се обработени 7.816 од 8.273 избирачки места. Според нивните податоци, листата на СНС освоила 46,9 отсто од гласовите, листата Србија против насилството 23,31 отсто, СПС 6,6 отсто, коалицијата НАДА 5,01 отсто, а листата предводена од Бранимир Несторовиќ 4,67 отсто од гласовите. Кога станува збор за малцинските листи, цензусот го надмина СВМ 1,72 отсто гласови, СПП 0,78, СДА Санџак 0,61, „Политичката борба на Албанците продолжува“ 0,38, Руската партија 0,3 отсто гласови. Од невладините ЦеСИД и ИПСОС (95,3 отсто од обработениот примерок) проекциите се: СНС освои најмногу гласови - 46,3 отсто (127 мандати во Собранието кое брои 250 пратеници), листата „Србија против насилството“ - 23,6 отсто (65 пратеници), листата на СПС на Дачиќ 6,6 отсто (18), листата предводена од Бранимир Несторовиќ - 4,8 отсто (13) и коалицијата НАДА-ДСС - 4,9 (13). Изборниот праг го поминаа и пет малцински листи: СВМ 1,7 отсто од гласовите (шест пратеници), листата предводена од СЈО 0,9 (тројца), СДА Санџак 0,6 (двајца), листата „Политичката борба на Албанците продолжува“ 0,5 (двајца) и Руската партија 0,3 (еден). Претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ изјави дека првичните прелиминарни резултати ќе бидат објавени денеска до 20 часот. Но, ова ќе бидат резултати без пријавите на кршење на изборните правила, кои се веќе најавени, што значи дека со евентуалното прегласување, за конечните резултати да бидат прогласени ќе треба подолг временски периот, што беше случај и со изборите пред неполни две години (2022), кога владата се формираше шест месеци по одржување на тие избори. Вучиќ на синоќешната прес-конференција прогласи убедлива победа на сите нивоа на изборите, изјавувајќи дека „ваков добар резултат СНС нема остварено подолг период“, бидејќи ќе бидат во можнст и самите, без коалиции, да формираат влада, како и да изберат градоначалник на Белград коалицирајќи со некоја од другите партии, како од листата на Несторовиќ или на СПС на Дачиќ. Тој, покрај резултатите, според пребројаните гласови од СНС, а кои се совпаѓаат со денеска соопштените резултати на РИК и Ипсос, ги кажа и изборните резултати за градот Белград. Според него, на „најбитните избори за градот Белград“, каде опозицијата се надева на победа, за градското собрание кое брои 110 одборници, СНС освоила 49 мандати, Србија против насилството 42 мандати, ДСС-Нада има седум мандати, Несторовиќ листата има шест мандати и Дачиќ со СПС шест мандати. Синоќа по долго чекање на прес - конференцијата на проевропската опозиција Србија против насилството, по обраќањето на Вучиќ, беше соопштено дека оваа коалиција не може да ги прифати изборните резултати и на државно ниво и во градот Белград „онака како што ги соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ“ и ќе бараат од РИК да им се достават „физичките записници од лице место“, обвинувајќи притоа за „невидено изборно насилство“. - Денеска видовме нешто што не беше пракса, луѓето кои не живеат во Белград беа донесени да гласаат како да се Белграѓани. Собирниот центар беше Арена Соко Штарк и за тоа имаме информации што ќе ги презентираме. Не можеме да го прифатиме ова како резултат на фер и демократски избори, рече Мирослав Алексиќ, носител на листата „Србија против насилство“. Според нив, биле евидентирани 450 кршења на бирачки права, масовно гласање, 40.000 новосоздадени лични карти пред изборите на лица кои не живеат во Белград, посочувајќи ја Арена како „собирен центар на фантомски гласачи“ пред се од Република Српска. - Сосема е јасно дека во Белград опозициските партии добија повеќе гласови од партиите кои досега ја претставуваа власта во главниот град, изјави претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас. Откако ќе ги добијат сите податоци, кажа тој, ќе поднесат приговори, ќе одат во РИК и ГИК физички да ги бројат гласовите, а ќе се договорат и да побараат поддршка од граѓаните на Белград на начин што одговара на ситуацијата. - Она што е јасно е дека нема да употребиме никакво насилство. Ние сме листа која се бори против насилството и за пристојност, нормалност, демократија и правото на граѓаните да гласаат слободно. На прашањето дали повторно ќе има протести, тој одговори - се е можно! Денеска коалицијата „Србија против насилството“ соопшти дека врз основа на 81 отсто од нив преброени гласови во Белград, листата на СНС имала 21.000 гласови повеќе. - Со оглед на тоа што во Белград организирано беа донесени над 40.000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС, што драстично ја промени изборната волја на граѓаните на Белград, бараме поништување на изборите во градот Белград и повторување на гласањето за Градското собрание, се вели во соопштението од опозицијата. Тие посочија и дека прво бараат прочистување на избирачкиот список и ги поканија Белграѓани да протестираат пред градското собрание, од каде, како што рекоа, ќе се упатат кон седиштето на РИК. Како што наведуваат локалните медиуми, најголемо изненадување на овие избори е листата на Д-р Бранимир Несторовиќ, а најголемо разочарување е СПС на Ивица Дачиќ, кој изјави дека „е време некој друг да ја предводи оваа партија“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВажни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два денаВо вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција. Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање. Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот. Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците. На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори. Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“. Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче. Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори. Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилниСпоред УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook